J
joe.b
Гостин
Со оглед на тоа дека во нашава историја од 20тина години што ја имаме како независна држава ова е најголема излезеност на гласање, ќе биде интересна утакмица за гледање до крај дефинитивно.. Интересен материјал имаа да ни прикажат пред избориве и едната и другата партија (зборам за двете најголеми) едниве ни прикажаа материјали што до скоро мислевме дека се теории на завера, прислушкувања, тендери, перење пари, и триста чуда, другиве пак ни ги замачкаа очите со покачување пензии, отварање на нови работни места - градење фабрики , странски инвестиции, бесплатни превози, нови автобуси, и чудни европејски закони. споменици и згради ко да сме у некоја европска метропола, заборавајќи дека сме во Скопје а не во Виена. Плус како веЃета у целава манџа излегоа муабети од една од партиите за двојазичност и поголеми права на албанците, плус шарени револуции, плус протести, пукања, диви населби и езера.. ... ептен, ептен интересно ќе биде.... јас како човек кој своето гласачко право го искористи за пишување графити на гласачкото ливче и пцуење сестри и вујни на сите наведени на истото ... едвај чекам да ги видам резултатите и реакциите после тоа, чисто сеир да си фаќам ... за друго ме заболе, од секогаш сум си бил амал , со моите 10 прсти сум заработил се што имам во животов.. така да, кој и да дојде да ја води државава мене подобро нема да ми биде...
Али ќе седам и ќе ги дочекам резултатите, и ќе си фаќам сеири од постовите низ интернетов на партиските штабски кутриња..
Ех, колку би дале да сте моментално на мое место моментално... колку се осеќам горд што сум македонец не сте свесни
Али ќе седам и ќе ги дочекам резултатите, и ќе си фаќам сеири од постовите низ интернетов на партиските штабски кутриња..
Ех, колку би дале да сте моментално на мое место моментално... колку се осеќам горд што сум македонец не сте свесни