Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Clint Eastwood

I'm watching you!
Член од
13 декември 2009
Мислења
622
Поени од реакции
211
inerten,nezainteresiran,seirdziski,uplasen,podelen e makedonskiot narod.dodeka edni protestiraat,drugi fakjaat seir po kafici,ili od doma preku tv!namesto na normalni protesti za zastita na covekovi gragjanski prava,za osuda na cinot na svirepoto i grozomorno ubistvo na mlad covek koj povekje ne e megju zivite vo glaven grad od 600 000 ziteli da iskocat 15,20,25 000 lugje od site vozrasti,od site profesii,od site partii,ovde se zbori za 1000,1500 lugje vkupno...zalen narod sme,zalna "drzava" sme...
ako vo makedonija te istepa policija-taka treba!ako te kaznat za banalnost-toa ti e za pamet!ako iskocis da protestiras-zaveden si od politicka partija!ako si navecer u park-mora da si alkoholicar ili narkoman!ako si navivac-mora da si bitanga i asocijalen tip!.....ovde ne mozes i ne smees da imas razum,svest,ovde mora da si ovca i da si kjutis dodeka nekoj te strize i molze...
p.s./ako po nekoja slucajnost ova se slucese na nekoe momce od albanska nacionalnost,togas ke videvme site sto se protesti...
p.p.s./ mnogu lugje mislat deka sekogas losoto gi snaogja nekoi drugi,deka tie nikogas nema da bidat izlozeni na vakov ili slicen nastan,se dodeka nekoj den toa ne go osetat na svoja koza...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
Ете ова е еден од малкуте постови на место на последните 20 страни..
Протестот треба да се пренасочи кон судскиот процес а не кон бркање министерски мустаќи бидејќи така ама баш ништо нема да се реши. Сме го гледале тој филм многупати досега.
Единствената недоследност досега од страна на институциите како што е обидот за прикривање на убиство треба да биде главната смисла на понатамошните протести.
1. Да не се дозволи убиецот да се извлече со минимална или условна казна поради некое банално оправдување.
2. Најглавното: Да се побара одговорност од сите лица (оној кој вршел увид и се потпишал на извештајот од МВР во кој се тврдеше дека немало траги на насилство, лицата кои му помогнале н аубиецот да го преместат телото но не го пријавиле) вмешани во случајот и против нив да бидат преземени соодветни дејствија т.е. да се создаде ефикасен систем на внатрешна контрола поврзана со прекршување на овластувањата во рамките на МВР.

За лајна јадење сите сме изгорени.
Ниту еден од протестите кои ти ги наведе не се покрена бидејќи СДСМ ги поддржа. Ниту оној на тутунарите, ниту на млекарите, ниту на студентите. Едноставно политиката (позиција + опозиција) на таков перфиден и лицемерен начин ги уништува граѓанските протестите што претставува вистинско чудо како сеуште има луѓе подготвени да излезат на протест.
Накратко за да се осуети еден граѓански протест треба да помине низ следните фази:

1. Опозицијата јаде .... за се си сешто во државата.
2. Народот започнува протест против одредена негативна појава.
3. Позицијата е во паника, опозицијата размислува како да ќари на грбот на народот.
4. На вториот, третиот собир меѓу оние што протестираат се појавуваат истакнати членови на политичките партии во опозиција, за да ќарат политички поени.
5. Владините партии протестот го окарактеризираат како опозициски, за да ја ослабнат поддршката од страна на народот.
6. Опозицијата го зголемува учеството на свои членови и симпатизери на протестите (протестот навистина преминува во политички).
7. Доколку ова не успее се организира контрапротест од страна на владата на кој излегуваат членовите и симпатизери на владејачките партии и вработени во администрацијата.

Епилог: Протестот е успешно елиминиран од страна на политичките партии.

Доколку некој сака некогаш да организира успешен протест треба најучтиво да ги замоли и да се погрижи истакнати членови на политички партии да не се појавуваат меѓу протестантите. Така вршат контрауслуга на засегнатите и себепромоција. Според се досега овие протести навлегуваат во финалните фази на организација на неуспешен политички обоен протест.
За задебелениот дел:
Што ќе смени судот? 30 години казна ќе даде? 40? Доживотна? И што? Ќе смени нешто тоа?
Според таа логика, секое криминално дејствие ќе беше завршено со првиот затвореник, нели, ако судот го осуди некого, никој никогаш повеќе нема да се осуди да изврши што било. Ех, да беше толку арно.
Ама не е!
Министерката и целата хиерархија мора да поднесат одговорност. За чинот, за криењето и за лажењето и манипулацијата.

Понатаму...
Власта го лажеше народот за крволочен настан и сакаше сето тоа да го турне под техих, а вие очекувате опозицијата да молчи?
Толку ли се ненормални бре?
Јас се сеќавам дека народот ја обвинуваше опозицијата за „спиење“, оти не превземала ништо, ја немало... А кај треба да „оди“? На флипери можеби?

Наместо да се каже: добро е тоа што силниот опозиционен блок што може да покрене работи како влијателна форма, ја поддржува цела работа, вие ги обвинувате политичарите за користење на прилика.

Замисли да немаше политичари, медиуми... џабе ќе беше...
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Луѓе, сфатете дека кај нас секогаш ќе има некој испад и ќе тера во политичка насока... сакале вие тоа или не. Ама по Вашите коментари и вие влечете натаму, и самите си кажувате дека сте некој поддржувач и дека нема да одите на протест бидејќи не сакате да протестирате против вашата партија... И тоа за вас не е политизирање?
Стварно, фак оф... ако сте против протестот не мора да серете безвезe и да го оправдувате начинот на дејствување на алфите.

2006

"Тигри" претепале момче до смрт, а уште три се во кома
„Алфи“ претепаа човек, полицијата не реагираше
„Алфи“ претепале тројца Роми
„Алфи“ претепале битолчанец поради кафеанска расправија
Битолските „алфи“ крвнички претепале момче
„Алфите“ го убиле Трајан Беќиров и го фрлиле во Вардар
Маскирани полицајци го демолирале ноќниот клуб „Процес“
2007

„Алфи“ претепаа камерман на Алсат
„Алфите“ претепале скопјанец пред очите на сопругата и двегодишниот син

2009

„Тигри“ претепале вратар во дискотека
„Тигар“ претепа крвнички со метална шипка велешанец
Полициска патрола претепала прилепчанец од Канатларци
Кумановец претепан од Алфите
2010

Полициските Алфи претепаа жител на Ченто
Брутално тепање на деца Роми од страна на полициската единица Алфи
Алфите по грешла претепале момче од Велес
2011

Скопјанец обвинува: Алфите ме претепа
Специјалец „Тигар“ го уби момчето!
„Тигар“ претепал момче во Карпош

Чисто да стои вака, да го прочитаат пак, може од втор пат ќе го разберат
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Вас треба да ви се држи лекција за права, демократија и човечност. На протест може да дојде било кој, опозиција, позиција, неутралци - што повеќе толку подобро. Секој што има малку човечко во себе и протестира од вистински причини треба да биде оставен на мира. Најдоброто е што овде сите дечки се млади, младината штрајкува и полтронски фаци не минуваат.
Овие денови за жал ги пропуштив, ама во петок планирам да присуствувам на протестот. Ако некој форумџија доаѓа нека ми пише ПП.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.420
Поени од реакции
42.495
Ete tuka e problemot. Sto ne e politicko tuka od portparol do direktor na medicina?
Фактите се тие, ако сакаш тоа да биде игнорирано тогаш која е поентата на темава ?
Како на друг начин некому да се објасни зашто се бара оставката, како на друг начин некому да се објасни дека целта тука не е некој друг да профитира ( иако тоа сакале нејќеле се подразбира, подоле ќе објаснам ) бидејќи вие со тие муабети за исполитизираност алудирате на одредени политички опции, единствениот профитер тука треба да е народот, а не одредена политичка партија.
А кога сме кај нив, жалам, реков денес, колку и да е морбидно ова оди во нечија корист и нормално, на нечија штета, тоа е карактеристика за секое општество при вакви случивања односно случувања кои имаат ваков тек, ко што е и нормално ова да го користат за да добијат политички поени иако истите реков, под дифолт им доаѓаат сакал некој или не. Незнам како да ти доловам дека ваквиот тип на протести СЕКОГАШ и СЕКАДЕ ќе бидат користени од опозицијата, политиката е курва, затоа ова ко очекувана и неизбежна појава во секое општество комотно треба да се игнорира ( освен ако не добие големи размери, нешто што сега дефакто не е случај ), ирелевантни се ...

На протестов има СЕ, од припадници на одредени партии до луѓе кои се трудат аполитички да функционираат, со таквите ставови за политизираност сакате да го доведете протестот во Молк поради појава за која реков, сакале вие или не егзистира во едно општество, егзистирала и ќе егзистира ! Сега за сега минорни се тие испади кои јас лично и ги немам приметено, а со оглед на одредени структури што ги имам забележано голем ќе биде ризикот за оној кој ќе се реши апла да удри на профит за одредена политичка партија.

Тоа што мене ме радува е фактот што на протестов доаѓаат и луѓе од други националности, вчера дојде еден помлад дечко од албанска националност од Куманово за да даде подршка а денес и на фејсбук поранешен колега од факултет го потврди своето пристуство и беше присутен со своите другари на протестот, што е и те како за поздравување ! Реткост биле ваквите случаји ...
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
За болдираното се слагам, а за останатото не, за жал партиите по дефиниција се здруженија на луѓе со исти цели и интереси чија основна цел е да ја освојат власта во државата.

