Jас веќе напишав, нема потреба тогаш од шпекулации кога немаш докази, а и самиот Спасов не понудил некакви докази со кои може да ја потврди својата невиност.А од друга страна имаш судски процес каде се понудени докази против Спасов.Твоето може да дојде и вака: „Спасов молчи зошто е виновен, а пред фактите и боговите молчат“.
Да, токму тоа и јас го кажав - дека молчи или зошто се плаши, или зошто лаже. Јас сепак не можам да сфатам зошто нема никаква казна (или барем опомена) за полицајците кои биле тука, биле со него, и го пуштиле да си замине. За почеток, не ми е јасно тоа. Некако инстантно ми е судењево - но точно, јас не сум ни адвокат, ни судија...
Очекувам и другите кои не се ни едното, ни другото, да не објаснуваат за ,монтирани, судски процеси, кога овој им изгледа сосема правилен.
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 00:36 ---
Солиден трик пробуваш да исспинуваш, демек јас ништо не знам, ама знам дека не сте вие во право.
Кога веќе наводно те интересира, биди отворена и за одговори што нема да ти се допаднат. И многу се контрактидикторни твоиве напори да докажеш дека нешто е скриено. Па да де, тоа цело време се збореше, затоа започнаа протестите, дека некој сакаше да скрие, и за наша жал, успеа.
Мене никој не ме убедил дека правосудството е праведно, и тврдам дека НЕ Е! Штом за цела оваа работа само Спасов го изеде, јасно е колку е праведно, да не почнувам да објаснувам за обвинителството.
И само ова ме интересира, како те молам ти планираш да ја провериш правдата?
Сериозно, не ти ја разбирам потребата од тролување, ама твоја работа.
Трик? Не би рекла.
Не велам ни дека не сте во право, но барем во мојот живот, за што било, ми е потребен доволно цврст доказ. Некако наивно ми е да осудам некого на база на нечие сведочење, а да не зборувам дека никој не се поклопи во сведочењето, на колегата секој одговор му беше ,,не знам,, , божем прв пат во животот тука во судница се гледаат.
Јас не ја барам невиноста на Спасов, но не наидов на ниту еден сосема цврст доказ - и тоа ме наведува на сомнеж. А токму тоа е одговор кој не ми се допаѓа - ЗОШТО некого осудија толку лесно и наивно (а тука мислам на оние кои ги гласав), и зошто сите се задоволни со пресудата? Јас (лично) не сум сигурна дека Спасов е единствениот, или дека е воопшто убиецот - кога веќе знаеш право многу подобро од мене, еве, мене објасни ми кој беше тој цврст и неоспорен доказ? Или целта беше само некој да се осуди? Дали јас пропуштив нешто?
И еве кажи ми, колку е значаен сведокот на суд - посебно кога е контрадикторен?
Спасов можеби молчи од страв, или лаже - зарем не треба иста одговорност (и морална, и кривична) да имаат оние кои лажеле при сведочењето?
И за крај - интуицијата ми вика дека братот е ептен матен лик во приказната.
Но тоа е што е - Спасов ќе си одлежи и како што кажав - времето ќе покаже.
Правда не можам да проверам, но докази можам. Слика, отпечаток, плунка, пот, остатоци од кожа под ноктите на жртвата (која сигурно се бранела), облеката на обвинетиот (која сигурно има остатоци од крв и др.), неговите чизми, со кои го клоцал момчето - каде се? Дали имаше форензички докази? Јас не најдов, дали немало, или јас сум ги пропуштила, или едноставно се скриени - не знам. Знае ли некој?
И ако тролување е секое неконформистичко мислење, тогаш форумот очигледно има погрешна намена.