Просечно семејство може да преживее со барем 500 евра

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
На четиричлено семејство му требаат барем 500 евра за да го преживее месецот. Новата потрошувачка кошничка ја пресметаа синдикалците. Освен храната, за разлика од државната статистика, тие во кошничката ги ставија и останатите потреби.

Пресметките одат вака: минимално за храна четворица трошат 12.000 денари, или толку колку што мери и Заводот за статистика. Но, во синдикалната кошничка влегува и домувањето кое чини 9.000 денари месечно.

Синдикалците пресметале дека половина од овие пари одат за сметки, а половина за одржување на домот. 2.000 денари просечното семејство секој месец торши за превоз и хигиена, за гардероба 200 денари помалку, за рекреација 1.000 денари, а 500 денари за здравствени услуги.

Овие 500 евра се минимална потребна сума на четиричлено семејство кое живее во стан не поголем од 50 квдарти и нема автомобил.

- Мерејќи ја просечната нето плата и оваа потрошувачка кошница ќе видиме дека платата покрива само 70% од кошничката. Тоа значи дека се потребни уште 30% за да се задоволат потребите пресметани од наша страна - изјави Живко Митрески, претседател на ССМ.

Според пресметките на ССМ само 2% од вработените во државава можат од плата да си ги задоволат минималните потреби. Толку од вработените имаат плата над 30.000 денари. 9% пак се заработуваат меѓу 20.000 и 30.000 денари. Заради ова синдикатите веќе најавија дека ќе бараат законска можност платите да растат согласно порастот на животните трошоци.

линк
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Пресметките одат вака: минимално за храна четворица трошат 12.000 денари, или толку колку што мери и Заводот за статистика. Но, во синдикалната кошничка влегува и домувањето кое чини 9.000 денари месечно.

Синдикалците пресметале дека половина од овие пари одат за сметки, а половина за одржување на домот. 2.000 денари просечното семејство секој месец торши за превоз и хигиена, за гардероба 200 денари помалку, за рекреација 1.000 денари, а 500 денари за здравствени услуги.

Овие 500 евра се минимална потребна сума на четиричлено семејство кое живее во стан не поголем од 50 квдарти и нема автомобил.
:pos::pos::hump:
смешки во боја = 12.000 денари за храна на 4-члено семејство ?!!!!!!!!!!?
може - ако јадат само 2 л јогурт и 2 леба за доручек и исто толку за вечера - тамам ќе им стаса
пазете логика- да живее во станче помало од 50 м2, значи гарсоњера најпогодна- ем помалку за греење. ем помалку за одржување.
Згора на тоа да немаат автомобил- ко да е луксуз во денешно време автомобилот-
СРАМОТА
 
С

сашенко

Гостин
ко да е луксуз во денешно време автомобилот-

Епа ете за некого е.И тоа со плата од 500 евра неможат да ја дозволат поради куќните трошоци Асе смета дека е околу 300евра просечна плата во македонија..се прашувам чии се тие коли по град постојано што ги гледам?На позјмица сите ги возат?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
убо шо просечна плата е 600 евра инаку шо ќе праевме :)
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
А просечно македонско семејство колку троши на шопинг во Солун и на одмор на Закинтос? :)
 
М

Мартин`

Гостин
А просечно македонско семејство колку троши на шопинг во Солун и на одмор на Закинтос? :)
1000-2000 евра за 4-5 дена :)

Инаку дајте подетални информации од што се состои таа кошничка па ете отворете тема на форумот да видиме одприлика најрелевантни статистики директно од членовите на Кајгана. Мада ние 4-ри члено семејство трошиме сигурно повеќе од 500Е.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
1000-2000 евра за 4-5 дена :)

Инаку дајте подетални информации од што се состои таа кошничка па ете отворете тема на форумот да видиме одприлика најрелевантни статистики директно од членовите на Кајгана. Мада ние 4-ри члено семејство трошиме сигурно повеќе од 500Е.
ова е за храна- нели???? верувам дека е така- но каде е останатото????? она погоре наведеното- плус на ова што ќе кажеш ??? цитирам: (2.000 денари просечното семејство секој месец торши за превоз и хигиена) и (за гардероба 200 денари помалку, за рекреација 1.000 денари)

како ли само можеле да пресметаат вака??? :nesvest:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
ами кај се тука мобилните телефони наведени..поеќе сметка на нив правиме...и после сметката за струја било голема..нема грешка
 
М

Мартин`

Гостин
ова е за храна- нели???? верувам дека е така- но каде е останатото????? она погоре наведеното- плус на ова што ќе кажеш ??? цитирам: (2.000 денари просечното семејство секој месец торши за превоз и хигиена) и (за гардероба 200 денари помалку, за рекреација 1.000 денари)

како ли само можеле да пресметаат вака??? :nesvest:
Па не баш 500 евра за храна, ама сигурно е во најмала рака некои си 15.000-18.00 одат за храна за цел месец за цела фамилија. И тоа е нормално но за жал не во Македонија, инаку за превоз е малку за четири члено семејство овие 2000 денари.. па да бидеме реални само татко ми ги троши тие пари за автомобилот. Да не зборуваме дека овие 1800 за облека се најголема глупост..

Но да се разбереме можеби може да се преживее како што пишува во насловот, но не е финтата да преживееш само.. финтата е да имаш нормален живот и тоа скромен. Значи никаков луксуз, туку само нормален живот.
 
pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Во Македонија преживувањето е уметност...
Сепак.. Каснат со протестите... требаше уште кога се приватизираше... сеа џабе... газдата може да ти каже ‘‘Ако не ти годи платата, оди си, ке си најдам друг‘‘.
Тоа е тоа...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
pfff sto se 2000 za prevoz pa slobodna za eden covek kosta 1000 i nesto denari....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ССМ замисли отвори уста и кажа : Платите да растат со трошоците!
WOW Како ли им текна во 2011 ова да го кажат,кој знае за оваа вест колку години се подготвувале.Срамота! Каков синдикат имаме,седат,спијат и пијат,пред избори кажуваат една вест.
Абе овие се исти како владите наши,сите се за во затвор.

Па и плус како додаток ако го ставиш населението кое мисли дека колата,одморот и купувањето гардероба на попуст е луксуз ќе собереш слика за Македонија - катастрофа.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

уф колку голема вистина ова за ССМ ..
раководството е само една обична лешинарска збирштина на паразити ... одсекогаш било, е, а и не гледам дека ќе се смени нешто ..

ништо поразлично од скоро цела државна администрација, МАНУ и остали бирократски закоравени комуњарски структури .. на кои никако не им иде у прилог да мењаат начин на „работа“ и да си го нарушат лешинарењето и паразитското битисување ...

а за кошничкава не ни треба муабет да правиме ...
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Срамота! Каков синдикат имаме,седат,спијат и пијат
Па и плус како додаток ако го ставиш населението кое мисли дека колата,одморот и купувањето гардероба на попуст е луксуз ќе собереш слика за Македонија - катастрофа.
eeeeeeee, tuka si vo pravo- za ova im stasuvaat 30.000 denari mesechno-
ne jadat, ne se oblekuvaat, ne vozat auto, ne odrzhuvaat higiena- oti 2000 denari e zhiva glupost za eden a ne pak za chetvorica- ne izleguvaat- se rekreiraat po doma- za prevoz ne plakjaat- niv gi razvozuvaat- garant ne znaat kolku chini litar gorivo, zhiveat vo stanchinja - edvaj chekajki ja proletta -da se zatopli vremeto da zashtedat na greenje, a za odmor ne ni pomisluvaat
 
Kajgana Shop

На врв Bottom