Инаку морам да повторам уште еднаш, секоја чест за кошаркарите и целиот стручен штаб! Го издигнаа овој народ од секојдневната беда, па овозможија овие 20 дена да ги оттргнат мислите од маките и проблемите со кои се соочуваат. Верував дека на плоштад ќе има голем број на луѓе, но искрено онаа бројка ги надмина и моите најоптимистички очекувања, браво за сите! Ете колку му треба на Македончето за да се израдува, кошаркариве треба да бидат пример за сите (читај фудбалерите), а верувам дека ракометарите знаат што ги чека во Србија, па ова ќе им биде дополнителен мотив за одличен пласман.
Фала момци што не направивте горди и среќни, да си дочекате се најубаво во кариерата, а верувам дека со ваква организираност ќе можеме и до Олимпијада наредната година, а за 2 години и медал во Словенија. Дефинитивно се покажаа точни зборовите на Марин: Не се менува онаков пречек за никаков медал, 2 пати денеска солзи ми потекоа од очите!
--- надополнето: Sep 19, 2011 6:31 PM ---
За жал ваквите ситуации нема никогаш да се средат, додека мислат со главата на партијата, а не со својата, вака ќе биде... Кај нас нема истражување, што каже Петко или Јанко тоа и ќе биде
Инаку што бараше министеркана Јанкуловска со кошаркарите, знае некој?