Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ова ти се вика класично потценување на интелегенцијата на масата. Добро бе нафта ли пиеме ние!? Се прашувам само до каде ќе одат во обидите да го дискредитираат протестот само затоа што е насочен против нивната неодговорност према државата!?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Утре во колку саат ќе биде масовниот протест?
Од 12.00 кај Мајка Тереза ќе има концерт против полициската бруталност и стандардно од 18.00 изгледа ќе се шета низ улиците.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Не се тачни еј..ц.ц.ц... Овие немаат 2 грама мозок дури ни за лажирање. Дотичната Биљана никогаш се нема појавено на протестите, а сега глуми дека е одговорна. Врска нема.

Еве ви го Биљанчето како си гласа: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=76063
оваа е таа шо гласаше за првпат...у тројка :)
абе ветар во магла ко ќе се замешаат партиите и нивните лижигазиња мак медиумиве....
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.343
Поени од реакции
47.037
Ова ти се вика класично потценување на интелегенцијата на масата. Добро бе нафта ли пиеме ние!? Се прашувам само до каде ќе одат во обидите да го дискредитираат протестот само затоа што е насочен против нивната неодговорност према државата!?
Да ти ја преформулирам реченицата со која го отвори постот, ова ти е класично вреѓање на интелигенцијата на народот, и замисли, истото е направено од 18 годишна матурантка ...

бре !
 
М

Мартин`

Гостин
Е воа е веќе претеризам! бог да чува и да брани се партискиве војници (n)
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ​
СООПШТЕНИЕ
18.06.2011 година
Скопје​
Отворено писмо од Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод писмото испратено од страна на група граѓани​
Македонското општество е длабоко потресено од смртта на младиот Мартин Нешкоски. Ниту еден човек, родител, граѓанин на Македонија, не може да остане рамнодушен од овој настан. Семејството Нешкоски претрпе ненадоместлива штета, и сите ние како нивни сограѓани ја делиме нивната болка.​
Oдлуката на младите луѓе, поттикнати од оваа голема трагедија, да се ангажираат и да ги искажат своите ставови ја сметам за искрена иницијатива и искрена желба да се придонесе за подобрување на демократијата. Активистите кои се ангажираа на протестите или беа активни преку социјалните мрежи покажаа одговорност и сериозност. Но апелирам интернетот и социјалните мрежи да не се користат за промовирање на говорот на омразата. Се надевам дека овој вид на конструктивност ќе вроди со прогрес и унапредување на функционирањето на сите демократски институции во Република Македонија.​
Со внимание ги разгледав барањата и предлозите доставени по повод смртта на Мартин Нешкоски. Се придружувам во повиците овој случај да биде расветлен преку институциите на системот, согласно Уставот и законите, и одговорното лице или лица да бидат казнети, правдата да биде задоволена и да биде опомена за спречување на вакви трагедии во иднината.​
Секогаш сум поддржувал и сум учествувал во иницијативи за отворање на дебати како да се обезбедат повисоки стандарди на демократијата и слободата во Република Македонија. Тоа го правам и сега, особено кога такви иницијативи доаѓаат од млади луѓе. Вашата иницијатива, за отворање на дебата за работата на службите на редот и мирот и нивната работа и одговорност во рамките на законот и единствено во интерес на граѓаните, ја има мојата поддршка. Во интерес на сите нас е оваа дискусија да се води рационално. Македонија е доволно зрела демократија и отворено општество да овозможи сите граѓански иницијативи за подобрување на системот, да се артикулираат низ институциите. Јас, како Претседател на Република Македонија, сум подготвен да бидам активен учесник во оваа дискусија.​
Д-р Ѓорге Иванов​

Mислите дека човек што дал дефинизија: Семитизам е кога ги мразиш Евреите повеке од потребно може да напише вакво писмо?​
 
I

Iblis

Гостин
КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ​
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Д-Р ЃОРГЕ ИВАНОВ​

СООПШТЕНИЕ​
18.06.2011 година​

Или да или не, важно постои поддршка и од втора државна институција!
П.С. утре од колку саат и каде?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Утре во колку саат ќе биде масовниот протест?
Или да или не, важно постои поддршка и од втора државна институција!
П.С. утре од колку саат и каде?
Утре во 12:00 почнува концерт позади спомен куќата на Мајка Тереза, ќе трае отприлика до 16:00, па после се тргнува на протест. Секако, постојат шанси да се продолжи времето, во зависност каква ќе биде ситуацијата.
Рутата ќе биде низ рекорд, па по булевар Климент Охридиски до влада, па по мостот Гоце Делчев накај Мавровка, па накај Црвен крст и од таму пред Собрание. Ама и ова не е дефинитивно, имаше и предлози за во градски парк да се заврши, па ако утре се прифати, можни се корекции на рутата. ;)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Где ја живим, па добро бе могуќе ли е да има толко проста маса у овуј нашу државу, тој девојче има ли родители да гу видив што прави ...и искача пред камеру и мисли дека други што гледав нафту пиев, а и у коју другу државу се протестира пред опозицују неми е јасно, овој само овдека га има...!!!
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.092
Не се замарајте со тролови бе, џабе губење време
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Жално е што го злоупотребуваат девојчето Латас и компанија мршојадци, таа е само невина жртва гадно изманипулирана и искористена за нечија медиумска промоција и новинарска агенда.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Жално е што го злоупотребуваат девојчето Латас и компанија мршојадци, таа е само невина жртва гадно изманипулирана и искористена за нечија медиумска промоција и новинарска агенда.
Изманипулирана ?

Да не е искеширана...
 
T

Tetro

Гостин
Билјана Тодоровска е веројатно од Бутел 1 , чим гласа во „климент Охридски“.
--- надополнето: Jun 18, 2011 7:40 PM ---
http://www.facebook.com/profile.php?id=100000480055830

Еве ја, она е 100%
Зошто упорно и придавате важност?
Гледам и на фејсбук групите, главна занимација им е некое девојче кое научило да чита... на 18 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom