Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Зошто упорно и придавате важност?
Гледам и на фејсбук групите, главна занимација им е некое девојче кое научило да чита... на 18 години.
Сеа коа ми кажа, и јас се прашувам ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Не ебат у здрав памет...

И девојчето изгледа завршило во Моша...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
А зашто да не не' ебат? Кога организираме концерт додека протестираме изреволтирани од севкупноста и подреденоста на ситуациите во државава скапана откако беше загубен млад живот.

Њхѕ нот или во превод why not?
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Очигледно Билјана и пријателчињата го политизираат протест, а не другиве. Срамота.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Доста муабети за Билјана !!! Стварно не е вредна, обичен испран мозок ни стана главна тема овде ! Баталете ја
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Згодно чупе... може да ја номинираме во онаа тема “кого би сакале да видите во наредниот број на Плејбој“?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Првичните иницијатори на протестите направија добронамерна грешка што јавно не се идентификуваа како водачи на протестот. Едниот од нив што јавно проговори и замоли протестите да бидат мирни самиот кажа (парафразирам) „Ние не сме водачи“ или „јас не сум водач“. Целта им беше да не се истакнат, да останат понизни, дел од „обичните“ протестанти, да ја истакнат аполотичноста и да прикажат објективно чисти намери и мотиви за протест против полициката бруталност.

Но толкава маса без водство не бива. Дури и за искусни водачи е тешко да контролираат толкав број на луѓе, а камо ли пак некои релативно анонимни инцијатори во позадина. Затоа и се инфилтрираа луѓе како Билјана, под мотото: „штом немате официјален водач, еве ви водач, ајде сите пред СДСМ!“
А да поставеа официјален водач, или организационен одбор на протестите, тогаш поинаква ќе беше ситуацијата. Протестантите ќе знаеа кој е водичот и немаше да бидат заведени од лажни водачи.

Од она што јас имам во евиденција е дека првичниот фејсбук настан беше следниов: http://www.facebook.com/event.php?eid=191714867542280
Предходно имаше 2-3 администратори на настанот, а сега има само една која си го смени името во „Никој посебно“, веројатно за да го заштити својот идентитет. Јас знам која е оваа личност, но заради нејзината дискреција нема да ја откријам, но само ќе го потврдам она што сите го знаете: Таа не е Билјана Тодоровска и нема никакви допирни точки со неа.
Администраторот на тој фејсбук настан заедно со нејзиното друштво се апсолутно политички необоени личности.

Официјална веб страна на протестите е: http://protestira.me
Гледам организаторите ја повторуваат, според мене, грешката и таму на главната страна (горе десно) напишале:

„Ова не е вебсајт на организаторите на протестите бидејќи такви нема. Ова е само агрегатор на содржини што граѓаните сами ги прават.“

Ова е илузија. Не може да нема организатори. Некој мора да организира, инаку ќе биде тотален хаос. Некој мора да ја одреди мапата на движење, некој мора да ги собира и организира парите, некој мора да ги организира трибините итн. Можеби се во поширок состав, ама тоа не значи дека нема. Подобро да пишат ние сме организатори, ама сакаме да се заштитиме и затоа остануваме анонимни - ако е воопшто можно да се остане анонимен во ваква работа. Признавам не е така лесно. Навистина е потребно храброст и сила да се организираат вакви протести, особено заради лукавите напади на политичките партии. Ако се остане анонимен, тоа е плодна почва за лажни „водачи“ да се појават на сцената и да го сменат курсот на протестите.
 
M

Moon Child

Гостин
Нека му е лесна земјата на момчето, не бев многу упатена за случајов, па сега малку ја прочитав темава ... Жално навистина, иако мислам дека сеуште се кријат некои лајна во позадина, како и да е, нема да го вратиме назад изгубениот живот, но имаме право да искажеме револт кон она што се случува. Уште што не прочитав на темава, дека дечкото бегал од школо и таквите биле потенцијални криминалци (?) до тоа дека бил од дисфункционално семејство (? пак). Каква врска има тоа, дали треба да биде убиено ? Кој е оној што изигрува главен на туѓ живот? И да ве запрашам вас што ве вбројав во примерите, дали вие имате совест, нели се читате и нели заклучивте дека на некој начин го оправдувате убиството ?
Се надевам дека овакви немили настани во иднина нема да се случуваат, иако веќе еден живот згасна. Нрка почива во мир момчето, сочуство до фамилијата ...
 

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
До сега на протестите требаше да се запалат заедно знамињата на ВМРО и СДСМ па после нека кажат нешто за протестите дека се политизирани !!
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
До сега на протестите требаше да се запалат заедно знамињата на ВМРО и СДСМ па после нека кажат нешто за протестите дека се политизирани !!
Ќе измислеја нешто друго. Ќе речеа од ЛДП дека сме, па дури и од ДУИ. Ова е одвратна држава со одвратен народ. Ми се гади што го дишам истиот воздух со некои личности.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ќе измислеја нешто друго. Ќе речеа од ЛДП дека сме, па дури и од ДУИ. Ова е одвратна држава со одвратен народ. Ми се гади што го дишам истиот воздух со некои личности.
Не можеш така да генерализираш, има и прекрасни луѓе исто како што има и тешки гадови.

Лоши луѓе има секаде ама посебно во сиромашни земји каква што е нашата злобата, зависта и себичноста биваат посебно приметливи и стануваат едни од доминантните особености на мнозинството и затоа ти се чини дека се сите такви односно дека е народот одвратен.

Во глобала нашиве луѓе не се ни претерано лоши туку се овци па што каже овчарот тоа го прават.

А дека не е убаво не е...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Кога почнува протестот денес не можам точно да се информирам а планирам да летам за Скопје и сакам да присуствувам таму, anyone? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom