Да да, ние сме малолетните кои треба да остават се’ во рацете на родителите и да чекаат на готово. Па нели ние треба да бидеме тие кои полека-полека ќе ги завземаме работите во наши раце? Исто така, колку што јас знам, за време на малолетството до 18 години, родителите одговараат за твоите постапки, што не значи дека како малолетни немаме право на избор. Нема ама баш никаква логика. Она што сум јас сега на 17 години, нема да се смени на 18 преку ноќ. Така да, а сега на полни 17, или за 10 месеци на полни 18, кога и да се почувствувам притиснат од некој, како дел од група која е исто така притисната, ќе го барам правото преку различни начини на бунт.
И уште нешто, тоа што сме малолетни треба да значи дека нашите родители треба да си искочат туку така од работа и да шрајкуваат место нас? Треба да си ги остават работите да им висат на конец, а со тоа и иднината на нивните малолетни деца?
И не е работава дека некој е неписмен. Да бевме неписмени немаше да си ги знаеме правата. А многу е интересно што во целиов случај се појавува и една дискриминација по години, која е строго забранета, затоа што нели забранета е и било каква дискриминација воопшто.