Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
B

Borg_Drone

Гостин
A како ти звучи ,,Секој е невин додека не се докаже спротивното,,?
За мене Спасов не ниту виновен, ниту невин, зошто нема проверлив доказ. Или има? Ако има, би било фино да знаеме кој е тој.
А што се однесува до ,,таборот,, ниту за тоа немаш докази... се е само шпекулација.
За тебе не е, за „Судот на Република Македонија“ е виновен.А чим вели дека е виновен значи има докази, во спротивно немаше да го осудат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.826
Поени од реакции
8.841

А нели судството има двоен аршин? Чекај полека. Поназад на темава и тоа се разглабаше.
И како тие што протестираа да бидат задоволни со пресудата? Дали една неправда се лекува со (можеби) друга неправда?
Како што реков - кога не можеш по магарето, удри по самарот.

Докази нема за ништо, ниту тоа што го снашло Мартин е познато, ниту вината на Спасов, ни кој стои позади, ни дали стои...

Времето ќе покаже ;)
 
Чекај си на времето.Кој чекал, дочекал.Ако нема докази за неговата невиност тогаш дискусијата воопшто не е потребна.Мајката на Мартин фино го праша во судница:„Кој е“? Сега он ако решил да молчи тогаш нема што да се брани.Веќе напишав, можеби а можеби и не е виновен.Што значи сето ова се сведува на мојот збор против твојот
За двојните аршини на судството во друга тема, ама многу си контрадикторна со тоа што го пишуваш.За тоа во друга тема, кога ќе се отвори тема за судството....
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Оф леле, што зборите појма кога немате не ми е јасно.
жими ашимот таман кој таман бе како прво игор спасов не бил сам како второ не сакал да го убие а осуден е ко да го тепал за да го убие (значи ко да го планирал убиството) што нема смисла
па не е баш лош пример ама океј .... убиството не било со умисла тоа е тоа случајно е убиен тепан бил и умрел дур го тепале(како србинот во охрид) казната не би требала да му биде поголема од 7-8 години(не сум правник еве нека каже некој правник колку е за такво убиство) факт е дека не е со умисла а суден е за тоа 0.о и кај е тука правдата ?
Кај врска немаш што е убиство со умисла, па уште и силен се правиш, па уште и лајкови од Пумата, па па па, абре милина е да ја читаш темава :tapp:
Умисла
Член 13
Кривичното дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и го сакал неговото извршување или кога бил свесен дека поради неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување.
Нема потреба да се објаснува, специјалец е свесен дека само со еден бокс може да усмрти момче, особено момче со конституција како Мартин. И готово, убиство со умисла е, без разлика што вас не ви се допаѓа.
Мартин се гушел во сопствената крв, алооооооооооооооо, имате ли совест вие? Или евентуално капацитет само малце пошироко да размислите?
А нели судството има двоен аршин? Чекај полека. Поназад на темава и тоа се разглабаше.

И како тие што протестираа да бидат задоволни со пресудата? Дали една неправда се лекува со (можеби) друга неправда?

Како што реков - кога не можеш по магарето, удри по самарот.

Докази нема за ништо, ниту тоа што го снашло Мартин е познато, ниту вината на Спасов, ни кој стои позади, ни дали стои...

Времето ќе покаже ;)
Што е неправда бе девојче? Убиство со умисла е, има среќа Спасов што не го квалификуваа и како свирепо. И дај изјасни се, одеше на судењето, беше на сите рочишта? Ги виде и слушна сите сведоци, имаш правно искуство како судија над 10 години, па вака лесно да објаснуваш овде што било праведно?
И не знам како не ти здосади цело време да објаснуваш едно те исто, ок, ти го знаеме ставот, оправдано е убиството, никој друг не е крив, МВР е најдобро министерство, ние што протестиравме сите сме соросоиди, Сител е најобјективна телевизија, Јанкуловска е најдобар министер, живееме во розов свет итн итн...
 
Хммм, цитат или не е вистина болдираното.

