Реакција на одговорот на МВР по доставената претставка
Posted on June 16, 2011 by Протестира.ме
Ние Граѓаните на РМ, кои веќе 10-ти ден протестираат на улиците во Скопје би сакале да се заблагодариме за ажурноста и брзиот одговор на Министерството за внатрешни работи по основ на нашето протестно барање против полициска бруталност. Но, иако тоа ја докажува нивната спремност за брза реакција, сепак, како група млади луѓе целосно ослободени од било каков притисок, воопшто не сме задоволни од одговорите на МВР по основ на нашите барања, туку сме згрозени од иронијата и цинизмот на одговорот кој не доликува на формален одговор од државна институција.
Дополнително, МВР во едно од своите соопштенија за јавност во текот на вчерашниот ден призна дека до 2006 година работело под влијание на СДСМ, а од 2006 година е под влијание на ВМРО ДПМНЕ, оттука не ни е јасно со кој рационален аргумент може да се спротистават на иницијативата за Независен систем на контрола од страна на независна група граѓани.
Исто така сме особено разочарани од нивото на свесност на МВР за концептот на човекови права. За МВР човековите права се гарантирани затоа што сме добиле визна либерализација и затоа што Македонија членува во поткомитетот против тортура при ОН. Тоа е точно ако човекови права значат закон за државјанство, Охридски рамковен договор и пар стратегии за заштита на Роми (условите за визна либерализација под 4 точка), и ако Буркина Фасо и Мексико ги сметаме за земји каде се почитуваат човековите права, бидејки и овие две земји учествуваат во поткомитетот против тортура при ОН.
Имено, својот одговор МВР повторно го насочува кон партиски војници и го потврдува својот став дека светот е црно-бел. Дали припадниците на МВР заборавија дека некогаш и тие беа млади, убави и независни?
Во нашиот свет има многу бои и слободна критичка мисла, затоа во следниот период ќе доставиме коментар по однос на одговорите на нашите барања доставени од МВР.
Воедно би сакале да го увериме полицискиот синдикат дека во нашите барања јасно стои нашиот став за повторно регулирање на одредени норми и правила кои очигледно не функционираат во нашиот правен систем, без притоа да го напаѓаме целиот полициски состав. Критиката и преиспитувањето се основни човекови постулати олицетворени во максимата “повторувањето е мајка на знаењето”. Затоа ќе Ве замолиме уште еднаш да ги прочитате нашите барања со здрав разум и чиста мисла и да ни се придружите во креирањето на подобра идинина бидејќи и ние сме