Ако уште не им е јасно на некои заради што тоа е во суштина целава работа од вчера...
еве...
„
Помагање на сторител по извршено кривично дело
Член 365
(1)
Тој што ќе скрие сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност или со прикривање на орудијата, трагите, предметите
или на друг начин ќе му помогне да не биде откриен или тој што крие осудено лице или презема други дејствија со кои се оди кон тоа да не се изврши казната, изречените мерки на безбедност или да не се применат воспитните мерки упатување во воспитна установа или во воспитно-поправен дом,
ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)
Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
(3) Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Казната за делото од став 1 не може да биде потешка според видот ниту според висината од казната пропишана за кривично дело извршено од сторителот на делото.
(5) Нема да се казни за делото од ставовите 1, 2 и 3 лице на кое сторителот му е брачен другар, крвен сродник во права линија, брат или сестра, посвоител или посвоеник или лице кое со сторителот живее во трајна вонбрачна заедница.“
Во врска со КД. Убиство по чл.123 од КЗ..
„
Член 123
(1) Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што:
1) друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин,
2) друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство,
3) друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност животот на уште некое лице,
4) друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди,
5) друг ќе лиши од живот по порачка,
6) ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице и
7) ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.
(3) Со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој кој со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено, освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3), член 10 став (3) и членовите 124, 125 и 127.
А да/.... и ова ќе го заборавев... во случај да пак не им е јасно... в.в. со КД по чл.123 ст.1 ;-)...
„
Спречување или смеќавање јавен собир
Член 155
(1)
Тој што со сила, сериозна закана, измама или на друг начин
ќе спречи или ќе смеќава свикување или одржување мирен јавен собир, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)
Ако делото од став 1 го стори службено лице со злоупотреба на својата службена положба или овластување, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
“
Ова особено
Непријавување кривично дело или сторител
Член 364
(1)
Службено лице кое свесно пропушти да пријави кривично дело за кое дознало во вршењето на својата должност, ако за тоа дело според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а делото се гони по службена должност, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години.
(2)
Со казната од став 1 ќе се казни тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело од членовите 123, 141, 142, 158, 162, 165, 165-а, 186, 187, 188, 215, 216, 231, 232, 236, 237, 238, 258, 259, 268, 269, 273, членовите 305 до 326, 348, 349, членовите 353 до 362, 382, 383, 394, 394-а, 396 и членовите 403 до 422.
(3) Нема да се казни за делото од став 1 и став 2 лице на кое сторителот му е брачен другар, крвен сродник во права линија, брат или сестра, посвоител или посвоеник или лице кое со сторителот живее во трајна вонбрачна заедница.