И јас со ова се расправам во моментов, прочитав секакви мислења, од луѓе добив и пофалби и поплаки и за двете комбинации иако според мене најдобро е ако ти одговара да си ставиш
челична, дури и кинеските што се продаваат се подобри и поефтина варијанта од алуминиум или пвц, за да имаш подобра брава на кинеските ќе си доплатиш уште 30-50 евра и ќе ти стават уште при монтажа италијанска брава и немаш проблем (ако ти е за куќа што ја фаќа сонце ќе мораш со бела кај металните врати, кафените избледуваат).
Ако не челична, од тоа што јас собрав информации подобро оди со пвц (на алуминиумските за 90тина евра доплата ставаат и термална изолација (барем на моите димензии), али повеќе луѓе најдов што се жалеа од алуминиумски отколку од пвц).
Инаку кај мене не одговараше челична (треба да кршам многу, стар е објектот и е со нестандардни висина и ширина) и ќе одам со пвц (тука гледај да е подебел челичниот профил што се става во крилото).
Кај пвц исто разгледав еден куп брендови, рехау, саламандер и века се далеку најскапи (веројатно и најквалитетни, но можеби најдобар избор за нови објекти), па после беа за 10% пониска сума комерлинг,алупласт и полскиот decco, па бугарско-германските трокал и профилинк за 20тина % поефтино од рехауто, па после со 30% пониска цена од германските се унгарскиот Spectrum или турскиот Wintec (овој го шиткаат иначе како германски, али е турски). Најдов дури и schuco со шуко оков, но овие се поскапи дури и од Рехау Генео.
Кај пвцто исто крева на врата многу ако ставиш украсен дел од Inox, во зависност од големината на тој детал знае да крене од 90тина евра па и до кај 200 евра повеќе отколку само пвц.
Оковот иста приказна, од тоа што јас истражував најдобри ти се Рото, Сигениа и Мако, па после австриските G-U и италијанските AGB, па имаш TGP турски, има некои чешки и тн.
Ако ти дава џебот оди со Рехау + Рото оков, Генеото се без метален профил и мислам дека се нова работа на пазарот па колку ќе издржат не верувам дека ќе ти каже некој, Синего и тн се со метален профил (гледај тој да е подебел), ако ти е лимитиран буџетот тогаш оди со некој од поефтините брендови, иако пак би те советувал да си земеш метална врата ако ти даваат условите (кај Проспера имаш троа
поскапи врати кои се дури и со електонски заклучувања).