Приказна од мојот живот

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.405
општо-или вовед,
пред малку ја читав темата „Кајгана некогаш и сега“- и разбрав некој работи,па ајде си велам да почнам да читам стари теми од пред 5 г.
- оваа тема може и да има наслов „ајде да се запознаеме“ - по ново ЦВ (но тоа е веќе како молба за вработување)
но насловот е таков за “приказна од мојот живот“, што би значело некој интересен доживеан момент од поминатиот живот до овој момент,но овде на форумов се претежно и помлади лица,сепак приказни постојат и кај нив што би биле интересни.
Јас баш и сакав ваква тема,дури и сакав денес да отворам една со наслов „Животот во моето Маало“- ова важи за сите градови во македонија а се разбира и села-каков ви бил животот таму.Јас претежно ќе пишувам за животот во скопското Еврејско Маало.Почетна приказна ќе биде мојот живот (детски) на Камениот мост на Вардар во Скопје. Јас не може да пишувам и да сакам за Црна или Крива река,не ми дале да бирам кога сум се родил каде да биде тоа,а тоа се десило неколку години после ратот.И детството го поминав баш на наведеното место на Камениот Мост.И на Калето.И на Вардар.И на Водно.
Поради катастрофата во ’63г.сменив неколку основни училишта,во првите оделенија,а завршив во О.У. „Кирил И Методи“
Сега сум веќе пред пензија.....за почеток доста. А и доста имам пишувано во други теми за вакви слични приказни.
----------------------------------
Значи треба да се разграничан две теми со посебен наслов.
Оваа тема : Моето ЦВ ,треба да е нон-стоп активна,треба да тече, да не пресушува,да се надополнува секојдневно и да е најчитана,затоа што има постојано новодојдени членови на форумов.
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
Роден сум на 3ти декември 1992 година. Одсекогаш сум бил најмало детенце и во друштвото и во одделението и помеѓу братучедите (не се мисли најмал во години :P). И сега е така, висок сум 170цм и сум најнизок од сите другари. Иако бев мал имав добро срце и се што имав делев со другите. Кога и да имав нешто за јадење, чоколадо или смоки, прво делев со другите па тоа што ке остане го земав јас. Но луѓето почнаа да ја злоупотребуваат мојата добрина. Сите беа лоши кон мене, и во школо и секаде. Немав вистински другари, сите ме сакаа само од корист, и најчесто ми правеа муабет само кога требаше да препишат домашно или кога ме зафркаваа. Тоа и ме смени, ме направи огорчена личност полна со омраза. Ретко со кого бев добар и некогаш се каам за тоа. Бев лош кон луѓе кои не го заслужуваат тоа. Поради тоа пробав повторно да се променам. Повторно бев добар и сета нервоза ја чував во себе и не се нервирав многу. Само што толку насобрана негативна енергија мора да се истури. И повторно грешки. Ке се испијанам, станувам друга личност. Помина и тој период. Сега не се замарам со ништо. Добар сум кон луѓето кои се добри со мене. Интересна личност сум, по малку гик, но сепак луѓето ме сакаат за тоа што сум, иако не се ни трудам некој да ме сака, сеедно ми е. Друго мои особини се што не можам да јадам благо, само по малку :P, здебелен сум, желудникот ми е малку заебан и често повраќам, пред неколку месеци почнав да пушам и си ги заебав синусите, и сум сингл, не по моја волја :P
Во последно време учењето ми оди слабо, често правам глупости, и сум лошо влијание за луѓето околу мене, па затоа имам чувство дека моите се малку разочарани од мене. Ама тоа е, не знам по кој пат се обидувам да се променам кон подобро :) Тоа е тоа... и уште нешто - FORZA JUVENTUS! :)
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Најголемо дете у фамилија.
Ранев мачки и кучиња со тоа што ми го даваа за ручек, неќев да се шишам.
Плачев кога ме тераа да пишувам со десна, научив да возам точак пред да научам салам да одам пешки. :D
Растев покрај езеро, а нејќев да пливам често. Му вртев грб секое лето, ретко се дружевме. :свиркам:
Се налокав ракија на 3ипол години и го срушив личниот рекорд у денско спиење со отспиени 9 саати. :D

И сега сум најголемо дете у фамилија по старост, у висина слабо. :D Уште ранам мачки и кучиња на улица и не сакам да се шишам. Пишувам со лева, преферирам точак дека сум мрза, мразам плажи и гужва покрај езеро и не сум влегла у вода од четврто одделение. Уште пијам ракија, а за спиењево слабо... :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Па ајде и Трајче нешто занего.
Вака се викам Трајче Брлев, од Велес, имам 15 годин(и)-(ки), завриш основно во Св. Кирил и Методиј, средно сум во Коле Неделковски (Сообраќаен Техничар , Техничар за транспорт и шпедиција, планирам факултет во Битола и втор факултет во Охрид, се занимавав со фудбал играв напад во Гемиџии Борец, потоа бев еден од најдобрите аикидо борци во Велес, живеам близу меморијалниот споменик Костурница.Сакам да возам мотори по заебани патишта (кривини) ама рамни патишта да бидат ама искривени.Сакам заебани работи, особено точак да рипам да скакам, обожавам кик бокс деновиве сакам да почнам, навивам за Барселона (добро де поважна од животов ми е) љубовта бутка бутка..:D Сакам излегување иако ми е досадно мразам да патувам а сакам да шетам, сакам да работам како гранична полиција, специјална полиција, да бидам во единица за брзо распоредување или да бидам шпедитор или сообаќаен архитект, со двата факултета што ги планирам се надевам ке станам повреден и повеќе ке ме ценат како личност, порано сакав да бидам пилот, и сеа сакам ама таа желба ми е речиси неостварлива обожавам летала иако не дискутирам за нив на форумов и така..
Друго нешто ако ми текне ке допишам :)
 

MS-13

007
Член од
12 октомври 2017
Мислења
52
Поени од реакции
43
Роден 02.09 .... Со моите сме менале неколку места на живеење сум имал многу другари а некои ми се и до ден денес .. Моето детство го поминав на улица со различни игри, сум имал и среќни и тажни моменти во животот .. повеќето работи од тие што сум ги посакал сум ги имал (или моите или сам сум ги купил) ... моментално сум средно и бев насила запишан ... одсекогаш сум сакал валкани работи и честопати сум "наебувал" заради таа проклета желба ... голем зависник сум од адреналин и тоа го исполнувам со мотор ... со љубовта еве веќе неколку месеци сум скаран и сум во лоши односи (Едноставно не ме служи како што треба, кучка е) ... во животот сам сум се снајдувал за некои работи и имам скоро се пробано(освен дрога) ... секој викенд сум на журки и по клубови, алкохолот ми е верен пријател и за брзо време морам да го напуштам затоа што ќе ми го еби животот и веќе почнувам со бодибилдинг ... Животни желби сум имал и имам многу но само 2 или 3 се исполнети, среќата никогаш не ме служела и мислам дека нема да ме служи ... во иднина не се гледам никаде, едноставно немам слика за тоа во мозокот само црнооо е ... повеќето од луѓето ме сакаат и сум во добри односи со нив, многу од нив ме знаат низ град... Тинејѓерскиве години ги одбележав со пијанства,тепачки,непреспани ноќи,скитање до сабајле,борби со љубовта, рок , насилство и страв ... Отворен сум и кул тип, голем муабетџија и голем "сонувач" .. секојдневно се зезам и мислам дека нема потреба за стрес ... најмногу го мразам неверството, докажувањето и турбофолкот ... Моментално сум во дупка со животот и никако не сака да ми тргне напред ........................
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.487
Поени од реакции
81.978
Неќе да служи како што треба? Пизда и материна! Кучка.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.148
Поени од реакции
37.349
Интересна тема.:LOL:

На "кратко" ... Роден 1991 во најжешкиот месец август, кога сум се родил утрото било 31 степен, преку денот стигнало до 45. Добро рано детство, според можностите на моите скоро се ми било пружено. Тргнав школо, другари од 7 год се до 15 константно дружење, заебанции, дома излегував од 7 сабајле се враќав во 8 вечер. Учењето не ми беше некој голем проблем, али не ми беше и некој голем приоритет. Еден куп 4ки 5ки и по некоја тројка. Релативно добро. Тоа траеше додека не завршив основно, јуни 2006. Се разделуваме со другарите и многу ретко се гледаме сега.

Период 2006-2010, средно школо. Ги имав сите предиспозиции животот да ми тргне на најдобро можно ниво. Во првата година немаше кој не ме сака. Професори, нови другари, моми еден куп во таа генерација во школото кај шо учев. Бев како тие средношколците во холивудските филмови шо се квотербекови и ги имаат сите наклоности од сите луѓе околу себе. За жал само првата година беше ова.
2007 некаде септември-октомври, баш овој период пред 10тина години кога почина Тоше Проески. Грешки , грешки грешки грешки грешки грешки грешки грешки грешки грешки, пропуштени шанси во секој ебен сегмент од животот, пропуштени шанси пропуштени шанси х 99999999999999999. Грозен период, тешка депресија. Не ми е жал за грешките, жал ми е за пропуштените шанси. Дефинитивно период шо ме обележи. Месец мај 2010, крах система, се ежам како пичка само кога ќе ми текне. Нејќам ни да пишувам веќе за ова.

После средно два неуспешни факса, 2012 палам САД. Се враќам за 5 месеци, глупа али сепак поднослива грешка. Турбо работа во последните 4-5 години, конечно тргна на добро, успеав да тргнам некој денар на страна шо ми дава некое чувство на сигурност. Сега на 26 години пак добивам супер шанса, ја користам барем за сега. Во последните пар месеци сите околу мене се мажат/женат, ме фаќа мерак, ама уште нема некоја сериозна кандидатка.:icon_lol:
Незнам шо ќе донесе животот понатаму, али ако за нешто сум сигурен дека сакам, и нормално ако даде господ, ќе имам 3 деца, по можност 1 машко и 2 моми. :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.136
Поени од реакции
16.019
Приказна од мојот живот што ме опишува - Сама се научив да возам точак.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.801
Поени од реакции
7.057
Роден 1991 октомври. Прво сеќавање - заглавување на рака во лифт, во зградата само што се вселивме. Тоа беше 94,5. Со брат ми купивме фанта од 2литри. Под нашиот балкон(живеевме над Магор)имаше скали кои водат кон подземни гаражи, а јас мислев дека таму има чудовишта и ги прскав со пиштол на вода. Првиот гејмбој го користев од нашите соседи и се заразив. Се` уште се сеќавам на некои игри. 98ма се селиме во капиштец и започнувам основно во Песталоци. Никогаш не научив да возам точак, ни да пливам, ни да возам било кое превозно средство. Не се срамам од тоа. Во основно го замразив татко ми. Од 10 години не зборувам со него. Во фаза на развод, праќан од него по судови, полиции и центар за ментално здравје. На 13 години првото куче. Од 2000та имав сони кец, 2004та или 5та сони двојка. Многу часови поминати играјќи, но, и тага кога ќе се расипеше. 2006та полуматура во B2, заспивам од што ми е досадно. 2004та станувам вегетеријанец. Се` уште сум. 2006та запишувам средно медицинско, отсек физиотерапевт. Досада. 2004та или 5та започнувам да одам на хардкор панк концерти, никогаш не престанав. 2010 запишувам психологија, многу слободно време и неисполнетост. Наредна година запишувам општа и компаративна книжевност. Наредна година за прв патувам надвор од Македонија, во Берлин. Мислам дека таа недела мината таму ми е една од најзначајните недели во животот. Почнувам да учам чешки, одам во Чешка. Се откажувам од чешки. Досада и осаменост. Студентски пленум, протести, девојка, стигнувам при крај со окк, ама го запуштив малку факултетот. 2014та дипломирам психологија. Или 2013та. Одам во Полска, почнувам да студирам полски. Ги завршив сите испити окк, сега уште дипломската. На полски стигнувам трета година, повторно се враќам да учам чешки. Конференции, летни школи, анксиозност, досада, семестар во странство, досада. Во 2016та летото ми умира кучето. Јас во Варшава. Моите не ми кажуваат, ама знаев. Варшава е прекрасна. Во 2014та кога имав кратко истражување на една конференција во Белград, во исто време умира вујко ми или единствениот роднина-надвор од мајката и братот. Другите се во Грција, не ги познавам. Почнувам неколку јазици да учам, меѓутоа не ми легнуваат и ги оставам. Или, не се потрудив доволно. Ноември 2016та пристигнува Вон, новото куче. Во март 2017та викенд во Лоѓ со најубавата девојка која ја познавам. Од јуни се трудам да напишам расказ, ама не ми оди, го имам насловот и тоа е добро за почетот - И рибите се шизофреничари, нели? Го имам во глава, автобиографски, а стилот инспириран од Владимир Табашевиќ. Супер писател од Србија. Не знам кога точно, добивам книга која ми го менува животот. Куцкамен од Кортасар или Rayuela оригинално. Ја читам или се обидувам да ја читам еднаш годишно. Ја читам на секој јазик што го знам, освен на англиски. Едно време го знаев почетокот на книгата на памет, всушност, тоа е клучот да се разбере книгата. 2017та е, за десет дена ми е роденден, а јас сум уморен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom