Прозорци и столарија

Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.110
Поени од реакции
1.250
не губи, и ролетната е со изолација од стиропор од внатрешната страна и воопшто не се гледа
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Тие ролетни што ги имаш се надпрозорски ролетни. Доколку менуваш дограма , може да соѕидаш со сипорекс директно над прозорот или пак да ставиш со исти такви кутии. Ако редиш надворешни ролетни има алуминиумски со пурпена во лајсните и со стиропор во кутијата. Во ниту еден случај не губиш на изолација, со или без ролетни сеедно ти е.
 
Член од
18 мај 2014
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво, во скоро време планирам да ставам пвц прозори па се двоумам помеѓу Salamander BluEvolution ( оков Sigenia или AGB) и Veka Softline (оков AGB), и двата 3д. Дали некој може да сподели искуства или препорака во однос на овие две опции?
 
Член од
7 март 2017
Мислења
138
Поени од реакции
159

I sto odluci na kraj? jas sum vo ista situacija sega i ne znam sto da izberam spored cena i kvalitet...a i majstor monter ne znam koj ima salam...ajde pofali se ili pozali se :)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Здраво,
сакам да ставам ПВЦ прозори, па сакам да прашам кои се подобри и поквалитетни профили -Rehau или Veka?

Veka се со Siegenia оков, а Rehau не знам со каков оков ги прават (може да ми препорачате оков и за нив)

И која е разликата меѓу Rehau и Rehau Geneo?
Рехау е профилот, Генео или Синего се дизајни на профилот Рехау.
Dali IMA godinava subvencii za prozori Od vlada?
Субвенции нема, но има 10% од банките за енергетска ефикасност ...со фирми регистрирани со сертификати што ја исполнуваат по програмата.
 
Член од
10 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
9
Здраво,

ги исчитав сите мислења пред некој ден на оваа тема, но пак имам двоумење.
Сеуште не сум бил да прашам за понуди но од тоа што го прочитав имам некоја слика што би сакал да ставам како ПВЦ.

Се мислам помеѓу Века, Реаху и Гелан (Gealan) и оков Мако или Рото.

За првите два профила веќе горе доле јасно ми е дека се работи за добар квалитет, прашањето ми е повеќе за третиот, дали некој има искуство со него.
 
Гелан исто така германски профил, со малку поразлични стандарди и дизајни, на пример 82мм, 86мм и слично.
Во корпорација е со Века, односно Века го купи Гелан пред 7,8 години.
Гранулатот на гелан е малку поразличен од другите односно малку потемен , вероватно дека има повеќе олово или некоја друга легура.
Не е лош , добар е ги исполнува стандардите...но ако имаш понуди исти од рехау или века со гелан јас би ги избрал првите 2.
Едноставно на ниеден саем или семинар, или во германија на некој наптревар не добил прва награда за разлика од другите.

Рото НТ оковот е незаменлив, мако е исто така добар доколку го носат од германија, макото има една голема мана. Горниот рајбер (тоа е еден механизам на двокрилен прозор што е со адаптер) многу тешко се затвара, инжинерите тоа добро не го имаат направено и често се расипува, јас работев со мако долго време и го баталив најмногу ради тоа.
Автоматски споено мислење:

Во продолжение на мојот претходен пост еве еден линк према проиѕводите на Алумил од Грција. https://www.alumil.com/bosnia/homeowners/products/windows-doors
Ова е сајт на босанската филијала, не знам дали има и во Македонија филијала, изгледа дека нема шо по мене нема логика - има за Босна и Херцеговина и Албанија, а нема за македонија
Алумил има 3 фирми што ги препродаваат нивните производи (не готов производ туку профил), ниту еден препродавач од нив не е сериозен...затоа се непознати и така ќе останат долго време.
Ако сакаш нешто поедноставно како хармоника врата или шибери , ние ги изработуваме друго ништо зш и препродавачите не знаат да набават тоа што го бараш.
 
Последно уредено:
Член од
10 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
9
Гелан исто така германски профил, со малку поразлични стандарди и дизајни, на пример 82мм, 86мм и слично.
Во корпорација е со Века, односно Века го купи Гелан пред 7,8 години.
Гранулатот на гелан е малку поразличен од другите односно малку потемен , вероватно дека има повеќе олово или некоја друга легура.
Не е лош , добар е ги исполнува стандардите...но ако имаш понуди исти од рехау или века со гелан јас би ги избрал првите 2.
Едноставно на ниеден саем или семинар, или во германија на некој наптревар не добил прва награда за разлика од другите.

Рото НТ оковот е незаменлив, мако е исто така добар доколку го носат од германија, макото има една голема мана. Горниот рајбер (тоа е еден механизам на двокрилен прозор што е со адаптер) многу тешко се затвара, инжинерите тоа добро не го имаат направено и често се расипува, јас работев со мако долго време и го баталив најмногу ради тоа.
Убаво објасни за оковот, фала ти. Некако и мене поголем фаворит ми беше Рото оковот.

Инаку, со еден пријател зборував за рехау, ми спомна нешто дека во последно време како да забушаваат со квалитет, од типот од рециклирани материјали го прават профилот итн..

Некако мислам дека Века + Рото ќе биде најдобра/најдобитна комбинација, но ќе видам и со цени и понуди како ќе биде. Ми рекоа сигурно 4-500 евра ќе биде поскапо од другиве.
 
Член од
6 јуни 2017
Мислења
110
Поени од реакции
203

Jas imam VEKA Softline 82 so troslojno staklo,vo format 4/12/4/12/4 sto znaci 4mm 4 sezoni staklo, 12mm argon, 4mm flot staklo,12mm argon, 4mm K staklo ili nisko emisiono staklo. Okovot e Sigenia. Koeficientot na toplotna provodlivost za moite prozorci e 0.98wm2/K, A se sto e pod 1.1 e standard na EU za energetsko efikasni prozori. VEKA Softline 82 so ROTO okov e odlicen izbor. Pozdrav
 
Како си задоволен со звучната изолација?
Малку се двоумам околу аргонот, некои ме убедуваат дека е залудна инвестиција, а некаде и на форумов прочитав дека за 4-6 години тој ќе го снема и инвестицијата е малку апсурдна, ама шо знам.

Инаку за моиве димензии барав понуди по градов и ретко кој со РОТО работи, па како опција е Мако и Сигениа.

Понуди што ги имам со цени се следниве:
1. Veka SWINGLINE 70 со оков Мако + 4 сезони стакло (4+16+4) = 1100e
2. Veka SOFTLINE82 82 со оков Сигениа +4 сезони трослојно стакло (4+16+4+16+4) = 1700е
3. Gealan со оков Мако +4 сезони стакло полнето со аргон = 1150е

Повеќе ме влечеше ова последново дека со аргон полнети стакла, ама уште не сум одлучил и ќе барам и други понуди со рехау и саламандер.
 
Od trite navedeni najdobra varijanta e vtorata VEKA softline 82 so bilo koj okov, i dvata se megju najdobrite. Ako baras ponuda od Rehau baraj profil GENEO bez celicno ojacuvanje do odredeni dimenzii na prozorite. Toa e poradi rau fipro vlaknata koi gi koristat vo proizvodstvo na GENEO profilot. So toa se dobiva na cvrstina na profilot i poradi toa nema celicno ojacuvaje, a koeficientot na toplotna provodlivost na profilot e 0.76, i se sto e pod 1.1wm2/k spored standardot na EU se energetski efikasni prozorci.
Se zavisi od toa sto sakas da dobies!
Salamander varijantata e najskapa na pazarot poradi edna pricina, toa e marketingot. Nekoj mora da go plati. Za kvalitetni se kvalitetni toa ne e sporno, no za tie pari podobra varijanta e GENEO ili VEKA softline 82!
Pozdrav

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
Субвенции нема, но има 10% од банките за енергетска ефикасност ...со фирми регистрирани со сертификати што ја исполнуваат по програмата.
Ќе може малку подетално да објасниш за ова,како се зима?брзо иде? И сигурно е 10% за сите ?
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
473
Поени од реакции
872
Ќе може малку подетално да објасниш за ова,како се зима?брзо иде? И сигурно е 10% за сите ?
Јас мислам 15% е ако е во прашање само ПВЦ дограма ако купуваш плус комбинирано некој друг енергетски ефикасен производ пример соларен панел , клима уред, термо фасада... имаш 20%.
Ги има во Шпаркасе банка сигурно, единствен предуслов е фирмата која ќе ти изработи и монтира ПВЦ, да поседува сертификат и нормално да си кредитоспособен :)
Каматата ти е 5-6% годишно, плус додатни трошоци ако ти одбијат 15% од вкупната сума 2 години да плаќаш ќе ја вратиш оргиналната сума одприлика.
Камтата за 2 години ќе ти биде 12 посто од главницата плус манипулативни трошоци 2% ќе биди околу 15%, Ако земиш кредит од 2000 евра ќе вратиш пак назад 2000 евра за 2 години со се камата заедно, тоа би ти дошло како да ја платиш дограмата на 24 рати без камата.
Мислам важи за сите без ограничување ама за ова не сум сигурен.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ќе може малку подетално да објасниш за ова,како се зима?брзо иде? И сигурно е 10% за сите ?
Фирмата треба да е сертифицирана и пријавена дека работи по таа програма. Не сите фирми работат по таа програма, ако си кредитоспособен парите ќе бидат одобрени за 1 недела...ако имаш проблем со документација трае до 2 месеци.
Huddle убаво објасна но сепак треба да се распрашаш во банките околу каматата , мислам дека секоја банка има различни услови.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
Некој дали знае што треба да направам, еден прозорец заглави во кипање не можам да го затворам? Поз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom