Еве полека се кристализираат работите. Човекот се обидел да направи cover-up, испадна дека имало сведок. Отишол во поливија се пријавил. МВР го заведува случајот како убиство и му покренува кривична. Се си оди по ред, нема масони и илуминати. Само човечкиот живот нема да се врати назад.
И треба да се протестира, за да не ни се случуваат вакви работи повеќе. Тоа е сосема легитимно и нормално. На форумов на повеќето не им се јасни елементарни работи, како што е право на простест. Зошто воопшто пишувате за работи за кои немате никакви познавања? Ова не важи за цитираното, последниов пасус е општо за последниве неколку страни на темава и глупостите што се истрескаа.
Ова звучи многу едноставно, но...
Пак, две сценарија:
1. Стварно сам се пријавил без никаков притисок а притоа никој не знаел дека е он виновен за настанот.
2. Ако се водиме по изјавите на сведоците(кои до сега, се што кажаа испадна точно, со мали грешки во идентитетот, иако до вчера го правеа некои како сценарио), на убиецот му помогнале негови колеги. Верувам дека според нашите закони(не сум правник) ако се изврши убиство или претепување на осомничен иако полицаецот ти е колега мора да го приведеш или да го пријавиш случајот. Кај нас од 2-3 по полноќ до 16:00 немаа никакви информации за такво лице што било убиено или нешто слично. Дали навистина сам се пријавил или бил приморан од старешината/колегите?
Ти го претстави ептен едноставно и според она што ти беше сервирано од МВР(истата институција што вчера изјави дека немало никакви знаци на насилство/надворешни повреди)
Ова се мои „теории на заговор“, некој ќе се сложи, некој не.
А за последниот дел, целосно се согласувам.
Јас се надевам дека ќе стигнам за последните саат време од протестот.