Прозорци и столарија

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Prvo se izvinuvam nemozam da pisuvam kirilicno nemam

Ako moze da slusneme razlicni mislenja za prozori staklarija zasteda na energija
novi sistemi na stakla 4 sezoni dve komorni polneti so argon vakumso venecijani vnatresni
i opsto vo vrska so prozori stakla venecijani komarnici i se dodatno sto ide so niv i estetsko
razlicni boi PVC aluminium drvo a isto moze i da spodelime iskustva ceni kvalitet i garancii od montazerite i prodavacite
 
Член од
7 ноември 2008
Мислења
50
Поени од реакции
42

Ен Фа Пен прозорци раат сум, мајко раат сум :)

LOL
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас пазарив Рехау Генео http://www.rehau.com.mk/A9755C26CEFBB472C12576B300428272.shtml.
Беа за добри 30% поскапи од обичниот 5 коморен профил на Рехау Дизајн Брилијант но сепак ми влегоа во буџет зошто цената беше само за нијанса поскапа до останатите понудувачи што ги викнав, од Саламандер 3Д беше дури и поефтина за 10%.
Мој совет е ако си ограничен со буџет да одиш со 5 коморен профил но да ставиш подобри нискоенергетски К-стакла од причина што профилот е само 5-10% од прозорскиот отвор, џабе би ти било и да го ставиш најдобриот профил кога немаш добри стакла.
По мое најдобра понуда имаше Рехау и Шуко за станот кај мене, Шуко има интересен 5 коморен профил со 3 дихтовања кој ги има истите перформанси како и 6 коморниот само дебелината му е помала како и што спомнав не ти менува многу.
Друга работа е да ги заобиколиш турски-кинески-бугарски производители на ПВЦ столарија од 2 класа кој имаат пониски цени и да се фокусираш на подобрите брендови на столарија и оковот кој игра исто така добра улога.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сите викаат:Ко ќе ги смениш прозорите ќе бидеш раат и лете и зиме. И точно е. Почеток на летово ги сменивме прозорите. Ставивме ПВЦ Рехау. Разликата ја забележавме одма. Клима уклучувавме само 15-20 минути кога беше предмногу топло. Инаку со спуштени ролетни немавме гајле, топлото не се сеќаше (зборам за коа е нормално топло :icon_lol:). Овие 2 месеца се грееме со конвектори. Доволни се 20 минути за загревање и после е топло некои 2-3 саата.
Исто и презадоволни сме од фирмата која ни ги местеше - Дамак се вика, не се многу познати, ама дечките се закон. Убава цена ни дадоа, беа брзи, исчистија се после нив, а и ништо друго не оштетија.
 
Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
.
Исто и презадоволни сме од фирмата која ни ги местеше - Дамак се вика, не се многу познати, ама дечките се закон. Убава цена ни дадоа, беа брзи, исчистија се после нив, а и ништо друго не оштетија.
Таман работа да оштетат, да ми оштетат нешто ја не би им платил :D
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
ПВЦ прозор е она вистинското. Дихтувањето е на високо ниво, исто ја намалува и бучавата од надвор а и кога пече сонце од внатрешна страна не се осеќа дека е топло исто и за ладно.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
ke se najde sigurno nekoe strucno lice sto se zanimava so ovie raboti da objasni postrucno
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да не отворам нова тема и да прашам овде дали некој се соочил со сличен проблем, значи кога ги сменив прозорците во станот веднаш ја сетив разликата, но ми се појави проблем со кондензација на прозорците, значи не зборувам за неколку капки вода на прозороцет, туку наутро се појавува роса на прозорецот и на зидовите долу има истечено вода и тоа во поприлична количина. Ако некој се соочил со сличен проблем како му е решено тоа, мене ми рекоа да оставам да се луфтира станот мајсторите, но на вакво време го немам тој луксуз.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213

laden e prozorot na dopir? razlika nadvoresna vnatresna temperatura?
cisto sumjam vo kvalitetot na prozorite kaj drugar se pojavi ova na nekoi prozori tuka sto gi sklapaat i veze sto nema od niskoemisioni
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
laden e prozorot na dopir? razlika nadvoresna vnatresna temperatura?
cisto sumjam vo kvalitetot na prozorite kaj drugar se pojavi ova na nekoi prozori tuka sto gi sklapaat i veze sto nema od niskoemisioni
Не знам јас ги проверив со запалка како некој и единствен тест и ми изгледаат како нискоемисионо стакло плус и ставив тројно стакло од причина да се заштитам подобро. Јас потенцирав за квалитетот на стаклото и речено ми е дека стаклото е нискоемисионо и е набавено од Бугарија со одличен квалитет. :unsure:
Интересно е што првата седмица кога температурата беше надвор малку потопла не ми се појавуваше тој проблем.
Надворешната и внатрешната температурна разлика е солидна, јас би рекол добри 10 до 15 степени, мое лаичко размислување е дека станот во последните 20 години никогаш не бил комплетно затоплен како сега, зошто сега поставив и изолација, па испарувањата од зидовите и дел од материјалеите кои се нанесуваат како лепаци, У врска го прават своето. Се надевам дека до наредната зима ќе се исуши се комплетно и ќе видам на што сум.
Има некаква друга метода освен со запалка да проверам дали проблемот е во стаклото?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom