Викам јас не сте многу различни со другарот (ебате левата реторика) темплар. Дури и двајцата селективно гледате. Тој го гледа Љуми, ти гледаш народ или дел од народ. На кој нели, му фали кичма, па сега влегол во фаза да ја расне. И ако, нема ништо лошо во тоа, легитимно е. Само нема потреба од правење илузии за суштинска разлика на двете страни на истата паричка.
Добро, ајде, ќе го оправаме ова у 5 сабајле.
Разбирам дека овде ја и ти имаме проблем со дефиницијата. Тој проблем има три битни моменти. Првиот е дека
другарот(ете ти егзотична верзија) темплар инсистираше на целосно обединување, буквално толкување на поимот. Затоа што само буквалниот го носел легитимитетот. Таков народ е мисловна именка. Такво нешто никогаш немало. Незамисливо е и глупо. Нешто толку базично да не успееш да разбереш, чудно ми е...
Вториот битен момент е оној каде народот, во цивилизациска смисла, ја наследува историската лекција сосе последиците. Овде ќе земеме два примери. Еве, нека се француската револуција и Чаушеску. И во двата случаи имаш дел од народ кој земал да сече глави и да пука на плоштад. Историјата заслугата ја препишува на францускиот и романскиот народ. Во нивната историја, тоа се моменти кои помалку или повеќе, го изградиле темелот на плурализмот и демократијата. Колку и да објективната страна вели дека се работело за одредена група, од која дел биле вандали, од која во Франција можеби имало и некои притаени ројалисти, некоја верзија на денешниве соросоиди, цел пакет од тие случувања е историско наследство на цел народ, на сите понатамошни генерации, на сите трети, четврти и петти републики...на сите Романци вон и во ЕУ. Нешто толку базично да не успееш да разбереш, чудно ми е...
Третиот битен момент е дека и покрај ова, никогаш нема да успееме да се разбереме ние двајца, затоа што ти размислуваш партиски, не граѓански.
Другарот темплар тврди дека е неопределен, па редно беше да му објаснам дека можеби несакајќи, на ова гледа и размислува партиски. Ние двајца нема потреба да ја тераме таа дебата, ти секогаш ќе одбереш да гледаш партиски и многу од овие суштински разлики ќе ти изгледаат како две страни од иста паричка, страни од паричката на која се противниците на оваа гарнитура, кои во пакет мора да се изгазат. Тоа не ме чуди, ама барем со дефиницииве да расчистиме. Не чини, умен човек, базични работи да не разбира.
