Производство на буковка

Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
Да, Бонум така почна во скривниците кај ПМФ(во тоа време јас студирав на ПМФ) а потоа ги зема и скривниците под Кале кај спортската сала. Но, ова е за сите кои немаат скривници а има и многу аспекти кои предничат во однос на веќе направените простори. Скривниците тешко се вентилираат ама добро оддржуваат температура оти се се подлабоко и подлабоко. Лесно оддржливи и по двете се овие новите а такви се правени(според тие од кои добивав каталози) и во Ирска и во Јужна африка и Австралија(разлика на температури-големи). Тоа за коефициентот само го препишав од официјалниот сајт www.modernmushrooms.com (види каталогот). Јас не измислувам ништо ште од почеток(купувам информации па ги спроведувам),
А НАЈДОБРО Е АКО ДРУГ НИ ИЗГРАДИ ШТО И ДА Е А ДА НИ ГО ДАДЕ ВО ВЛАДЕНИЕ,НЕЛИ?
Јас планирам да градам таква печуркара поради можноста за брза (де)монтажа и преместување на други места а цената крајна зависи од цената на материјалите.
Ако церада 370г е во Турција 1м2 ~1,5долари, камената волна ~70денари м2, не знам за конструкцијата ама колку на времето рачунав некои 3500еур без бекатон плочките би требало а 100м2. Но ке има нови пресметки оти тие ми се од пред 1 година.Може има промени.
Или како моите контејнери: 31м2 за 1100-1500еур.
Поздрав
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Да, Бонум така почна во скривниците кај ПМФ(во тоа време јас студирав на ПМФ) а потоа ги зема и скривниците под Кале кај спортската сала.
А НАЈДОБРО Е АКО ДРУГ НИ ИЗГРАДИ ШТО И ДА Е А ДА НИ ГО ДАДЕ ВО ВЛАДЕНИЕ,НЕЛИ?
Јас планирам да градам таква печуркара поради можноста за брза (де)монтажа и преместување на други места а цената крајна зависи од цената на материјалите.
Ако церада 370г е во Турција 1м2 ~1,5долари, камената волна ~70денари м2, не знам за конструкцијата ама колку на времето рачунав некои 3500еур без бекатон плочките би требало а 100м2. Но ке има нови пресметки оти тие ми се од пред 1 година.Може има промени.
Или како моите контејнери: 31м2 за 1100-1500еур.
Поздрав
Види вака.... дали е најдобро или не, јас незнам, ама и јас како и ти следам кој што направил, а Бонум (со скривници на почетокот) направиле!.... и каде стигнава е беспредметно да дискутираме. Е сега не ми е познато некој на овој начин што ти го протежираш стигнал и блиску нив... Дај Боже ти да ме демантираш со личен пример.... А она што велиш: ‘‘најдобро е некој друг да изгради и да ни го даде во владение‘‘ .... тука се лажеш! Гага никој не ти дава во владение!... Гага ни баба на дедо не му дава веќе!!! Тоа може да те кошта многу: ко на св Петар кајганата! Ако немаш некој по општините или ако не си партиски послушник може да те кошта! У ствари незнам колку само нагаѓам! Треба да се истражи...Свое е добро, но од друга страна пак Евреите, не поседуваат скоро ниеден (или многу малку) дуќани во Париз или Виена.... а знаеме дека владеат со трговијата во овие градови! Тука е дилема што е подобро, кирија или свое, исто така и кај бавењето со печурките.... скривниците ги напомнав како една опција во која нетреба додатно да се инвестира.
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
Д-ре,
Не знам на која основа да го поставам моето мислење на твоето последно пишување бидејќи не Ти(Ви) го знам нивото на спремност да разговараш та темата производство на буковка. Ако чисто онака само те интересира, тогаш секоја просторија(затворен простор) па и надвор е добро за одгледување. Доколку си некој поискусен во оваа работа тогаш ќе го поставиме нивото на разговор на сосема друга основа и ќе го продолжиме на приватно бидејќи не сметам за сходно овде да ги откривам сите добри работи околу оваа тема, односно не би откривал повеќе детали кои сум ги платил.(а сковраните само чекаат да лапнат некоја информација џабе,нели).
Ако ги имаш прочитано претходните мои деманти на некој кој оставил мислење дека работењето во двор е ОК, ќе ја сватиш мојата стручна припременост.

