- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 2.806
- Поени од реакции
- 3.062
абе ова е изјавата.. тој што сака може да каже. Катастрофа ќе биде ако не биде осуден за убиство и БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕВИН е тогаш ние пак ќе протестираме.
Многу јасно дека нема да биде осуден за убиство, не знам зошто ве изненадува сето тоа, не е прв случај ова.абе ова е изјавата.. тој што сака може да каже. Катастрофа ќе биде ако не биде осуден за убиство и БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА НЕВИН е тогаш ние пак ќе протестираме.
Види ја срцка а? Љубител на кошарката, и вистински патриот зошто им оддаде почит на Македонските херои. Нема шанси таа да е виновна за некакво заташкување...Многу јасно дека нема да биде осуден за убиство, не знам зошто ве изненадува сето тоа, не е прв случај ова.
Против кого ќе протестираме?
Против оваа?
Живееме во свет на случајности. И во свет во кој рајата има gold fish memory span.Види ја срцка а? Љубител на кошарката, и вистински патриот зошто им оддаде почит на Македонските херои. Нема шанси таа да е виновна за некакво заташкување...
Живееме во диктатура, само кој колку го гледа тоа.Живееме во свет на случајности. И во свет во кој рајата има gold fish memory span.
Не може да биде осетливо нешто што не го гледаат или имаат пречки да го видат и кога им го сервираш.Но не би сакал да навлегувам во целата “леб и игри“ димензија, премногу осетлива тема за рајата е последно време, знам само дека Бразил има полициски death squads и пет титули светски првак во фудбал...
Стара шема е таа и функционира бајаги време по светот, рајата овдешна е гладна за спортски успеси со кои поединецот ќе се почуствува како дел од нешто “поголемо“ и ќе стане дел од колективната радост и масовна еуфорија, се идентификува со нешто позначајно од секојдневието. Осетливо е бидејќи секој кој ќе се обиде да посочи на некои работи станува предавник во hive mind атмосферата.Не може да биде осетливо нешто што не го гледаат или имаат пречки да го видат и кога им го сервираш.
Одвреме на време ќе се појави некој блесок, како кошаркарите, па ќе се извади некој скандал, и така времето се купува, за нешто повеќе од 5 денари...
"да живееме во диктатура каде што овие што се на власт се вејќе 30 години, и нема избори каде што народот може да гласа"Живееме во диктатура, само кој колку го гледа тоа.
Да ми кажеше некој немаше да верувам ама понекогаш е доволна само една фонтана за да се прогледа се низ прсти.
Непоправлив оптимист си ако стварно мислиш вака. Јас мислам дека на крај од истерување на правдата за Мартин ќе се откажат и најблиските, за жал.Но, ова вечно нема да трае, сакал некој или не, полека но сигурно нештата ќе се менуваат ( тоа е процес кој доаѓа под дифолт, некаде споро се одвива некаде не ), не алудирам на смени на власт блаа блаа политика блаа блаа, туку на тоа дека едноставно народов ќе го свати вистинското значење на зборот '' демократија '' и вакви малоумни работи нема да поминуваат, не дека народот тоа ќе го спречи, него воопшто, оној кој што ќе биде на власт нема ни да се осуди да помисли на вакво нешто, а камоли да се обиде да го реализира.
А овој процес, за жал, започна со убиството на Мартин, се заебале ако мислат дека ќе се седи со скрстени раце и во иднина.
Мислата ти е пре идеална за општество во какво што ние живееме. Особено дека народот владее.невероватни фантастични глупави мислења споделувате на форумов ( за оние кои викаат диктатура )
извинете што користам непристоен израз ама ај ве молам објаснете ми како тоа живеете во диктатура? колку партии има во македонија? повеќе од една нели? значи не е диктатура туку демократија ( каква е друг муабет ). кога идете на гласање имате над 30 партии како што кажа погоре џонсон.. тоа што моментално се на власт едните а не другите или третите или десетиите е изборот на народот! никој со сила неможе да прислика да гласа за јанко станко петко митко и така натака.. и притисок да ти вршат ете кој и како ке докаже дека си гласал за едните другите третите или петите?? ве молам луѓе - смешни сте дефинитивно!
ваков чин може да се деси без разлика кој е на власт а кој не е.. и ако некој пробува да го затаи случајот да го „прошверца“ низ судница или на било кој начин да го отфрли треба да реагира народот - народот е тој кој владее разберете го тоа еднаш засекогаш....
погледнете што се дешава - после победата над литванија од страна на македонската кошаркарска репрезентација за нецели 30 минути плоштадот се преполни со маса на граѓани кои повеќе од 75% беа млади! зашто народот не се договори и да искочи масовно на протести - протести кои ке бидат подржани од најмлади до најстари - тука се покажува силата на народот! проблемот е во тоа што кај нас ги има во изобилство таквите што „јадат смоки пред телевизор и фаќаат сеир“
толку од мене и искрено се надевам сваќате што ми е мислата.
П.С извинете за оф топик и извинете уште еднаш за болдирното зборче
везилка. општеството во кое живееме сами го креираме и сами кажуваме какво ке биде што ке биде како ке функционира и така натака.. а тоа дека народот владее точно е * проблемот е во тоа што кај нас наротод едноставно кажано го мрзи да искочи на протест за да смени некои работи и секогаш сака да се потпре на некој од власта. не е така ?Мислата ти е пре идеална за општество во какво што ние живееме. Особено дека народот владее.