Протести на основци и средношколци

Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
а ти ако знаеш која потреба ја имаш од протест?
твојот професор ако ти доделил онаква оценка каква што заслужуваш спрема твоето знаење која причина ја има да те праќа на протест?
Море човек мое право е да протестирам-со кое право тој ми го попречува тоа?
Нема што тој да ме праќа или да не ме праќа на протест-имам свој мозок and im not afraid to use it...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да да, ние сме малолетните кои треба да остават се’ во рацете на родителите и да чекаат на готово. Па нели ние треба да бидеме тие кои полека-полека ќе ги завземаме работите во наши раце? Исто така, колку што јас знам, за време на малолетството до 18 години, родителите одговараат за твоите постапки, што не значи дека како малолетни немаме право на избор. Нема ама баш никаква логика. Она што сум јас сега на 17 години, нема да се смени на 18 преку ноќ. Така да, а сега на полни 17, или за 10 месеци на полни 18, кога и да се почувствувам притиснат од некој, како дел од група која е исто така притисната, ќе го барам правото преку различни начини на бунт.
И уште нешто, тоа што сме малолетни треба да значи дека нашите родители треба да си искочат туку така од работа и да шрајкуваат место нас? Треба да си ги остават работите да им висат на конец, а со тоа и иднината на нивните малолетни деца?
И не е работава дека некој е неписмен. Да бевме неписмени немаше да си ги знаеме правата. А многу е интересно што во целиов случај се појавува и една дискриминација по години, која е строго забранета, затоа што нели забранета е и било каква дискриминација воопшто.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Море човек мое право е да протестирам-со кое право тој ми го попречува тоа?
Нема што тој да ме праќа или да не ме праќа на протест-имам свој мозок and im not afraid to use it...
штом имаш твој мозок употребиго паметно НАУЧИ тоа што ти се бара
така ќе имаш и заслужена оценка и ќе можеш без проблеми да се запишеш на факултет и без проблеми ќе бидеш конкурентен и надвор
ама неее
тебе полесно ти е да дремиш цела година и да добиеш незаслужени оценки
и после ќе протестираме оти страф ни е, ништо незнаеме а ќе ни го проверуваат знаењето и може да ми намалат оценка от јас незаслужено ја добив
е тоа ви е проблемот вас
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ееее ај сега, ќе блокира компјутерот, ќе снема струја, хакери ќе нѐ хаварисаат. Абе ајде. Па и на компјутери решавање, па простор за мамење, боооо. Уште интернет да не сакате за време на тестирањето? Те молам, сигурно тие 20 прашања нема да бидат ископани од најтемните ќошиња на страшната книга, туку ќе бидат прашања кои треба да ги знаеш и вака и така. Ќе испадне како со матурата лани, што копја се испокршија, што револуции се кренаа против тиранската ни власт за на крај да излезе тест кој се решава без фаќање книга, од здрав разум и грам внимание на часовите од претходните четири години. Туку, како што веќе многу пати беше кажано, мрза и простотилак од лесно манипулативна маса. Еве сега ја прашувам сестра ми зошто не сакаат да ги тестираат, ми вика „па идиотски се тестовите“. Чаре?

Na probnoto tesitranje , po chetvrtoto prasanje celiot sistem blokirase!:)
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Да да, ние сме малолетните кои треба да остават се’ во рацете на родителите и да чекаат на готово. Па нели ние треба да бидеме тие кои полека-полека ќе ги завземаме работите во наши раце? Исто така, колку што јас знам, за време на малолетството до 18 години, родителите одговараат за твоите постапки, што не значи дека како малолетни немаме право на избор. Нема ама баш никаква логика. Она што сум јас сега на 17 години, нема да се смени на 18 преку ноќ. Така да, а сега на полни 17, или за 10 месеци на полни 18, кога и да се почувствувам притиснат од некој, како дел од група која е исто така притисната, ќе го барам правото преку различни начини на бунт.
И уште нешто, тоа што сме малолетни треба да значи дека нашите родители треба да си искочат туку така од работа и да шрајкуваат место нас? Треба да си ги остават работите да им висат на конец, а со тоа и иднината на нивните малолетни деца?
И не е работава дека некој е неписмен. Да бевме неписмени немаше да си ги знаеме правата. А многу е интересно што во целиов случај се појавува и една дискриминација по години, која е строго забранета, затоа што нели забранета е и било каква дискриминација воопшто.
кои права ги знаеш?

кое е тоа твое право да не бидеш тестиран за она што е пропишано како задолжително образование во Македонија?

во Македонија е задолжително основно и средно..така да твое место е во училница.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
кои права ги знаеш?

кое е тоа твое право да не бидеш тестиран за она што е пропишано како задолжително образование во Македонија?

во Македонија е задолжително основно и средно..така да твое место е во училница.
Оф леле, не ни очекувам да ме сфати некој кој завршил веќе. Интересното е што сте го поминале ова, а сега сите не’ напаѓате. Законот за екстерни тестови (надворешно оценување) кое сега е се’ уште на Уставен на разгледување НЕ Е во Уставот на дршавата, што значи имам право да се бунам за нешто кое не е озаконето по Устав. Прашав и претходно, како може нешто неозаконето да се полага кај основците од 20 до 30 мај, кога одлуката ќе биде на 31мај? Зар за ова не треба бунење?
Моето место е во училница се додека имам правилни усллви према кои ќе функционирам како ученик. Тоа што е средно задолжително, не значи дека не се дозволени протести, туку значи дека сите треба да се запишат во средно.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Оф леле, не ни очекувам да ме сфати некој кој завршил веќе. Интересното е што сте го поминале ова, а сега сите не’ напаѓате.
точно ...
баш затоа ..
затоа што знаеме ...:toe:

не треба ние вас да ве сваќаме ... затоа шо бевме кај што сте ...
туку вие нас ќе не сватите кога ќе го поминете тоа дека сме биле во право ...
со најдобра намера ..
Поздрав:helou:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Оф леле, не ни очекувам да ме сфати некој кој завршил веќе. Интересното е што сте го поминале ова, а сега сите не’ напаѓате. Законот за екстерни тестови (надворешно оценување) кое сега е се’ уште на Уставен на разгледување НЕ Е во Уставот на дршавата, што значи имам право да се бунам за нешто кое не е озаконето по Устав. Прашав и претходно, како може нешто неозаконето да се полага кај основците од 20 до 30 мај, кога одлуката ќе биде на 31мај? Зар за ова не треба бунење?
Моето место е во училница се додека имам правилни усллви према кои ќе функционирам како ученик. Тоа што е средно задолжително, не значи дека не се дозволени протести, туку значи дека сите треба да се запишат во средно.
а бе уставен тебе не ќе ти стави знаење во глава...учи и не му ја мисли...д тест се плаши оној кој не знае, и ако падне на уставен ќе ти најдат форма која че помине и пак ќе полагаш...и пази ако полагаш на 25..до тогаш законот и да е укинат после 30 за тебе ќе има тест претходно
 
Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Имаат право да се бунат, и ич да не им чуе што им зборат дека било за нивно добро да полагаат.
Само напред средношколци!
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
кои права ги знаеш?

кое е тоа твое право да не бидеш тестиран за она што е пропишано како задолжително образование во Македонија?

во Македонија е задолжително основно и средно..така да твое место е во училница.
Го бара правото да може да штрајкува без некој да му каже дека политичка основа зад него или пак да ги обвинува дека се иструменти на педагозите, наставниците и директорите по школите.

А да на децата им е местото во училниците но тоа не значи дека не смеат да се побунат пред нработите кои сметаат дека се неправди спрема нив.

А дали имаат право за тоа што се бунат е сосема трета работа, сепак во македонија сеуште имаме глобално образование и никакво насочување, децата се приморани да учат се и сешто и практично и да немаат насочувања, па згора на тоа имаат и додатни тестирања на крај на годината кои не се ништо друго освен додатен стрес. А тешко дека еден основец е спремен да се справи со такво нешто и колку ќе биде реална неговата оцена ако од уплав се збрка. Сепак се работи за материјал од цела година дизајниран да биде погоден за нивната возраст.

Оф леле, не ни очекувам да ме сфати некој кој завршил веќе. Интересното е што сте го поминале ова, а сега сите не’ напаѓате. Законот за екстерни тестови (надворешно оценување) кое сега е се’ уште на Уставен на разгледување НЕ Е во Уставот на дршавата, што значи имам право да се бунам за нешто кое не е озаконето по Устав. Прашав и претходно, како може нешто неозаконето да се полага кај основците од 20 до 30 мај, кога одлуката ќе биде на 31мај? Зар за ова не треба бунење?
Моето место е во училница се додека имам правилни усллви према кои ќе функционирам како ученик. Тоа што е средно задолжително, не значи дека не се дозволени протести, туку значи дека сите треба да се запишат во средно.
Имаш право за што сакаш да се буниш без разлика дали е во устав или не тоа е ирелевантно. Законот е донесен и важи и ти на 25 мај сакаш нејќеш мораш да го полагаш, а дали ќе има некакви последици од твоето полагање ќе се знае на 31.

точно ...
баш затоа ..
затоа што знаеме ...:toe:

не треба ние вас да ве сваќаме ... затоа шо бевме кај што сте ...
туку вие нас ќе не сватите кога ќе го поминете тоа дека сме биле во право ...
со најдобра намера ..
Поздрав:helou:
А и ти си полагал екстерни тестови за да знаеш како е? Бидејќи јас не сум полагал и не зна.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
точно ...
баш затоа ..
затоа што знаеме ...:toe:

не треба ние вас да ве сваќаме ... затоа шо бевме кај што сте ...
туку вие нас ќе не сватите кога ќе го поминете тоа дека сме биле во право ...
со најдобра намера ..
Поздрав:helou:
Да сме го поминале тоа сме штрајкувале и затоа денеска образованието е совршено.
Така?
Или тапка во место, со минимални промени.

Јас сум за екстерни тестови, но тие да се за значење на учениците и да бидат како годишни тетсови од предметите кои ги одбрале. Не со нив да се проверуваат професорите, па од таа причина тие со пониска оценка да ги оцекуваат учениците во текот на годината. И друго ... кај нас учениците бубаат ненормално, немаат никаква практика, секој ден имаат дерење на табла, тестови, се плашат од училиштето и од дел од професорите. А каде се проектите, каде се корисните информации и изборните предмети ама стварно изборни а не од 2 предмети да избереш 1.
Зар нормално е да се има 14 предмети и оценки за истите. Во Америка учат и по 5 предмети, ама предмети кои ги сакаат и кои ги учат со љубов. Имаат и пракса и после имаат големи шанси да успејат во својата област. Што ми е битно мене колку кромид се сади во Македонија? (со информации од 1980) Што ли не се учи по физика и хемија а сам знаеш дека во животот ако не се занимаваш со тоа нема ни 5% да примениш. А тоа веќе од основно го знаеш.

И нормално е децата кај нас да учат за оценка. Сакаат упис на факултет, мораат да се одлични за да се први на список, јебига. Не се тие виновни.

И после децата криви. Најмалку се криви, ама кај нас секој вината ја префрла на друг, посебно на оној којшто најмногу може да се искористи.
 
Х

Ханзо

Гостин
Оценките од средно ви требаат само за запишување на факултет и за ништо друго. Знаењето...па, кој како си сфатил. Е сега, ако екстерниве тестови ги покосат сите подарени, купени, излижани, измолени и на секој друг начин измамени петки, ако покрај тебе петките ги загуби и твојата конкуренција за пикнување во државна квота (или приватна, секој со своите амбиции), не ми е јасно зошто се буните? Не може повеќе од половина ученици да имаат пет-нула-нула сведителства и его во облаци. Кога тие ќе се пикнат на факултет кој прима да речеме 200 студенти, а се пријавиле 250 со 100 бода...што правиме? Место да се буните, бидете среќни што ќе имате шанса да покажете дека сте над другите со знаење. А сите проекти, активности, незнамтамушто отсекогаш ми изгледале како лижење [цензуриран збор] на професорите.
И не, ученици, немате право да го гушите градот за вашиот глас (на кој немате право) да биде чуен.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Луѓе, џабе е сето ова со екстерниве кога ќе испаднат интерни. Професорите од училиштата ќе си ги прават прашањата, така ни кажаа нас на состанокот. Така да, заборавете дека РЕАЛНО ќе се провери кој колку учел и која оцена ја заслужува, кога тој што треба да ги добие прашањата предвреме, ќе си ги добие.
Кај нас па, се издадоа професорите. Една професорка вика ќе му ги дадат тестовите на тој по турски да ги преведе на турски, што значи дека ако тој ги има во негови раце, нема зошто да не ги пренесе и на колешките.

Да не се сфатиме погрешно, ако се сеќавате кога излезе веста за екстерни, јас бев можеби единствената ЗА, но сега откако увидов по кои правила и прописи ќе се врши тестирањево, сум многу против. Во другата тема во подфорумот за образование и наука пишав како ќе се одвива тестирањево, да не се повторувам.
 
Х

Ханзо

Гостин
Пак Fail значи. Екстерно не е екстерно ами интерно. Шлеп држава бре. :(
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Абре деца- Да протестирате се додека не ви ги укинат тестовите.
Не сте вие лабораториски глувчиња па како која власт дојде со вас ќе си врши експерименти- Нека си ги истестираат прво своите колеги- видните им професори- особено на полето МЕТОДИКА НА ПРЕДАЊЕ .
Кој од нив се прашувам ќе мине на тестот- Ако тие го поминат тестот тогаш нека ги тестираат учениците,ако не минат да си ги заменат со нови професори, а дури после едно две години да ги видат резулатите од професорите, па дури потоа тест за децата да видат што научиле ,оти ПОВЕЌЕТО професори си го предаваат материјалот и сметаат дека си завршиле работа и воопшто не ги интересира дали учениците разбрале. ТАМУ ДРАГИ МОИ ТРЕБА ДА СЕ УЧИ и НАУЧИ, а не грубо нафрлање на темата и наслов од истата (ко што прават повеќето од нив)-
 

Kajgana Shop

На врв Bottom