korka
Голтар
- Член од
- 25 септември 2008
- Мислења
- 1.028
- Поени од реакции
- 435
дупло од пвцЗнае ли некој која цена одат дрво алуминиум прозорите?![]()
дупло од пвцЗнае ли некој која цена одат дрво алуминиум прозорите?![]()
Која е оваа фирма ако може пп или кажете ми предлог кај да се обратам во скопје а да не е изгор скапо. Морам да ги сменам прозорците во станот. ФалаСкоро ставав PVC прозорци па да споделам мислење со надеш дека ќе помогнам на некој кој допрва сака да става.
Скоро месец дена правев исражување на пазар, кој тип на профили постојат, тип на стакло и механизми т.е оков.
На крајот дојдов до два главни заклучоци:
1. Како и да се пвц прозорците, ќе бидат далеку подобри од дрвените, па не се залетувајте толку на бројки на хартија од типот на коефициенти на топлопроводливост и сл.
2. Побитна е фирмата т.е изведувачот т.е тој кој го крои и монтира прозорецот околку кој тип на профил се користи.
И нај шит профил да ставите ако фирмата добро го изработи, со челични појачувања и добро го монтира, топ ќе биде. И најдобар профил да ставите ако лошо е монтиран џабе е.
Секој прозорец има три компоненти:
Профил
Оков
Стакло
1. Профил
Битно е да има 1.5мм челично појачување. Коефициент на топлопроводливост да е под 1.5. Број на комори и не е нешто многу битен.
Ова е моја ранг листа, не мора сите да се согласите со неа
Прва класа на профили: Rehau (најскапи), Veka
Втора класа: Salamnder, Kommerling, Aluplast
Трета класа: KBE, Trocal, Wingo, Gaelan, Roplasto
Шит класа (турско-бугарски): Ролопласт, Winhause, Wintec, Bauer
Со една напомена дека кај Рехау Генео нема челично појачување, демек биле нов модел и немало потреба. Јас никад не би зел вакви.
Саламандер нуди 100 години гаранција дека нема да ви смени боја профилот.
2. Оков
Најбитен момент. Џаве фрлиш пари на рехау ако имаш лош око.
Ранг листа
1. Siegenia
2. Roto, Maco
3. Winkhouse
3. Стакло
80% од фирмите кај нас користат домашно стакло (еленови, 29 ноември, пинтија итн). Што и не е така лошо
1. 4 сезони стакло. Дефинитвно најдобро. Најдобра излоација.
Најскапо. Но не се препорачува за прозорци кои не ги фаќа многу сонце бидејќи ова стакло ја затемнува малку собата, Се става од надворешна страна, ги одбива сончевите зраци. Гледано од надвор на сонце не се гледа многи внатре, како огледало е . Прелива.
2. К стакло. Дефинитвно ако не може да се купи 4 сезонско мора ова. Разлика во топлинска проводливост со 4 с не е којзнае колкава ама и во цена исто така.
3. Термопан стакло, не е лошо, најефтино е. Може да се земе ова стакло заедно со надворепни ролетни и да се добие добра комбинација.
По мое надобри цена перформанси кај нас е Алупласт со Рото или Мако со 4с стакло.
Јас ставив алипласт со рото со 4 сезонско стакло и презадоволен сум. Презадоволен сум од фирмата пред се.
Екстра беа. Плавит 40% пред монатажа, остатокот недела дена по монтажа.
Имам гаранција десет години. Многу добро ги монтираа, ептен ми излегоа во пресред со се, дури и мајсторот што ги монтирање, он и ги склопувал, една цефка имав пукната во вц и таа ми ја среди онака. Се исчистија на крај.
Фирмата нема веб страна, само профил на фб, и имаа и една од најконкурентните цени тука.
Нема да пишам има за да не рекламирам тука, кој го интересира може по пп.
Мене ми се без капачиња. Јас би ги извадил на твое место.Едно прашање... пред неколку години ми местеа ПВЦ прозори 6 коморни бла бла... е сега од надворешна страна има дупки на рамките доле, ама затворени се со капаче. Дали тие треба да бидат отворени, за во зимно време да не ми се прави вода на прозорите од внатрешна страна? или е во температурната разлика?
Доклку планирате да поставувате пвц прозори еве линк : https://www.facebook.com/pvcprozorialuplast?ref=hlКоја е оваа фирма ако може пп или кажете ми предлог кај да се обратам во скопје а да не е изгор скапо. Морам да ги сменам прозорците во станот. Фала
12ев и 13ев/м2 со вклучена монтажа ..еве број 077/670-691Да не знае некој како идат венецијанките?
Тоа се одводи, капачината се за лик..да не се гледаат дупки на прозорите и да не се полнат со прашина, остави ги не сметаат.Едно прашање... пред неколку години ми местеа ПВЦ прозори 6 коморни бла бла... е сега од надворешна страна има дупки на рамките доле, ама затворени се со капаче. Дали тие треба да бидат отворени, за во зимно време да не ми се прави вода на прозорите од внатрешна страна? или е во температурната разлика?
Околу дрвените прозори во времето изработуваше Јелак од Тетово кои беа со солиден квалитет.Треба да мењам прозори, па ги прочитав сите три теми за прозори, кои успеав да ги најдам на подфорумов. Приметив дека скоро све е за PVC прозори. Нигде нема ништо за алуминиумски или дрвени прозори. Па заклучив дека огромен дел од тие што мењаат прозори ставаат PVC.
Ја нешто не сум баш љубител на пластики и сакам да стаам дрвени или алуминиумски. Кажаа сите дека се скоро дупло поскупи, али колку е тоа дупло? Дупло од која цена, односно сакам да прашам, да ми каже некој колку кошта еден двокрилен прозор PVC, а колку алуминиумски? Значи, знам дека тоа зависи од тоа какви рамки, оков, стакло, али ете нека ми каже некој колку е грубо, еден таков дупли прозор PVC (грубо, значи со произволни параметри). За да знам отприлика колку би бил таков алуминиумски. Дали е еден прозор 1000 евра или 150 евра...
На сајтовиве наши не најдов скоро ништо за дрвени или алуминиумски прозори (ни цени за PVC).
Акo може нека сподели некој линк на фирма што продава алуминиумски или дрвени прозори (со Google-пребарување не најдов ни една со конкретни информации).
Сакам грубо да знам колку би коштало и кои фирми наши се ОК за алуминиумски и дрвени прозори (пошто дискусиите во сите три теми се за PVC фирми)
Мислам дека смреката е поквалитетно дрво за таа работа...Најважно е во секој случај да е суво дрвото.Смрека или чамовина?
Што е боље?
(за прозори де)
Сеедно, само гледај да биде суво. Некои викаат дека подобро е смрека, но не дека нешто посебно лошо е чамовото дрво, но мала негативност му е неговата мекост во однос на другите дрваСмрека или чамовина?
Што е боље?
(за прозори де)