Јас не знам, барам некој што знае (нели тие што протестираа) да каже, а нема таков. Како знаете? На кој начин?
Нели судството не е праведно - зошто сега е праведно, како ве убедија?

Или сепак одиме со поговорката? Мене никој од тие двајца не ми е ништо, но, некој дозволи да биде ,,замачкан,,.
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 18:02 ---
Чекај си на времето.Кој чекал, дочекал.Ако нема докази за неговата невиност тогаш дискусијата воопшто не е потребна.Мајката на Мартин фино го праша во судница:„Кој е“? Сега он ако решил да молчи тогаш нема што да се брани.Веќе напишав, можеби а можеби и не е виновен.Што значи сето ова се сведува на мојот збор против твојот
За двојните аршини на судството во друга тема, ама многу си контрадикторна со тоа што го пишуваш.За тоа во друга тема, кога ќе се отвори тема за судството....
Има многу варијанти на можеби.
Само за ништо нема доказ, или ако има - скриен е.

Спасов молчи зошто мора, или зошто лаже.
Но лицемерно е да барам правда, а потоа да не ја проверам истата, барем за мене.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Хммм, цитат или не е вистина болдираното.

Јас не знам, барам некој што знае (нели тие што протестираа) да каже, а нема таков. Како знаете? На кој начин?
Нели судството не е праведно - зошто сега е праведно, како ве убедија?

Или сепак одиме со поговорката? Мене никој од тие двајца не ми е ништо, но, некој дозволи да биде ,,замачкан,,.

Има многу варијанти на можеби.
Само за ништо нема доказ, или ако има - скриен е.

Спасов молчи зошто мора, или зошто лаже.
Но лицемерно е да барам правда, а потоа да не ја проверам истата, барем за мене.
Солиден трик пробуваш да исспинуваш, демек јас ништо не знам, ама знам дека не сте вие во право.:гик:
Кога веќе наводно те интересира, биди отворена и за одговори што нема да ти се допаднат. И многу се контрактидикторни твоиве напори да докажеш дека нешто е скриено. Па да де, тоа цело време се збореше, затоа започнаа протестите, дека некој сакаше да скрие, и за наша жал, успеа.
Мене никој не ме убедил дека правосудството е праведно, и тврдам дека НЕ Е! Штом за цела оваа работа само Спасов го изеде, јасно е колку е праведно, да не почнувам да објаснувам за обвинителството.
И само ова ме интересира, како те молам ти планираш да ја провериш правдата? :pos:Сериозно, не ти ја разбирам потребата од тролување, ама твоја работа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Има многу варијанти на можеби.
Само за ништо нема доказ, или ако има - скриен е.
Jас веќе напишав, нема потреба тогаш од шпекулации кога немаш докази, а и самиот Спасов не понудил некакви докази со кои може да ја потврди својата невиност.А од друга страна имаш судски процес каде се понудени докази против Спасов.Твоето може да дојде и вака: „Спасов молчи зошто е виновен, а пред фактите и боговите молчат“.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.826
Поени од реакции
8.841
Jас веќе напишав, нема потреба тогаш од шпекулации кога немаш докази, а и самиот Спасов не понудил некакви докази со кои може да ја потврди својата невиност.А од друга страна имаш судски процес каде се понудени докази против Спасов.Твоето може да дојде и вака: „Спасов молчи зошто е виновен, а пред фактите и боговите молчат“.
Да, токму тоа и јас го кажав - дека молчи или зошто се плаши, или зошто лаже. Јас сепак не можам да сфатам зошто нема никаква казна (или барем опомена) за полицајците кои биле тука, биле со него, и го пуштиле да си замине. За почеток, не ми е јасно тоа. Некако инстантно ми е судењево - но точно, јас не сум ни адвокат, ни судија...

