Проектот HAARP

S

smart ass

Гостин
Сепак, научниците во светот предупредуваат дека ХААРП би требало попретпазливо да се употребува. Од аспект на неговите можности, има една причина за загриженост. Загревањето се врши со лансирање на контролирани млазови на електрони на метата со брзина на суперсоничен авион.стотини Електроните ги апсорбираат пониските атмосферски слоеви, но на повисоките, млазот се распространува на километри во круг.
радио антена во функција на лансер на 'млазови' електрони???

знаеш што е електронски сноп??



Исто така, ХААРП може да ја санира и озонската обвивка И да ги смали озонските дупки. Покрај другото, може да ги отстрани загадувањата со јаглерод диоксид и со јаглерод моноксидот во атмосферата.
нигде не пишува како...само може...може..може

Последиците пак од долготрајната изложеност на луѓето на електромагнетно зрачење, доведуваат до појава на замор, нервоза, губиток на памтење, предизвикува катаракта, леукемија, вродени деформитети, рак и промени во мозокот.
знаеш ли воопшто кој тип на зрачење е тоа???

ај ќе ти кажам Рентген зраците,понатаму гама зраците....делумно можни се и последици од ултравиолетовото зрачење....бидејќи посебно првите два типа се пробивни баш поради малата бранова должина а и поради високата фрекфенција ...а радиобрановите нема шанси да пробијат.

Да и како што кажа exlexmk мене серијата земјотреси, па цунами, па урагани, па.... ете тоа ме плаши
опаа па ти веќе веруваш..индонезија,ураганот чарли...америте ќе измислат и нов ќе се вика Хуго Чавез:vozbud:
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
радио антена во функција на лансер на 'млазови' електрони???

знаеш што е електронски сноп??

меѓу другото
http://www.twi.co.uk/twiimages/eb_indexf1.jpg




нигде не пишува како...само може...може..може
Ако пишува како може .... е веќе нема да е тајна
( И а - бомбата знаеме што може ама Иран се уби обидувајки се да ја направи)

знаеш ли воопшто кој тип на зрачење е тоа???

ај ќе ти кажам Рентген зраците,понатаму гама зраците....делумно можни се и последици од ултравиолетовото зрачење....бидејќи посебно првите два типа се пробивни баш поради малата бранова должина а и поради високата фрекфенција ...а радиобрановите нема шанси да пробијат.


И заборави да го наведеш зрачењето кое потекнува од електро-магнетната индукција, подолга изложеност на сила од да речеме 6тесли би била катастрофална по човековото здравје

опаа па ти веќе веруваш..индонезија,ураганот чарли...америте ќе измислат и нов ќе се вика Хуго Чавез:vozbud:
Дали верувам тоа ??????
Дали постои можност? Мислам - да!
 

Apofis

Оператор
Член од
20 септември 2009
Мислења
158
Поени од реакции
21
Абре ова човециве кога сакаат можат да бидат способни да направат се само тешко дека ке го користат за добри цели.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
иииииииииии како функционира и од кајсе тие информации дека проектот постои??
...... Човекот ти приложи слика .... Иначе јавно е познат како ХAARP проект. базиран е на дизајни на Тесла.

komuniciranje sa podmornicama u velikim dubinama okeana, pomoću radijacija ekstremno niste frekcvencije (ELF)

јас знам само за комуникација поморска(и не у велике дубине) дека е развиван....не е за никакви млазови мењае време тоа само иноваторите кои ги имаме можат
Се користи за временски манипулации. Доста е ефикасен при создавање на земјотреси.

``антените`` официјално служат за испраќање на сигнали (со екстремно ниска фрекфенција)
сигналот се насочува таму каде што би посакал тој што управува со тие ``антени`` (владата на сад или кој знае кој)
а за генерирање на електрицитетот (во проектот хаарп пишува на почетокот

за Тесла иман читано во книгата Мојот живот . (тој имал способност да ги предвидува настаните и пред да се случат , токму онака како ќе се случат)
Можеби е шпекулација но Тесла работел и на непосреден пренос на енергија (викаат дека работата му била пред крај ога умрел)
Јавно има изјавен доста пати дека знаењето кое го оформил е производ на неговите комуникации со вонземјани. Последниот пат кога тоа го има изјавено е баш пред да започне да работи на wireless transfer of energy.

глупости....ова....ниту е РАДАР ниту сателит(за да препознава) ниту пак има начин на кој би ја пренел енергијата па пази дури и распознавање на кој тип проектил:pos2::pos2::pos2:
Имаш слушнато за ERV?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Причината за големите потреси кои последните неколку години ги погаѓаа главно сиромашните делови на светот, теоретичарите на завери ја најдоа во тајниот американски проект на Аљаска, HAARP, инспириран од работата на Никола Тесла.

Станува збор за низа антени кои наместо да примаат праќаат електромагнетни зраци. Тие ги погодуваат деловите на јоносферата и ги загреваат, со што наводно предизвикуваат земјотреси а влијааат и на временските прилики.


Оние кои ја следат работата на проектот, тврдат дека бил активен и на 12-ти јануари 2010-та, дента кога Хаити беше погоден од катастрофален потрес. На Јутјуб веќе постојат разни видео снимки за тоа како пред земјотресите на небото се појавувале разни бои и неправилности, особено во случајот со земјотресот во Сечуан, Кина. Сега, постојат сомнежи и за предизвикување на катастрофата во Чиле.

За постоењето на проектот се дозна откако населението во Гакуна на Аљаска се побуни поради чудните аномалии на небото. На јавноста и беше објаснето дека целта на HAARP е академско истражување кое ќе помогне да се промени јоносферата, односно да се подобри можноста за комуникација.

“Резултатите можат да се употребат и во воени цели. HAARP не е единствената установа која се занимава со вакви истражувања. Во Европа постои EISCAT а во Русија Sura Ionospheric Heating Facility”, објаснува Џон Ханском од американската авио база.

Според истражувањата на американските новинари, идејата за овој проект научниците ја добиле од проучувањето на работата на Никола Тесла и "Теслиниот штит".

х + х
 
S

smart ass

Гостин
Единствена примена на ХААРП е за комуникација со подморници а на овие

Причината за големите потреси кои последните неколку години ги погаѓаа главно сиромашните делови на светот, теоретичарите на завери ја најдоа во тајниот американски проект на Аљаска, HAARP,
Кажи им Дека ХААРП е под контрола НА МОРНАРИЦАТА...НЕ ДАРПА(дарпа дадоа теоретска основа за комуникација),Не НСА ,НЕ РОКАФЕЛЕР

:vozbud::pos2:
нспириран од работата на Никола Тесла.
Нема врска ова со никола тесла....тесла успеал за прв пат далечински да управува направа(бродче беше) а во книгата теслино тајно оружје која ја прочитав И ГОСПОД е инспириран од ТЕСЛА).

туку
нспириран од работата на Никола Тесла.

Станува збор за низа антени кои наместо да примаат праќаат електромагнетни зраци. Тие ги погодуваат деловите на јоносферата и ги загреваат,.
ЕМ зраци...НЕ,зрак треба да биде директно насочен СНОП и тоа Со мала бранова должина за да може(и тоа теоретски) да загрее дел од јоносферата...

А и АНТЕНИ се РЕСИВЕРИ т.е примаат инфо...
а влијааат и на временските прилики
+Радарот на AEGIS BMD and Green pine Исто и Рускиот кои се воглавно за анти балистичка заштита+ сателитите можат да направат ДУРИ 3Д имиџ при креирање торнада...и.т.н

Немало промени ил феномени никакви-нит во индонезија нит во мексико сити НИГДЕ!!
( а пази ако сакаат веќе БЕЉА да прават нека го наштимаат епицентарот баш под градот па да видиме...хех...САД трпат штети од Торнада,Цунами...зошто де не ги спречат??)


со што наводно предизвикуваат земјотреси
Како де,по кој механизам...тие конспираси илнесс не знаат ни дека има како прво трансверзални и лонгитудиални бранови,немаат поим дека туку така се ПРАВЕЛЕ земјотреси...абе ај де нека каже некој,што ако хипотетички они предизвикаат земјотрес во чиле,а тоа понатаму ги пое*е НИВ-нема теорија АНТЕНИ да се оружје(ДИРЕКТНО) тхус како ќе се бранат они откако непријателот ќе го добие( а има дури и финска вакви антени) имаат и русите...и сега при евентуален конфликт работава ќе биде како во последниот дел од СТАР ВАРС кога палпатин и мастер јода ги користат џедај пауерс и на крајот и двајцата се одбиваат:pos2::pos2:

И по некоја случајност се е наводно наводно...дајте бе рецепт за земјотрес аман:vozbud:,па ќе можеме и да спречуваме...а земјотреси од такви размери(на конспирасите не им е јасно) влијаат на ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА:tapp::tapp:

Е сега ајде нека би некој јунак да ми објасни КАКО ќе настане земјотрес со антени.(механизам на дејство)...


Туку да,и за дефектот на Булава,велеа ХААРП дид ит...хахха:pos2:

ЛУЃЕЕЕЕЕЕ зарем џабе бе УМ имате АКО и само АКО не го користите РАЗУМОТ

 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Кажи им ти, нели гледаш дека е превземено а не е пишано од мене :)
 
S

smart ass

Гостин
Знам знам.....видов...туку од тие чекам објаснување....аххх зошто бе промашуваат дози ксанакс,рисперидон,золпидем и прозак цццц...ахх цццц:toe:

Туку господинов нека проба да испитува КАКО сум јас ОТПОРЕН...

Францускиот научник д-р Шарл Лавердир, физичар на Институтот во Сент Етјен, се фокусира на таканаречените "биоефекти на проектот ХААРП". Според него, екстра нискофреквентните радиобранови се на фреквенција која е многу блиска со природната фреквенција на мозочните бранови кај луѓето. Можноста тие бранови да се користат за контрола на човечкиот ум, ХААРП го ставаат на прво место на потенцијалните трансмитери на радиобранови за масовна контрола на човештвото.

Примети од трансмитери сега се ПОТЕНЦИЈАЛНИ трансмитери...ма налет...

Ако има бог нека им е напомош:toe:
 
Член од
9 март 2010
Мислења
368
Поени од реакции
373
Ако не ве мрзи погледнете го линков http://video.google.com/videoplay?docid=-6706232435385306778#

Дечкото има завршено на електро-машински, и е огромен фан на Тесла, па збори за него. Има многу интересни податоци (меѓу кои и за ХААРП) :wink:.

Видеото трае час и половина, и верујте.. МНОГУ Е ИНТЕРЕСНО :)
 

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
За пожарите во Русија виновни Американците

Воениот метеоролог Николај Караваев тврди дека станува збор за примена на американското „климатско оружје“ против Русија, кое е забрането со меѓународните конвенции, но не е забрането ако се користи за цивилни цели
На почетокот од минатата недела во Москва е забележана температура од 37,2 Целзиусови степени, што е топлински рекорд на сите времиња во главниот град на Русија. Истовремено, во другите европски престолнини температурите беа од 18 степени во Берлин до 25 во Варшава.

Освен вообичаените тешкотии што ги носат високите температури, во Подмосковје избувнаа повеќе од илјада шумски пожари. Мирисот на палежот дојде и до центарот на Москва, а степенот на загаденост на воздухот е зголемен за пет до седум пати. Оптимистите велат дека се' ќе помине наскоро, но песимистите тврдат дека проблемите ќе потраат два и повеќе месеци.

Во ваква атмосфера се намножија приказните за вистинските причини на ова неверојатно загревање во градот и земјата, кои се познати по се' само не по високите температури.

Најдраматична приказна, според рускиот мултипортал КМ, изнесува воениот метеоролог Николај Караваев. Тој тврди дека станува збор за примена на американското „климатско оружје“ против Русија, кое е забрането со меѓународните конвенции, но не е забрането ако се користи за цивилни цели.

Тој наведува дека американските воено-воздухопловни аналитичари неодамна објавиле студија со наслов „Временските услови како умножител на силата“, во која се опишува можноста за влијанието врз временските услови како можен облик на војување.

Во заклучокот, американските експерти предлагаат САД да истапат од конвенцијата за забрана за воено влијание врз околината, бидејќи примената на „климатското оружје ќе има исто влијание врз светот како и првите атомски бомби“.

За Караваев доказ за примена на ваквото оружје е тоа што „нападот е насочен локално“ и што во подрачјето околу оваа циклонска аномалија, температурата на делот на Земјината атмосфера е намалена на најниското ниво во изминатите 43 години. Караваев на ова го додава и четвртиот доказ, односно светските медиуми непосредно пред горештините објавија дека Американците во вселената испратиле беспилотно летало „Х-37Б“, способно да носи моќно ласерско оружје.

Задачата на леталото е строга тајна, а тоа во вселената ќе мине 270 дена, а потоа ќе се врати на Земјата.

Досега со овие теми се занимаваа само во документарните филмови, па дури и во некои холивудски научнофантастични филмови. Според некои, сега сето тоа се сели во подрачјето на реалноста.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
ХААРП ја направи катастрофата во Јапонија?

На теоретичарите на завери, по стравотниот земјотрес и цунамито што минатата недела ја опустошија Јапонија, не им требаше многу да подигнат нов сомнеж дека зад тоа повторно стојат ТИЕ. Всушност, теориите како веќе да беа подготвени и само се чекаше да се потврдат. Катаклизмата што ѝ се случи на Јапонија беше потврда. Новата теорија на завера за несреќата што ѝ се случи на Земјата на изгрејсонцето како виновник го смета ХААРП, мистериозен проект што американската влада го реализира на Алјаска.

Што е ХААРП?

„Хај фриквенси актив аурорал рисрч програм“ (ХААРП), проект што американската влада го спроведува на Алјаска, а служи за подобрување на својствата на јоносферата и има за цел да ја олесни комуникацијата помеѓу сателитите. Сепак, група сериозни научници веруваат дека станува збор за централа што служи за контролирање на климатските услови на Земјата. На опасноста од САД, ХААРП и неговата улога во сето ова што се случува последниве децении на план на климатските промени, предупредуваа многу научници и јавни личности.

Освен оние што веруваат дека со нашите животи си играат подземни сенки што имаат големи експерименти со вонземјани длабоко скриени во земјата, сè повеќе ги има оние што веруваат во оваа сериозна закана. Претседателот на Венецуела години наназад предупредува за тоа, а минатата година опасност од големи катастрофи во Јапонија предупреди и Бенџамин Фулфорд, новинар кој работи во Јапонија.

Теориите на завера за земјотресот во Јапонија

Фулфорд уште минатата година предупреди на катастрофата што оваа година ѝ се случи на Јапонија. Освен земјотресот и цунамито во Јапонија, ХААРП е обвинет и за поплавата во Австралија, како и за ерупцијата на вулканот за Исланд. Кога станува збор за Јапонија, Фулфорд тврди дека зад сето ова стои одбивањето на јапонските власти да ја предадат својата земја во рацете на ТАЈНАТА ВЛАДА, која управува со нашата планета.

Оваа ТАЈНА ВЛАДА, според мислењето на оние што веруваат дека вистината е таму некаде, на Јапонија ѝ се заканува последниве четири години. Првото предупредување беше земјотресот во близина на Нигата во 2007 година, што исто така имаше епицентар близу една нуклеарна електрана. Бидејќи по четири години Јапонците и понатаму не потпаднале под влијанието на „новиот светски поредок“, донесена е одлука со која нивното издавање ќе се забрза. Како средство за тоа ја избрале големата природна катастрофа што на прв поглед никому не би му изгледало необично, затоа што Јапонија секогаш ја потресуваат земјотреси. Земјотрес со неверојатна јачина бил најдобар избор, а цунамито и проблемите со радијација од уништените нуклеарки – корисна колатерална штета.

Дали ХААРП е виновен за земјотресот?

Како сите теории на завера, така и оваа треба да се сфати со резерва. Секогаш постојат прашања што заверата ќе ја донесат до ново ниво на сомнеж. Дали теориите на завера постојат за вниманието на јавноста да се пренасочи на некои други работи што ни се случуваат пред очите. Се вели дека најдобар начин да измамите некого е да му кажете половина лага. Вистина толку наивна што мора да звучи како лага.

Бројот на жртви ја надмина бројката од 10.000 жртви, а каков ефект ќе има зрачењето врз Јапонците ќе видиме наскоро. Во целата завера и мозаикот од неверојатни сомнежи и факти за неверување, постои една вистина што е поткрепена со уверувањата на Фулфорд и можеби навистина ќе ве натера да се запрашате дали ХААРП е одговорен за земјотресот? На една од фотографиите ќе забележите чудни облаци, што се типичен доказ дека ХААРП е виновник, забележани се и сега и во земјотресот од 2007 година. Ноќта на деветти март (две дена пред земјотресот), централата по повеќе од десет дена неактивност почнала повторно да работи и испратила незамисливо количество на електромагнетни бранови. Ова се сигурни податоци, а што е сигурна вистина останува да видиме.

http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Tehnologija/sad-ova-i-go-napravi-namerno-na-japonija
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
ХААРП ја направи катастрофата во Јапонија?

Дали ХААРП е виновен за земјотресот?

Како сите теории на завера, така и оваа треба да се сфати со резерва. Секогаш постојат прашања што заверата ќе ја донесат до ново ниво на сомнеж. Дали теориите на завера постојат за вниманието на јавноста да се пренасочи на некои други работи што ни се случуваат пред очите. Се вели дека најдобар начин да измамите некого е да му кажете половина лага. Вистина толку наивна што мора да звучи како лага.

Бројот на жртви ја надмина бројката од 10.000 жртви, а каков ефект ќе има зрачењето врз Јапонците ќе видиме наскоро. Во целата завера и мозаикот од неверојатни сомнежи и факти за неверување, постои една вистина што е поткрепена со уверувањата на Фулфорд и можеби навистина ќе ве натера да се запрашате дали ХААРП е одговорен за земјотресот? На една од фотографиите ќе забележите чудни облаци, што се типичен доказ дека ХААРП е виновник, забележани се и сега и во земјотресот од 2007 година. Ноќта на деветти март (две дена пред земјотресот), централата по повеќе од десет дена неактивност почнала повторно да работи и испратила незамисливо количество на електромагнетни бранови. Ова се сигурни податоци, а што е сигурна вистина останува да видиме.

http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Tehnologija/sad-ova-i-go-napravi-namerno-na-japonija
За болдот,за чудните облаци- Баш ме интересира дали некој научник/стручен во оваа област, има објаснување за оваа појава ? Или сликите се фотошоп (yeah right) ?
 
Член од
9 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
7
HAARP е направен за влез во црна дупка т.с за времеплов како што сметаат руските научници на видеото можете да видите многу (според мене разрешени мистерии) за харп 39 мин. од видеото погледнете

 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.356
Поени од реакции
8.459
Oфицијалната web страна на HAARP tuka
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
WoW значи HAARP нема само на Аљаска, туку и во Норвешка а во исзградба е најмоќниот на Гренланд....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom