Напишаново е доста интересно.
Значи вака сега:
Конторла на времето. Полето на дејство на ХААРП е само во јоносферата која се наоѓа далеку над тропосферата во која се случуваат сите временски појави.
Оттука, ХААРП не може никако да влијае врз временските услови.
Уште пред декади, се конструирани сателити со чија помош може да се утврди составот на одредено место - планина, езеро и на тој начин да се најдат одредени минерали во земјата.
Емитирањето на радиобранови на ХААРП е 75 пати појако од емитирањето на една радио станица и е само делче од она што од Сонцето пристига на Земјата. Да, ХААРП може да предизвика аурора, како што предизвикува Сонцето, но таа малечка аурора може да се набљудува само со специјални инструменти.
ХААРП проектот е отворен за сите, а во него учествуваат и универзитети. Не е некое тајно место како што некои сакаат да речат.... слободно може да се посети.
Не може да дејствува врз земјината кора и да предизвикува земјотреси како што ниту ти со обичен радиотрансмитер не можеш да поместиш ни ливче.
Јонизацијата на тој слој од атмосферата (јоносфера) се случува дневно (дење кога сонцето реагира со честиците во јоносферата) и таа промена и неколку стотици милијарди пати поголема отколку што ХААРП може да реагира на јоносферата.
Примарна мисија на ХААРП е обезбедување комуникација со било кое тело насекаде на планетата И истражување на јоносферата.
Потоа, убаво би било конспираси теоретичарите да ни кажат како тоа ХААРП успева да го насочи сигналот кон една точка од површината на планетата.
А да не го заборавиме и ефектот врз мозоцоте на луѓето.
Кој е тој доказ дека било каков радиобран може да има ефект врз мозокот на луѓето?
--- надополнето: Jun 29, 2011 12:35 PM ---
Добро утро. Технологија стара неколку декади, користена за добивање "слика" за составот на Земјата.