И мое искрено мислење дека двете партии ги заболе за момчето или поточно, повеќе го боли ВМРО за смртта на детето ама само заради тоа што бил нивни член и затоа што со ова губат поени кај гласачите, за разлика од СДСМ кој мислам дека како мршинари го користат овој случај за освојување на политички поени од маката на обичните луѓе. Ова го зборам за партиите како организации а не за луѓето кои членуваат во нив. Затоа и ги пишав претходните постови за да се избегне политизација. Сепак треба да се има на ум дека за партиите како оргиназации луѓето се статистика, обична бројка.
Се тоа што кажуваш е во ред. Ама само затоа што опозиционери ќе се појават на протест организиран спонтано не смее владата да го дискредитира како политичко сценарио и тоа да го користи како изговор да не презема ништо.

СДСМ ќе се бутаат секаде сега, како што кажа цел им е да ја освојат власта ама тоа не значи дека сепак мнозинството на граѓани не се таму затоа што навистина сакаат нешто да променат.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сакаш да кажеш дека во неговите овластувања спаѓа претепување на цивилно лице до смрт?
Ниедна државна институција недава такви овластувања! Тоа што тој го сторил е злосторство, никој не му дал овластување да претепува до смрт некого.
OMG...(G хехе)
Овластувањата кои ги пречекорил му се дадени од соодветна државна институција која во никаков случај,освен во пасивни краишта, не може да биде изземена од одговорност за стореното од страна на нејзниниот припадник. Истата институција го криеше стореното (ајде сега да се правиме дечиња, група припадници на истата ако ти е поарно така), негираше дека има воопшто убиство, ширеше дезинформации дека чоекот си умрел на клупа, така му дошло, лажеше за доказите т.е. трагите на насилство на телото и што уште не.
Неодреден но значаен дел од таа институција, вклучувајќи ги паразитите на највисоко ниво таму (министерка,портпарол,инспектори) и припадници на таа институција на терен се замешани во еден куп кривични дела во случајов.
О-фи-ци-јал-ни-те прет-став-ни-ци ...

Е сега не се сите, ама не можам да негирам дека се трудат...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
За задебелениот дел:
Што ќе смени судот? 30 години казна ќе даде? 40? Доживотна? И што? Ќе смени нешто тоа?
Според таа логика, секое криминално дејствие ќе беше завршено со првиот затвореник, нели, ако судот го осуди некого, никој никогаш повеќе нема да се осуди да изврши што било.

Министерката и целата хиерархија мора да поднесат одговорност. За чинот, за криењето и за лажењето и манипулацијата.
А ти мислиш дека ако се смени министерката или портпаролот (се бара оставка од папагал кој шири лаги???) веќе никогаш нема да се случи вакво нешто. Ако мислиш така многу се лажеш.
Ситуацијата ќе се промени само ако се направи промена одвнатре во начинот на функционирање на институцијата, а не со промена на фигури.

Одговорноста и оставките се производ на морал и свест. Некој ги има, некој ги нема, и тука малку може да се стори. Одговорноста најлесно се обезбедува преку казни (да, да, ригорозни по 100 евра за неупотреба на сигурносен појас), а не преку оставки.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
OMG...(G хехе)
Овластувањата кои ги пречекорил му се дадени од соодветна државна институција која во никаков случај,освен во пасивни краишта, не може да биде изземена од одговорност за стореното од страна на нејзниниот припадник. Истата институција го криеше стореното (ајде сега да се правиме дечиња, група припадници на истата ако ти е поарно така), негираше дека има воопшто убиство, ширеше дезинформации дека чоекот си умрел на клупа, така му дошло, лажеше за доказите т.е. трагите на насилство на телото и што уште не.
Неодреден но значаен дел од таа институција, вклучувајќи ги паразитите на највисоко ниво таму (министерка,портпарол,инспектори) и припадници на таа институција на терен се замешани во еден куп кривични дела во случајов.
О-фи-ци-јал-ни-те прет-став-ни-ци ...

Е сега не се сите, ама не можам да негирам дека се трудат...
Епа тука лежи зајакот! Значи тој си ги пречекорил овластувањата, а не се раководел според нив како што ти кажа. И за тоа треба да одговара, како и сите останати кој се вмешани.
Институцијата не ја прават оние кој ги пречекоруваат нејзините овластувања! Да се распушти цела единица, поради еден или десет луѓе кој на своја рака правеле што сакале, е во најмала рака неправедно за останатите кој живеат од тоа работно место и не се вмешани.
 

aluminium

MSc
Член од
3 март 2011
Мислења
186
Поени од реакции
20
За задебелениот дел:
Што ќе смени судот? 30 години казна ќе даде? 40? Доживотна? И што? Ќе смени нешто тоа?
Според таа логика, секое криминално дејствие ќе беше завршено со првиот затвореник, нели, ако судот го осуди некого, никој никогаш повеќе нема да се осуди да изврши што било. Ех, да беше толку арно.
Ама не е!
Министерката и целата хиерархија мора да поднесат одговорност. За чинот, за криењето и за лажењето и манипулацијата.

Понатаму...
Власта го лажеше народот за крволочен настан и сакаше сето тоа да го турне под техих, а вие очекувате опозицијата да молчи?
Толку ли се ненормални бре?
Јас се сеќавам дека народот ја обвинуваше опозицијата за „спиење“, оти не превземала ништо, ја немало... А кај треба да „оди“? На флипери можеби?

Наместо да се каже: добро е тоа што силниот опозиционен блок што може да покрене работи како влијателна форма, ја поддржува цела работа, вие ги обвинувате политичарите за користење на прилика.

Замисли да немаше политичари, медиуми... џабе ќе беше...
Fintata e so i SDS i DPMNE se zafateni so post izborni kalkulacii i matematiki. Koj od niv da pravi vlada.
SDS do momentov ne ucestvuva na protestite.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
686
Поени од реакции
662
Се тоа што кажуваш е во ред. Ама само затоа што опозиционери ќе се појават на протест организиран спонтано не смее владата да го дискредитира како политичко сценарио и тоа да го користи како изговор да не презема ништо.

СДСМ ќе се бутаат секаде сега, како што кажа цел им е да ја освојат власта ама тоа не значи дека сепак мнозинството на граѓани не се таму затоа што навистина сакаат нешто да променат.
Toчно не значи дека мнозинството не сака да промени нешто. Впрочем и јас ги подржувам искрените намери. Ама кога СДСМ ќе ја преземе палката на протестите и целта крајно ќе се исполитизира заради остварување на нивните цели од мене подршката ќе изостане. Мада ја и не сум некој фактор како поединец т.е. бројка
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
УА !!! ЗА АЛФИТЕ

http://uazaalfite.blogspot.com/

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Се извинувам доколку се повторува, темата е со многу коментари па не можам да проверувам.
 
Член од
6 јуни 2011
Мислења
52
Поени од реакции
25
Еј! Јанкуловска кажа дека лицето било на должност до 12ч, значи до 12 полноќ(повтори)
Значи готово е кејс клоузд. Од утре да се прекине протестот, оти според јанкуловска лицето не било под надлежност на мвр.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Еј! Јанкуловска кажа дека лицето било на должност до 12ч, значи до 12 полноќ(повтори)
Значи готово е кејс клоузд. Од утре да се прекине протестот, оти според јанкуловска лицето не било под надлежност на мвр.
Нема да се затвори протестот.Ке има и во Битола,Струмица,Куманово...што ми е мене гајле што рекла Јанкуловска?Лажеа пред јавноста,лажираа ФАКТИ.Против тоа е и протестот.

П.С има некој од Охрид на форумов?Да ми пише ПП
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
А ти мислиш дека ако се смени министерката или портпаролот (се бара оставка од папагал кој шири лаги???) веќе никогаш нема да се случи вакво нешто. Ако мислиш така многу се лажеш.
Ситуацијата ќе се промени само ако се направи промена одвнатре во начинот на функционирање на институцијата, а не со промена на фигури.

Одговорноста и оставките се производ на морал и свест. Некој ги има, некој ги нема, и тука маллу може да се стори. Одговорноста најлесно се обезбедува преку казни (да, да, ригорозни по 100 евра за неупотреба на сигурносен појас), а не преку оставки.
Добро, добро, секако тоа не гарантира дека такво нешто нема да се случи, ама ако тоа беше нормално и реалност кај нас (нема да земам пример од други земји, оти не ни може да се споредува нашава прљавштина со држави, камо ли развиени), новиот министер сигурно ќе поработеше малку на случајот, ќе пробаше да ја смени работата, ќе ја затегнеше ситуацијата. И така целата Влада ќе функционираше. 15 години никој нема дадено морална оставка (памтам дека министерот даде оставка во деведесетите кога се урна авионот во Охрид или така нешто, не се сеќавам).

Зборот ми беше... судот и да му даде 97 години затвор, министерката ќе излезе во јавност со фалба дека убиецот бил стигнат од правдата и дека сега се е нај океј. И сето тоа ќе се заборави. Истата гарнитура пак ќе си раководи, пак ќе биде по старо во тој домен.

Но, ако даде оставка министер, па уште некој, друг, трет... Нема да помине незабележано, нема да се заборави...
И се така натака...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom