THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
На четиричлено семејство му требаат барем 500 евра за да го преживее месецот. Новата потрошувачка кошничка ја пресметаа синдикалците. Освен храната, за разлика од државната статистика, тие во кошничката ги ставија и останатите потреби.
Пресметките одат вака: минимално за храна четворица трошат 12.000 денари, или толку колку што мери и Заводот за статистика. Но, во синдикалната кошничка влегува и домувањето кое чини 9.000 денари месечно.
Синдикалците пресметале дека половина од овие пари одат за сметки, а половина за одржување на домот. 2.000 денари просечното семејство секој месец торши за превоз и хигиена, за гардероба 200 денари помалку, за рекреација 1.000 денари, а 500 денари за здравствени услуги.
Овие 500 евра се минимална потребна сума на четиричлено семејство кое живее во стан не поголем од 50 квдарти и нема автомобил.
- Мерејќи ја просечната нето плата и оваа потрошувачка кошница ќе видиме дека платата покрива само 70% од кошничката. Тоа значи дека се потребни уште 30% за да се задоволат потребите пресметани од наша страна - изјави Живко Митрески, претседател на ССМ.
Според пресметките на ССМ само 2% од вработените во државава можат од плата да си ги задоволат минималните потреби. Толку од вработените имаат плата над 30.000 денари. 9% пак се заработуваат меѓу 20.000 и 30.000 денари. Заради ова синдикатите веќе најавија дека ќе бараат законска можност платите да растат согласно порастот на животните трошоци.
линк