Проектни активности : губење на време или...?

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.968
Губење време буквално, никаква полза од тоа. Замислата е добра, реализацијата катастрофа. И да речеме некој од учениците се потрудил добро да го изработи тоа, на крајот професорите не го ни читаат или тој материјал го користат за да им помогнат за семинарска работа на некој од нивните роднини/пријатели, туѓиот труд го земаат бесплатно, ставаат потпис и завршена работа. Затоа и учениците не се замараат, (освен ако тој предмет значително ги интересира) само наоѓаат материјал од нет и прават copy/paste без воопшто и да го прочитаат.
Јас во втора година изработив четири проекти за Мир и толеранција, само за оценка за крајот на секое тромесечие, никаква корист од тоа не видов. Часовите по граѓанска култура ни беа тотална глупост.
Па сега и за државна матура крајниот продукт ни е проектна активност, темите не е дозволено да се повторуваат во генерација, а ученикот сам треба да избере тема. Апсурдно е ова, од толку ученици нема шанси да не се повторат теми кои не се во голем број.
Дефинитивно треба да им се стави крај на такви работи кога гледаат дека реализацијата е катастрофа и не може да се извлече никаква поука од тие глупости.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Губење време буквално, никаква полза од тоа. Замислата е добра, реализацијата катастрофа. И да речеме некој од учениците се потрудил добро да го изработи тоа, на крајот професорите не го ни читаат или тој материјал го користат за да им помогнат за семинарска работа на некој од нивните роднини/пријатели, туѓиот труд го земаат бесплатно, ставаат потпис и завршена работа. Затоа и учениците не се замараат, (освен ако тој предмет значително ги интересира) само наоѓаат материјал од нет и прават copy/paste без воопшто и да го прочитаат.
Јас во втора година изработив четири проекти за Мир и толеранција, само за оценка за крајот на секое тромесечие, никаква корист од тоа не видов. Часовите по граѓанска култура ни беа тотална глупост.
Па сега и за државна матура крајниот продукт ни е проектна активност, темите не е дозволено да се повторуваат во генерација, а ученикот сам треба да избере тема. Апсурдно е ова, од толку ученици нема шанси да не се повторат теми кои не се во голем број.
Дефинитивно треба да им се стави крај на такви работи кога гледаат дека реализацијата е катастрофа и не може да се извлече никаква поука од тие глупости.
Точно, тоа според мене е : И ние се мачиме, и тие се мачат да седат уште еден час ( за разлика од нив, ние имаме обрвски) .
 

^MooN_RideR^

Blue in HearT
Член од
20 април 2006
Мислења
853
Поени од реакции
48
На мене баш ми се падна петок.....седум часа едвај сум издржал па и 8 да одам на урбана кулрута ма мало морген ни еднч не сум ојдел иначе лани супер ми беше оти ми се паднаа двата предмети во исти термин и еднаш на едниот другата нед на другиот се на се нека бев 6 часа заедно за двата
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Најтапа работа според мене се тие проектни активности, кога бев во средно се упишав на пинг понг ( бидејќи занев дека немавме маса за тоа) и на училишен весник кој никогаш не се реализираше :), па така ескивирав од овие активности
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Леле мразам проектни активности еј! Тотално губење на време, и само да не замараат. Срање! Ја сум на урбана култура и планинарење, и проекти правиме без врска бе ...
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Лелее баш за оваа тема во школо имавме дебати. Проектните активности се губење време зошто никој професор не ги одржува само ќе ти каже седни си и чекај да помине време. Затоа тие се губење време. Ама сепак не може да ги немаме зошто разбрав тие два часа мора да се одржат бидејќи на професорите им требале часови и слично.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
86
Поени од реакции
4
Site inofacii vo nastavata se voveduvaat po urnek na zapad- po onoj po koj site placeme. Shtom neshto se vovede vednash mu naogame maani. So edno se soglasuvam, obemen fond na casovi od koi na mnogu predmeti ne im e mestoto vo zadolzitelnata nastava. Proektnata aktivnost otkako ke se sraboti, profesorot zadolzitelno treba da ja procita, pregleda i dade svoe mislenje, ocenka. Kaj nas vo se ima otstapki, pa i vo ova. Zatoa proektnite aktivnosti se dozivuvaat kako gubenje vreme.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
III. Група
-Ликовно-творечки активности (сликарство, графика, скулптура, архитектура, дизајн, ликовна критика, историја на уметноста)
Сите четири години го бирав ова подрачје за проектни активности. Правев комбинации, сликарство, моден дизајн и скулптура.

Бидејќи сето ова ми претставува невидена пасија, обожавав да одам на дополнителните часови, барем од оваа област беа супер организирани. Две мои дела едно време беа изложени во МСУ, и прилично сум горда на тоа.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Проектните задачи убаво што ги воведоа, но треба и сите убаво да се реализираат. Сите 4 години во средно мислам дека избирав различни. Одбрав фитнес една година тоа значи беше прва година кога ги воведоа ова проектниве и 1-2 пати се појавив али после со врски земав потпис , тој професорот бараше и во август да му доаѓаат тие што не биле преку година. После еднаш идев по опери, балети, концерти..... Друг пат одбрав пливање и ги затворија базените ниеднаш не отидов. После дизајнерство и тоа одев редовно. Одбрав еднаш училишен весник и таа година ниеднаш не излезе весникот... и одбрав и други некои ги заборавив.
Значи некогаш се добри активностите некогаш залудно избираш кога ништо немаш. Треба уште многу време за тие да заличат на нормални проектни активности, нашево образование сака да биде по европски и светски теркови, али само сака без да размисли дали тоа во Македонија тоа може да се реализира.
 

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Проектните активности се најпромашен потег на мин. за обрезование, а уште по катастрофална е реализацијата.
Тие проектни активности кои се обавуваат надвор од училишните активности треба да служат за релаксација и изградување на личноста на ученикот, а се покажува токму спротивно..

ПР.
Јас учев во гим. Георги Димитров, и се запишав на фитнес прва година. Професоот ни викаше дека не мора да идеме(имаше термини изнајмени на олимиски базен) само дека треба да ги плаќаме термините секоја сабота по 50 ден. Плативме еднаш за прво полугодие целосна сума(бројот на саботи во полугодие*50 ден пресметајте сами) и на крајот на второто полугодие исто така..
И каже те ми сеа каков позитивен мотив извлекувате од приказнава?

Тие проектни активности се предвидени за америчките дебилчиља кои поминуваат по 10-12 саати у школо и тие се во склоп на школските активности, кои во таков систем и со такви услови се идеално решение за опуштање од секојдневните школски активности, тоа не може да се користи на ученици кои немаат никакви услови за такво нешто и клучниот момент е дека ние поминуваме дупло помалку време од западњачките деца во школо и имаме повеќе слободно време да си го одбереме нашиот начин на релаксација....

И нека не продаваат нашиве муда за бубрези дека има позитивен ефект од тоа...
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
abe ima nekoi lugje sto idat tamu za da se educiraat ili da se otkrijat sebesi.ima na primer kaj nas drama kako proektna aktivnost i idat nekoi deca i recitiraat posle na patronat.idat na toa zatoa sto gi ispolnuva i im pricinuva zadovolstvo .isti slucaj e so skolskiot vesnik.

e sea ima nekoi kako neznamsikakvasi kultura koja ti bara eden proekt godisno kolku samo da go pokazes pred profesorot.toa ti e cisto gubenje vreme.i na site im teknuva na kraj na godina koga treba najvise da se uci.i posle se zalat i odlozuvaat do 20 juni odnosno dodeka ne im kazat deka nema da im dadt svidetelstvo bez toj fakan proekt.

ja licno sum na proektna aktivnost "orkestar".se nemam pojaveno ovaa godina a gelam nekoi sekoj den idat u skolo.sea ke ni bide patronat pa se spremaat.

ne znam dali ke mi dade potpis na kraj na godina ali so kur sea sme sepak 4-ta godina.
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Проектна активност? ццц губење време... Тоа тотално глупо, после - пред напорниот училишен ден 7 или 8 часа поминати во училиште ( омилено место за многу млади луѓе :P ) уште само тоа фали, проектна активност, дефинитивно треба да се укине. Во зависност од тоа кој ги води проектите, но почесто многу од учениците не ги посетуваат, на крај на година дават веќе готов проект изработен од претходните генерации... :tapp:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Да, да губење време, дефинитивно.
Кај нас у школо има многу глупи проекти, без некоја цел, демек се поврзуваат со некои школи у САД.
Онаа година имаше некој проект за пушењето и цигарите и гледам постигнале нешто: Никој веќе не пуши! Браво, браво.
Шала на страна, за џабе се тие проектни активности, тотална глупост.
Ја пред неколку години, кога бев 3-то или 4-то, ептен бев активен во овие проекти...па до оваа година не бев и сега за беља идам на проект: ,,Ние сме граѓани на светот‘‘
Чисти глупости, ја сум у тоа за географија, па наоѓав за Куманово нешто, положба, население, бла, бла...(уствари ТРЕБАШЕ да најдам)
Само не ми е јасно што сакаат да постигнат со овој проект...
 

moskva_bojan

Kirk Hammett
Член од
28 јануари 2007
Мислења
470
Поени од реакции
3
се е губење време. не знам зашто ги имаат дадено тие проектни активности. а бре да ти се невиди, значи што се нема да смислат во образиваниево колку само да замараат!!!:nerv:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.226
Поени од реакции
954
Криво ми е и мене што овие активности се крајно неуспешни. Во средно обично кога одевме на тие активностите по физичко, беше навистина несфатливо, после 6-ти час требаше да остануваме и 7-ми и 8-ми, а кога бевме втора смена, одевме сабајле од 7:30-9:00 (со тие што имаа физичко први и втори час) па доаѓавме дома па пак од 13:30 во школо. Тоа беше едно невидено спиење и сите на штрек кога ќе се појавеше професорот :) Речиси повеќе од половина ученици не доаѓаа, па после си направија проблеми што доаѓаа преку лето или мораа да се вклучуваат во други групи кои што се зголемија енормно па професориве им текна да ученикот закажува кај нив за да си поправи минус :) И имаше лимитиран број на ученици што може да се појават :)

Се сеќавам дека имав и урбана култура избрано, тоа беше интересен предмет чиј час никогаш не траеше повеќе од 30 минути бидејќи секогаш мораше да се појавуваме во некакви музеи или да изработуваме проекти што најчесто не мрзеше, или термините за посети ни беа утнати (пред час/после час или во сабота од 10 наутро!). Јас воглавно се појавував бидејќи не сакав после да одам да одработувам :)

После по музичко цел клас земавме слушатели на музика а по ликовно посетители на музеи (овие мислам дека беа задолжителни активности) бидејќи никој не знаеше ништо да свири, нити да пее, нити да црта. Па и тука беа некакви термини пред час/после час, во петок/сабота од 21:00 - ако земеме вака ниеден термин не ни одговара :) Па после имаше и мир и толеранција, невладини организации (ова беше интересно) итн., да не набројувам.

Сметам дека активностите се потребни но само доколку ученикот има интерес за нив! Навистина се обврска, и покрај школо и на нив да се оди. Ако ученикот е заинтересиран за нив, нека ги посетува па да речеме нека има некаква корист од тоа, олеснување при оценување, допуштени отсуства од училиште и слично. И бидејќи како што се неорганизирани, цело школо во прва година се пријави на фотографија и училишен весник, фотографија ја укинаа бидејќи се пријавиле премногу (BONK) а училишен весник сите добија потпис на крај бидејќи воопшто не се ни спроведе!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom