Прозорци и столарија

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ми треба добра топлинска и звучна изолација. Прозорциве што ги имам веќе над 25 години изгледа полека си го отслужуваат своето.
На пролет планирам да сменам прозорци и врати на терасите и изгледа дека новите ќе се од pvc. Со оглед на тоа што повеќето од прозорите и вратите се на исток,температурите на лето се сериозен проблем, а и во зима не е весело, би сакал совет околу изборот на стакло (двослојно/трослојно, вакво/онакво, аргон и сл. :) ).
Дали би било претерано да очекувам 5 степени температурна разлика со пвц прозорци?

Се мислам, исто така, за ролетни или за капаци (кепенци) доколку некој ги изработува од pvc.
Нешто како овие на фотографијата подолу:

Дали кај нас од пвц се изработуваат и продаваат елементи за тераси, тоалети (наменети за чување, складирање и сл.) по нарачани димензии? Претпоставувам дека тие би биле поотпорни на температура и изложеност на дожд, ветар и сонце.

Јас секако ќе разгледам наредниве два месеци и добро ќе се информирам, ама сепак,
би можел ли некој (гледам на темава дека има поупатени) да пише колку приближно би ме чинело?
Димензиите (веројатно има ситни отстапки и непрецизност, но горе-долу тие се мерките):

три балконски врати 200х80 (со стакло само на горната половина од вратите).
еден мал прозорец 50х50
еден еднокрилен прозорец 125х60
три двокрилни прозорци 125х105

Во врска со оковот, профилите и сл. важно ми е да е материјалот поквалитетен. Сепак е повеќегодишна инвестиција.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Прво треба да знаеш дека ако ставиш нови прозори со добра изолација, а на ѕидовите немаш никаква топлинска изолација, при разлика во температури ќе почне да ти се појавува влага и мувла околу прозорите и на ѕидовите, затоа акo вложуваш вложи повеќе и правилно за подоцна да не се појавуваат нервози:D

Што се однесува до прозорите и стаклото. Според мене најдобра марка/фирма за прозори/PVC профили на пазарот е Salamander, но сепак тука спаѓаат и Aluplast, Rehau, Veka и некои други. Како и да е, мој совет ти е да купуваш само од фирми и со фирми да работиш, затоа што со мајстори и домашно правени прозори ќе си направиш проблеми. Што се однесува до стаклото гледај да биде термопан, не било какво стакло, а како препорака можам да ти ги кажам AGC Glass Europе, но секако стакло можеш да земеш и од други места, бар за стакло имаш добар избор:D Земи си и метални профили, но од поцинкуван челик за зајакнување на профилот. Оков внимавај од кај ќе земеш, гледај тоа да биде некој квалитетен, затоа што тој има многу значајна улога кај прозорите, а како добри производители ги имаш Roto, Maco и уште некои други.

Што се однесува до ролетните и капаците, јас кога би барал дали на прозор да ставам венецијан, PVC ролетни или крила/капаци/кепеци, би избрал PVC ролетни. Еве дома имам скоро веќе 10 години PVC ролетни и тоа мислам дека се една од најдобрите инвестиции, а и работи по дома. Врне - спушташ ролетна, дува ветер - спушташ ролетна, сонцето силно ти свети - спушташ ролетна, а да не збориме за долготрајноста и за тоа колку лесно се одржуваат. Единствено на неколку години се менува траката, затоа што се разјадува од металниот држач,но тоа се некои ситни пари, скоро и без пари:D
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Со оглед на тоа што се работи за стан на 5 спрат, претпоставувам дека постојат извесни ограничувања за дополнителна изолација (не знам како би можело да се изведе изолирање од надвор), ниту пак, колку малтретирање, простор, време и пари би ме чинела внатрешна изолација. Со други зборови, лаик сум, немам поим.

Кепенците/капаците/крилата некако ми се естетски поприфатливи и поинтересни, но тоа не е претерано важно.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Со оглед на тоа што се работи за стан на 5 спрат, претпоставувам дека постојат извесни ограничувања за дополнителна изолација (не знам како би можело да се изведе изолирање од надвор), ниту пак, колку малтретирање, простор, време и пари би ме чинела внатрешна изолација. Со други зборови, лаик сум, немам поим.

Кепенците/капаците/крилата некако ми се естетски поприфатливи и поинтересни, но тоа не е претерано важно.
Ако не стави нови прозори и причекај да видиш дали ќе почне да се појавува мувла, затоа што сепак не значи дека ќе се појави, но најчесто кога има други неизолирани површини, топлотни мостови.........., се појавува влага и мувла. Во тој случај ако тогаш ти се појави мувла можеш да ставиш и внатрешна изолација на ѕидовите на кои се наоѓаат прозорите. Тоа се подразбира поставување на парапропусен стиропор на ѕидовите со дебелина од 5 центиметри или поставување на систем минерална волна - гипскартон - профил, што и не е така скапа инвестиција, но тоа подоцна, во случај ако ти се појави мувла:D

Иначе не сум ти одговорил за цената и за плакарите од PVC (ако за тоа прашуваш). За цените за прозори и врати неможам да ти кажам точно, затоа што тоа се зависи од материјалот, производителот, квалитетот и работната рака. А за елементите од PVC, веројатно мислиш на нешто како шкафчиња од тој материјал за складирање нешто. PVC-то е отпорно на одредени топлини, влага, ветар, но сепак се зависи и од неговиот квалитет. Може да биде некое неквалитетно што ќе пожутне/потемне за неколку години. Иначе за во ВеЦе е идеално. Можеш да разгледаш низ Пластичарска, таму имаш голем избор, а за изработка по нарачка навистина незнам, но би требало да има и такви кои прават, разгледај низ огласите по Интернет.
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Дали би било претерано да очекувам 5 степени температурна разлика со пвц прозорци?
Многу тешко толкава разлика. Само ако ти се ужасно лоши тие што сега ги имаш.

три балконски врати 200х80 (со стакло само на горната половина од вратите).
еден мал прозорец 50х50
еден еднокрилен прозорец 125х60
три двокрилни прозорци 125х105
Јас лично не би ти препорачал врати со стакло само на горната половина, поради огромна загуба на светлина, ако нешто ти значи тоа. Старите врати ми беа такви, ги заменив со целосно застаклени и сум презадоволен од промената. Исто така не би ти препорачал прозорите широки 105cm да ги правиш двокрилни поради истата причина, а бонус е што еднокрилните се поевтини. И уште еден совет, ако имаш прозори што излегуваат на балкон, ти препорачувам да ги направиш фиксни, да не се отвараат, така што добиваш подобра изолација, помал профил/повеќе светлина, нема можност за дефект и доста пониска цена. Ако имаш потреба од луфтирање/ладење, тука е балконската врата.

Со оглед на тоа што се работи за стан на 5 спрат, претпоставувам дека постојат извесни ограничувања за дополнителна изолација (не знам како би можело да се изведе изолирање од надвор), ниту пак, колку малтретирање, простор, време и пари би ме чинела внатрешна изолација. Со други зборови, лаик сум, немам поим.
Јас го решив проблемот така што ставив внатрешна изолација на сите надворешни ѕидови. Имам стиродур 2 до 5cm во зависност од просторијата и сега ми се појавува мувла само на две места кај што не беше практично да се стави изолација. Значи и 2cm стиродур е сосема доволно за да се спасиш од тој проблем (барем во мојот случај), но секако ништо не губиш ако имаш можност да ставиш и повеќе. Се нанесува исто како кај фасада. Цената, во зависност од дебелината на стиродурот и површината што сакаш да ја изолираш, не би требало да те кошта повеќе од цената на еден-два прозори.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Фала на одговореното.
Дали, бидејќи станот е најгоре, би требало да ставам изолација и на горниот ѕид (таванскиот)?
Бидејќи планирам и клима уред, претпоставувам дека би си го решил проблемот со горештините/студот.

И колку време, отприлика, би ми зело монтирањето на прозорците и вратите (демонтажа, монтажа итн.)? Јасно, не барам прецизен одговор, ами послободна проценка.
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Да, изолација на таванот е супер инвестиција, особено во твојот случај. А можеш да го изолираш на истиот начин како и ѕидовите.

Демонтажа и монтажа на прозори може да се заврши и за еден ден. Ако не се повеќе од двајца работници, веројатно два дена.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Фала на одговореното.
Дали, бидејќи станот е најгоре, би требало да ставам изолација и на горниот ѕид (таванскиот)?
Бидејќи планирам и клима уред, претпоставувам дека би си го решил проблемот со горештините/студот.

И колку време, отприлика, би ми зело монтирањето на прозорците и вратите (демонтажа, монтажа итн.)? Јасно, не барам прецизен одговор, ами послободна проценка.
Се зависи дали зградата е стара или нова. Ако е нова веројатно има изолација, ако не е, пожелно би било и на таванот да ставиш изолација со системот минерална волна - гипскартон - алуминиумски профили, т.е. попознато кај народот како спуштен таван или плафон. Со такви прозори и да ставиш изолација на таванот и на ѕидовите ќе почнеш да го осеќаш ефектот за неколку месеци преку сметките за струја.

Иначе поставувањето зависи од тоа колку прозори треба да се извадат, колку треба да се стават и дали треба уште нешто да се соѕида, како и од желбата и принципиелноста на мајсторот. Но еве се на се грубо нека биде една недела, но минимумот може да биде и еден ден. Се зависи од тоа колкава ќе биде работата, но за еден стан со просечна големина мислам дека во ден два се ќе биде завршено.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Еве ме пак. Молам за предлози за добра фирма за ПВЦ прозорци, која би понудила комплетен избор, кој би бил пристоен (стакло, оков, профил, ролетни итн.
Колку време треба да помине, за да увидам дека ќе имам проблем со влага и мувла? Ќе ставам клими, и ми се чини дека би било логично пред да ги ставам нив, првин да ставам изолација (само ако морам - така ќе се соочам со загуба на простор што не ми одговара, но ако морам...)
Зградата е од 1987/88 година, не е премногу стара, но не е ни новоградба, а во прашање се бетонски блокови. Тешко дека бетонот е добар изолатор, самиот по себе, ама ми се чини дека би можел малку да почекам.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Проспера. Веќе биднаа 3 години како користам нивни пвц прозорци без никаков проблем ниту во механизми, ни мувли ни влаги ни ништо. Мој совет - На југ-југозапад никако К-стакло! Воедно тоа им е единствена маана на проспера, поточно на мајсторите што не гледаат на која страна ти се тие прозорци изложени, има проблем со к-стакло бидејќи пропушта топлина.
Јас имам 30см итонг блок од надвор се уште е гол ѕид без фасада, внатре 1см цементов малтер и немам влага и мувла во тие простории каде што ми се прозорците кај што седам, ниту пак во собите каде што не се греат. Не знам до каде се сега со дебелина на профили и стакла, но еднаш земаш па земај саглам, 3 стакла со 4сезонско од надвор за мене е солидно решение, 2 стакла со едно к-стакло е послаба изолација. Оние кои веќе ставиле појако/повеќе од 7-8см профил и 3 стакла нека те посоветуваат подобро.
Во врска со изолација на ѕидови, распрашај се за Итонг мултипор.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Јас секако ќе разгледам наредниве два месеци и добро ќе се информирам, ама сепак,
би можел ли некој (гледам на темава дека има поупатени) да пише колку приближно би ме чинело?
Димензиите (веројатно има ситни отстапки и непрецизност, но горе-долу тие се мерките):

три балконски врати 200х80 (со стакло само на горната половина од вратите).
еден мал прозорец 50х50
еден еднокрилен прозорец 125х60
три двокрилни прозорци 125х105

Во врска со оковот, профилите и сл. важно ми е да е материјалот поквалитетен. Сепак е повеќегодишна инвестиција.
125x105....висина е 125 ?
 
Член од
29 декември 2014
Мислења
49
Поени од реакции
55
Ако внатрешната единица од климата ја монтираш на надворешен ѕид, стави си претходно изолација барем на тој ѕид. Ако не направиш така, и покасно таму ти се појави мувла, ќе треба да ја демонтираш климата, па да ставиш изолација, па пак да ја монтираш. Во тој случај ќе си платиш дупло.

Инаку и јас имам прозори од Проспера, од највисоката класа што ја нудат и генерално сум задоволен. Но приметив еден, според мене голем проблем. Зимава кога паднаа температурите под -10, -15, сите прозори и врати од страната на механизмите не дихтуваа добро. Кога ќе ставиш рака кај шарките, се осеќаше дека дува по малку. Цените им се супер, ама после овој проблем би подразмислил дали пак да ставам нивни прозори.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Инаку и јас имам прозори од Проспера, од највисоката класа што ја нудат и генерално сум задоволен. Но приметив еден, според мене голем проблем. Зимава кога паднаа температурите под -10, -15, сите прозори и врати од страната на механизмите не дихтуваа добро. Кога ќе ставиш рака кај шарките, се осеќаше дека дува по малку. Цените им се супер, ама после овој проблем би подразмислил дали пак да ставам нивни прозори.
Тоа е она што и јас му го пишав погоре на @Сабазиј. Во прозори и во изолација не се штеди (не дека во останатите делови од градбата треба да се штеди), затоа што средувањето на проблемите од помалку квалитетните производи подоцна ќе те чини многу повеќе нервози и пари од тоа кога од еднаш би ги вложил во нешто што е многу поквалитетно. Ако веќе бараш конкретно фирма која добро работи со добри ПВЦ прозори, можеш да ги контактираш Промонт, Ројал Инвест, но има и многу други. Плус како што и кажа, имаш стара зграда без изолација и тоа од бетонски блокови, па затоа и ти треба изолација за да не дојде до појава на мувла поради која ќе се мислиш подоцна како да ја спречиш и решиш. @icemaher нема никакви проблеми со влага, но он нема, затоа што ѕидовите на неговата куќа се од Ytong блокови кои сами по себе имаат функција на термоизолатор.

Правилно е да ги ставиш прво прозорите, а потоа изолацијата. Причекај да видиш дали ќе се појави мувла, обично таа ако ти се појави ќе се појави во зима, а ако се појави ќе се санира истата и во лето ќе си поставиш термоизолација од внатрешната страна со системот минерална волна - гипскартон - профил и проблемот ќе биде среден:)
 
Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Почитувани планирам да променам столарија на куќа, па се решив за geneo rehau so 4 seasons стакло. Оковот што го користат е AGV италјански дали е добар искуство и можам да доплатам 5 еур по крило за siegenia, дали вреди да доплатам, ми треба одговор до Понеделник благодарам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom