Како што е веќе познато, ама баш никој нема никакви докази, сведоците се најневалидниот доказ на суд (го знаеш оној вицон ,,пушко, те знаев од кога беше пиштол,,?).
За вториот дел, и јас го напишав истото, не знам зошто воопшто се обидуваш да ,,контраш,, кога се согласуваме. Дека не смееле да го тепаат, туку да го спречат без да го повредат, се додека не извади оружје.
А инаку, НГ беше кажан како пример, без оглед кој е на власт, зборувам за највисоката власт, не знае што се случува во средните редови, зошто државата и нејзините проблеми не се девијантен младич и незрел џандар. Тоа не е работа на премиер, претседател...
Од тој аспект, не се ни сомневам дека ГЈ немала поим што се случува, до наредниот ден вечерта, од проста причина што било криено и од неа. Или мислиш дека министерот ги знае сите поедини активности на секој џандар?
За мене, Спасов и понатаму е осуден без доволно докази, на највисоката можна казна, и оние кои протестираа за ,,правда,, ако оваа казна ја прифатат, се понижуваат самите себе и сами си мачкаат очи. Кога не можеш по магарето, удри по самарот, ама битно удри.
И исто така, ти беше тој што ги познаваше дечките? Сомнителен ми е она братон, и тоа многу. Ама бидејќи ти ги знаеш нивните добри и лоши страни, веројатно знаеш и подобро од мене на што е подготвен тој.......