ГАГА мислев да имаш некој близок богат па да да ти направи некој простор по твој терк(или по оној по кој треба).
Под кирија или на свое? Од многу зависи ама сум за свое ако се има шанси. Или комбинација од првото па да се некако стигне до второто.
Ги спомена Бонум додај и Шапмињони Кочани?Си имал прилика на времето во 90-тите да видиш низ продавниците и пазарите колку тегли со саламурена/маринирана шампињонка имаше во однос на внесениот субстрат за одгледување?
Јас сум потекло од КОчани и додека моите беа живи работеа во Шампињони. Ги знаев сите прилики таму.Кога видоа дека другите фирми внесуваат саламурени и они почнаа, оти еден кг свежа го произведуваа за некои 80-90ден. А саламурењето губи ~20-30%? и КАЈ ќе ги стигнеш оние што увезуваат т.е. демек произведуваат доволно?!
Знаеш дека до доредено време сите увезуваа од Кина а се правеа со некои килограми свежи дека се производители?

2003/2004 година јас бев да учам како се прави компост за шампињони кај Ранчева и нејзините најблиски соработници од Софија(провери на кое ниво на ценење е таа во Европа). Кај нив одеа претходно и од Кочани и од др.фирми од Мк. И ден пред да потпишам договор со една градежна фирма од Струмица да ми гради кмплет печуркара(компостара и одгледувачници) ми се ави една кинескиња и едвајј на англиски ми вика: ако сакаш шампињони цели за 0.9долари а сецкани за 0.8 долари јас ја стопирав изградбата. На основа на тие мои информации еден од Струмица довлече 5 контејнери мислам по 19.000 тегли и цена од 38ден/тегла франко Солун.
Епа ај кажи сега што направиле фирмите со шампињони? Произведувале или ДЕМЕК произведувале? Може поарно е да се рече дообработувале(земале суровина).
Мн.поздрав
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ха-ха-хахаха..... добро де Ване, не се жести толку, ниту имав намера да ги протежирам Бонум, ниту да ја негирам твојата стручност....Ги читав со задоволство твоите постови на оваа тема.... Тука, на ова поле си Доктор, симнувам капа! Јас само ги спомнав како алтернатива скривниците....
А и за она, на што сакам да те предупредам да припазиш со коефициентот на кондуктивитетот (пропустливоста) на топлинска енергија на материјалите.... за објектите (печуркари) од предходните постови.... да го провериш дали е точно, бидејки јас работам во фирма која се бави со изградба на нискоенергетски куќи, па со повеќе слоја изолација (изовер или тервол), кнауф-плочи, ОСБ плочи.... тешко можеме да го постигнеме тој ефект на енергетска ефикасност.... !!! (само молчи! не кажувај на другите!!! ха-хахахах!)
Инаку најчесни намери имам верувај и како на предходните, на Конкрит, Чоузен (одбраниот) и уште некој тука на форумот и мене мило ми е кога ќе слушнам за вакви примери!
Моето ниво за познавање на оваа материја е никакво, а желбата да вложам во вакво нешто голема.... затоа ќе кажам: криво ми е што не си од Скопјево или барем поблиску да беше! Има многу што да се научи од тебе....
Мн. поздрав...
и многу успех.
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
E, сега се разбираме. Ама воопшто не се вжештив во тој смисол, но намерата беше да знам со кого разговарам, оти верувај секој ден имам т.н. закачки околу темата ми. Така да кога веќе си стручен во темата за изолации(а осетив по тие погоре наведени ОСБ, гипс...???). Не дека верувам до крај онака на напишаното но на праксата е ај совет колку ти се дозволува (и на приватна емаил ако треба vane.s@gmx.net) да не налетат од некаде сковраните(птици со лом праат на грозјето) колку испаѓа тој коефициент наистина?За моите контејнери ''знам'' дека е ~35?

ШТО ТОЧНО ТЕ ИНТЕРЕСИРА за да го решиме како дилема заради отпочнување на производство на буковката? Воопшто процесот?пазарот?
Стојам на располагање.
Ајде овака: Јас на тебе ти на мене прашање,а вклучувањата на други е добродојдено.
Што мислиш?
И да се сватиме сите меѓусебе:секој што е постигнал нешто макотрпно па и со плаќање ќе се однесува како мене,ок?
Чекам прашање
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
D-re
според тебе и информациите што ги поседуваш, каква е кондуктивноста на 1 слој камена(стаклена) волна, нормално зависно дебелината на слојот(во врска со погорните пишувања при градба на печуркара тип тунел-пластеник.
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
D-re, па ако го погледнешнеко од фајловите во пдф формат нели се потврдува она што јас го реков(препишав) од наведената страница или пак некаде сум згрешил. Ако сум во право тоа испаѓа вашите инжењери граделе со различни материјали поради добивање на одредена структура(да речеме куќа) овде е друг изглед, потреби, конструкции...Јас гледав за Signorol SF35 и споредив со информациите на посочената страна за печурки па: според т.р.мојот извор дебелина на слој од 80мм(нема друг детал за материјалот) има коефициент од ~0,26, дебелина 100-140мм коефициент ~0,2
А според URSA горепосочениот материјал користејќи информации од http://www.ursa.rs/proizvodi_981.htm испаѓа дека е 1,4(за 50мм) или некои 0,7 за 100мм(слободна проценка) ама ако е понабиен ке дојде дека проценките се ок,(АЈ ти како економичар поарен ќе треба да си во математиката.... Поздрав
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
D-re
Добив информации од посочениот производител. ИСпадна дека точно пишале полјаците. Им пуштив дополнителни прашања па ќе видем каков ќе е одговорот. Го прочитав и нивниот прирачник, интересно мада 90% го знаев освен соединување на две вредности Uo и λD. Е тоа е она кое ти даваше различни вредности а на кое мислев ке обратиш внимание. Ако кога веќе кажа оти не си по тоа, оправданооо.(п.с. ја го открив однапред ама си мислев а да не сум згрешил, затоа проверив и побарав стручно мислење од посочените). Ти частеш;)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Pozdrav do gospodinot Vane Sokolovski.
Sakam da pocnam so proizvodstvo na pecurki za pocetok imam spremna prostorija od 30 kvadrati podrum so osvetluvanje,ovozmozeno provetruvanje i vlaznost na vozduhot kako i odrzuvanje na temperatura i se razbira cista prostorija.Me interesira koja pecurka da pocnam da ja odgleduvam koj e pogoden period za odgleduvanje koja cena bi me kostalo za gotovi vreki i ako imas literatura za odgleduvanje na pecurki.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ване , она на филмчето за кое даде линк се простории отприлика по 200 квадрата секоја или 800 вкупно( ако сум ги проценил добро на 6,6- 7х30 метра), колку е тоа бруто вредност на продадена печурка годишно..како свежа, според твои согледувања и состојба на пазарот, варијанта буковка, варијанта шампињон..и комбинации свежо..маринирано ???
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
Според моите информации мислам дека во моментот Македонија е т.р. гладна за буковка всушност за било каква свежа печурка. Некако избегав од темата за производство на шампињоните(од оправдани според мене причини). Но за буковката и шиитакето состојбите околу производството и продажбата пена ќе фатиме од муабет.
Колку што знам, има неколку посериозни но не доволно сериозни произведувачи на буковка и единствено еден профи произведувач на шиитаке. Ако се направи споредба помеѓу буковката и шиитакето било во производствени трошоци и кај добивката речиси е исто.Едино ги разделува ексклузивитетот на видот шиитаке. Зависи кој производител каде ќе се најде.
...И јас полека планирам да се впуштам во директно производство на буковка со мин.300м2(тие 300м2 оваа година, другата здравје плус уште 300).Од некои 200м2 +600еур/месечни чисти пари може да се има. Тоа при продажба во маркети а не ако се оди на божемски откуп(кој толку го рекламираат а никако да стигне).

ПРОДАЖБА - БУКОВКА и ШИИТАКЕ: преферирам свежо! што остане маринирано( за буковката) и пак ќе се добие скоро истата цена и суво за шиитакето.Но тука е и маринираната буковка и шиитаке од БГ, Кина...Во свежото едино се нема конкуренција.
ШАМПИЊОНИ:иако полека пицериите се вртат кон употребата на свежи шампињони, ние луѓето тоа потешко го прифаќаме. Такви пици јас јадев уште 2003-2004 во Бугарија а овде мн.касно стигнаа таквите спремања. Значи -маринирани шампињони сеуште. Затоа да се внесат саламурени од Кина, Србија, Бугарија...

резиме: да сум на нечие друго место би работел само буковка!!! Би ја продавал свежа, во маркетите, никако на откуп(иако го нема, сеуште е виртуелен). Не ни треба за извоз, ние Мк не можеме да ја задоволиме камоли...
Поздрав одам за Банско некој ден па ако го носам таму лаптопот и има некое прашање ќе одговорам а ако не кога ќе се вратам.
Хотел:Косара
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 03:28 ---
а ако некој дојде ке го снајдеме за спиење ;)
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
826
Само вакви фирми се иднината на Македонија...затоа ако некого подржува државата тогаш се овие мали претпријатија со потенцијал да се развијат и да се приспособат за експорт...Ние сме аграрна земја и во тој правец треба да се движиме...
Се сеќаваш кога Аргентина банкротираше пред 10-тина години? Јад,очај,беда и насилство владееше во некогаш богатата и напредна земја,а сето тоа благодарение на корумпираните политичари,ММФ и серија др.банкаро-вампиришта кои ја исцицаа земјата.Знаеш што ги спаси аргентинците за да денес се пак на патеката на успехот и се една од најперспективните светски економии во моментов? Производството на храна,нејзиниот извоз во странство и ваквите мали претпријатија како ова нашево погоре.Кога можеа аргентиците да успеат,мислам дека ќе можеме и ние 2 милиона уште повеќе,а ги имаме сите услови за тоа,само треба малку повеќе да се ангажираме и да се ослободиме од некои стеги,поздрав!
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
tocnooo 5 poena, samo sto nie megu sebe si se jademe, mislam na toa deka treba da se iscistat malce pdobro situaciite i narodot malce poarno da si gi otvori ocite(so koj raboti, kojj sto nudi, dali sto nudi i ispolnuva...). Neli?
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
Ми текна една работа: дали да почнам да поставувам по една страница од книгата(прирачникот, брошурата) што ја имам напишано? Ќе има двојна корист: ем за оние што ќе ја читаат ем за мене да соберам повеќе мислења (како рецензии) околу евентуални промени (ако се воочат грешки, нелогичности и др). ИАКО! однапред знам неколку намерни за да видам дали оние кои а имаат ја читаат или....
Чекам насоки, УБАВИ ПРАЗНИЦИ
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
58
Поени од реакции
18
Ване долго време ја следам темава, години наназад се интересирам за начинот на одгледување печурки, имам прочитано неколку скрипти и прирачници од оваа област па ако сакаш може да ја споделиш твојата брошура со сите нас
 

Kajgana Shop

На врв Bottom