Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
D_T браво за сликиве!
 
Инаку морам да повторам уште еднаш, секоја чест за кошаркарите и целиот стручен штаб! Го издигнаа овој народ од секојдневната беда, па овозможија овие 20 дена да ги оттргнат мислите од маките и проблемите со кои се соочуваат. Верував дека на плоштад ќе има голем број на луѓе, но искрено онаа бројка ги надмина и моите најоптимистички очекувања, браво за сите! Ете колку му треба на Македончето за да се израдува, кошаркариве треба да бидат пример за сите (читај фудбалерите), а верувам дека ракометарите знаат што ги чека во Србија, па ова ќе им биде дополнителен мотив за одличен пласман.

Фала момци што не направивте горди и среќни, да си дочекате се најубаво во кариерата, а верувам дека со ваква организираност ќе можеме и до Олимпијада наредната година, а за 2 години и медал во Словенија. Дефинитивно се покажаа точни зборовите на Марин: Не се менува онаков пречек за никаков медал, 2 пати денеска солзи ми потекоа од очите!
--- надополнето: Sep 19, 2011 6:31 PM ---

За жал ваквите ситуации нема никогаш да се средат, додека мислат со главата на партијата, а не со својата, вака ќе биде... Кај нас нема истражување, што каже Петко или Јанко тоа и ќе биде :)

Инаку што бараше министеркана Јанкуловска со кошаркарите, знае некој?
министерката Гордана Јанкуловска беше претставник од владата на РМ, затоа и беше на аеродром и со нив.
 
image10-jpg.34133


Космодиск кошарка! :pos:


имате на Сител сега снимка. Ја стегнаа „домаќине, добри гости...“ :pos:
 
Шител репортажа...искрено се прашувам како кошаркарите не ја фрлија од автобус.

јас уште поискрено се прашувам кога ќе престанеш да пишуваш постови во ваква света тема низ призмата на твојот исфрустиран политички нерв.
 
Абе, гледам, гледам и не ми се верува.Макрадули дури и „Земјо Македонска“ ја пее.:pos:
 
јас уште поискрено се прашувам кога ќе престанеш да пишуваш постови во ваква света тема низ призмата на твојот исфрустиран политички нерв.
Абе сега реално организацијата беше ок, ама преносот на Сител:eek: стварно бре не ги бива ама ич.
И не мешам политика ниту пак мојот пост има некаква политичка заднина. Само сакам да кажам дека и мене на моменти ме нервираа овие од Сител, де ќе им се исклучеше камера, де ќе гледавме во црно бела боја, а толу се изнафалија со нивната нова технологија. Факт е дека Сител не се организирани и не се способни за вакви работи. Секоја чест што го пренесуваа првенството и се тоа, ама бре многу утки прават. Туку ај сега тоа и не е битно, битни се нашите херои, така да ќе им го простиме на Сител ова;)
 
Лелеее што направивме денес ! :vozbud:
Вакво нешто немало до сега кај нас но се надевам дека во најбрзо време ќе се повтори овој успех а зошто и да не се подобри.
Денес и плоштадот беше мал за да не собере сите. :cuc:
 
Дечки да не го има некој миксот од Земјо Македонска од плоштад? Многу беше закон изведбата секоја чест би сакал да ја симнам од некаде...
 
Osvojili su 4. mesto na Evropskom prvenstvu, vratili se u domovinu bez medalje, a ipak imali jedan od najboljih doceka sportskih reprezentativaca jedne drzave ikada, fenomenalno stvarno, docek kao da su osvojili ceo svet. Respect!

:cuc:
 
јас уште поискрено се прашувам кога ќе престанеш да пишуваш постови во ваква света тема низ призмата на твојот исфрустиран политички нерв.

Заборавив вие сте навикнати на целодневно дробење како водителкава од аеродром до плоштад. Извини те навредив, прости ми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom