Moжеби стварно не ни требаја протестиве,ама и повеќето кажаја, владава сака преку ден да ја направи Европска Македонија. За све си има свое време, неможи тие нас уште да не ни имаат ништо кажано,а за 20 дена ќе почниме да полагаме.
Прво ни рекоја дека ќе сме имале пробно на полугодие, ништо од тоа.
Потоа ни рекоја дека ќе сме имале пробно, а воедно и ќе ни кажеле по кој предмет ќе не тестираат во април. Помина април ни глас ни ништо.
После им текнало дека една недела пред да полагаме ќе ни се кажело по кој предмет да полагаме, и таа недела ќе сме имале интензивни подготовки. И од тоа ништо.
Сега им текна дека два дена пред да полагаме ќе ни се кажело точно кој предмет.
Па сега рекоја дека биле пуштени тестовите и дека професорите ќе тестирале.
Епа како да не протестираме кога ни самиве не знаат што прават.
Ако се решиле на екстерни на почеток на година ќе ни кажат вака вака и вака, треба да не запознат со начинот на нивно спроведување.
Толку сакаат да ја оценат работата на професор? Нека дојдат на час нека седат, нека видат кој шо оценки има. Вака според мене само му се мешаат во работата.
И овдека џабе тој шо си се со врски поради татко им` директор или доктор или незнам ти шо, ќе полагаат пак еден предмет. И по тој да добијат послаба оценка, другите пак петки и пак ништо.
Нека ги има екстерниве не се бунам,тоа повеќе би било за лична проверка на знањето по одреден предмет, ама кога веќе се решиле да видат кој е со врски или како оценува професор има подруги начини.
Преку еден обичен тест, дури можеби и полесен од оној што ни го даваат професорите неможе да се напише оценка пошо во оценка не влегува само писменото знаење, туку и активноста на час, усните одговори и дисциплина како и редовноста.
Нека размислат малку, не само да се екстерните.
А, да за протестиве. Сите професори викаат "Ве подржуваме,одете на протести".. па шо не дојдат со нас на протести? Цело време тие се жалат, појќе тие ме плашат кога ќе почнат на час да ни зборуваат за тоа, отколку јас сама на себе.
И не подржуваат, а пред директорон ни се дерат да се вратиме во училница.
Добро тие мислат толку сме малоумни да не сфатиме шо им е поентата?
Како што повеќето шо излегоја на протести не им се учеше, така и на професориве очигледно не им се работеше.