Очекувам и другите кои не се ни едното, ни другото, да не објаснуваат за ,монтирани, судски процеси, кога овој им изгледа сосема правилен.
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 00:36 ---
Солиден трик пробуваш да исспинуваш, демек јас ништо не знам, ама знам дека не сте вие во право.:гик:
Кога веќе наводно те интересира, биди отворена и за одговори што нема да ти се допаднат. И многу се контрактидикторни твоиве напори да докажеш дека нешто е скриено. Па да де, тоа цело време се збореше, затоа започнаа протестите, дека некој сакаше да скрие, и за наша жал, успеа.
Мене никој не ме убедил дека правосудството е праведно, и тврдам дека НЕ Е! Штом за цела оваа работа само Спасов го изеде, јасно е колку е праведно, да не почнувам да објаснувам за обвинителството.
И само ова ме интересира, како те молам ти планираш да ја провериш правдата? :pos:Сериозно, не ти ја разбирам потребата од тролување, ама твоја работа.
Трик? Не би рекла.
Не велам ни дека не сте во право, но барем во мојот живот, за што било, ми е потребен доволно цврст доказ. Некако наивно ми е да осудам некого на база на нечие сведочење, а да не зборувам дека никој не се поклопи во сведочењето, на колегата секој одговор му беше ,,не знам,, , божем прв пат во животот тука во судница се гледаат.

Јас не ја барам невиноста на Спасов, но не наидов на ниту еден сосема цврст доказ - и тоа ме наведува на сомнеж. А токму тоа е одговор кој не ми се допаѓа - ЗОШТО некого осудија толку лесно и наивно (а тука мислам на оние кои ги гласав), и зошто сите се задоволни со пресудата? Јас (лично) не сум сигурна дека Спасов е единствениот, или дека е воопшто убиецот - кога веќе знаеш право многу подобро од мене, еве, мене објасни ми кој беше тој цврст и неоспорен доказ? Или целта беше само некој да се осуди? Дали јас пропуштив нешто?
И еве кажи ми, колку е значаен сведокот на суд - посебно кога е контрадикторен?

Спасов можеби молчи од страв, или лаже - зарем не треба иста одговорност (и морална, и кривична) да имаат оние кои лажеле при сведочењето?

И за крај - интуицијата ми вика дека братот е ептен матен лик во приказната.

Но тоа е што е - Спасов ќе си одлежи и како што кажав - времето ќе покаже.

Правда не можам да проверам, но докази можам. Слика, отпечаток, плунка, пот, остатоци од кожа под ноктите на жртвата (која сигурно се бранела), облеката на обвинетиот (која сигурно има остатоци од крв и др.), неговите чизми, со кои го клоцал момчето - каде се? Дали имаше форензички докази? Јас не најдов, дали немало, или јас сум ги пропуштила, или едноставно се скриени - не знам. Знае ли некој?

И ако тролување е секое неконформистичко мислење, тогаш форумот очигледно има погрешна намена.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Puma, ako ne ti e jasno kako treba da funkcionira seto ova, izglej go A Few Good Men so Tom Cruise i Demi Moore, da vidis sto e kaznuvanje za slicna situacija ;)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Да, токму тоа и јас го кажав - дека молчи или зошто се плаши, или зошто лаже. Јас сепак не можам да сфатам зошто нема никаква казна (или барем опомена) за полицајците кои биле тука, биле со него, и го пуштиле да си замине. За почеток, не ми е јасно тоа. За почеток, не ми е јасно тоа. Некако инстантно ми е судењево - но точно, јас не сум ни адвокат, ни судија...
Кога веќе ова го напишавме и кога веќе и самиот напишав дека можеби е вистина а можеби е лага, но дека доказите во моментов говорат против него тогаш зошто упорно возвраќаш кога се согласуваш со мене?.....Што се однесува до следниот дел: и мене додуша не ми е јасно , но тоа не го брише фактот дека Спасов го убил Мартин.Веќе и погоре ти напишаа, судството и е корумпирано не е сјајно, за некого судските процеси се мајка, за некого маќеа но постојат докази во овој случај, и тука колку и да е корумпирано судството не може против нешто за што се има докази.За овој случај Спасов е виновен зошто има докази, сега зошто не се уапсени или казнети неговите колеги тоа најверојатно тука учествува некоја „натприродна“ сила, организирана од некој трет.Сега тоа што Спасов има докази за неговите колеги а не сака да ги прикаже (тоа не знам а можеби и нема) тоа е негова вина.На крај крајава ако мисли дека тука не може да ја најде правдата, нека ја бара он по меѓународните институции............Тука ни Н.Г., ниту пак Гордана Јанкуловска не можат нешто да сторат откако Спасов ќе ги предаде тие докази на некој меѓународен орган.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Судијата дискреционо одлучува кои сведочења ќе ги зема предвид, кој сведок го дисквалификува и сл. Како сведоци беа и вештите лица што вршеле обдукција, и докторката. И земи ја и пресудата и таму читај кои докази се земени предвид. Ако те интересира толку, земи читај кривичен законик.

А од каде на тебе право да инсуинираш за членовите на оштетеното семејство само ти си знаеш и нека ти служи на чест. И после не си осудувала :facepalm:. Не продолжувам со дискусија, дегутатно ми е да шпекулирам за било чие семејство.
 
Јас немам грижа на совест зошто некој ми е сомнителен во некое дејство. Од каде на сите вас право да шпекулирате дека министерката баш знаела? Можеби со некој од вас лично зборуваше, ви кажа... кој знае.

Целата работа се сведе на шпекулации, но јас немам намера да глумам нешто за да соберам лајкови на Кајгана.
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 16:09 ---
Кога веќе ова го напишавме и кога веќе и самиот напишав дека можеби е вистина а можеби е лага, но дека доказите во моментов говорат против него тогаш зошто упорно возвраќаш кога се согласуваш со мене?.....Што се однесува до следниот дел: и мене додуша не ми е јасно , но тоа не го брише фактот дека Спасов го убил Мартин.Веќе и погоре ти напишаа, судството и е корумпирано не е сјајно, за некого судските процеси се мајка, за некого маќеа но постојат докази во овој случај, и тука колку и да е корумпирано судството не може против нешто за што се има докази.За овој случај Спасов е виновен зошто има докази, сега зошто не се уапсени или казнети неговите колеги тоа најверојатно тука учествува некоја „натприродна“ сила, организирана од некој трет.Сега тоа што Спасов има докази за неговите колеги а не сака да ги прикаже (тоа не знам а можеби и нема) тоа е негова вина.На крај крајава ако мисли дека тука не може да ја најде правдата, нека ја бара он по меѓународните институции............Тука ни Н.Г., ниту пак Гордана Јанкуловска не можат нешто да сторат откако Спасов ќе ги предаде тие докази на некој меѓународен орган.
Се е тоа во ред, но се вртиме во круг - кои се тие докази? Зборувам за неоспорни докази, а такви во јавноста - не видовме. Можеби има, а можеби и нема.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Се е тоа во ред, но се вртиме во круг - кои се тие докази? Зборувам за неоспорни докази, а такви во јавноста - не видовме. Можеби има, а можеби и нема.
Епа чим се вртиме во круг што возвраќаш упорно?Си зборувала за неоспорни докази?Па ти ако не си видела во јавноста, не значи тоа дека нема неоспорни докази.Јас не можам лично да ти ги понудам тие докази, ама чим ги има судот нема тогаш зошто да говориме.Никој не може да биде осуден ако нема докази за нешто.Спасов ако е толку невин, нека ја бара правдата надвор има меѓународни институции веќе напишав.Ако толку (како што тврди дека е) е невин и знае дека нашево судство е корумпирано тогаш што воопшто се обидува да реши нешто што не е возможно во нашиве судници (според него) ?Нека оди надвор нека ја бара правдата, ако знае дека има докази......
 
Забавно е да гледаш како од една страна некој бара правда, а од друга, вика ,,секој нека си го бара чарето за себе,,. Докази не барам од тебе, но, барем за мене, во целиот случај има повеќе лицемерие од што било, и тоа не само од страна на судските органи.
Лично, дури налудничаво ми е да верувам дека судот осудува зошто има ,,неоспорни докази,, , повеќе ми делува дека осудил, само да ја смири толпата што урлаше низ Центар.
Но, залудно е повеќе да натегаме, Спасов ќе си лежи, Мартин нема да се врати.

Поздрав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom