Претерана искреност - добро или лошо за врската?

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Ќе го прашаш и ќе ти каже :P. Сериозно, ја би го прашала дали сум се здебелила (ако не сум забележала на себе) и зошто смета дека сум глупа :LOL:. Веќе кога тргнал со брутална искреност, нека иде до крај :icon_lol: .
Не верувам дека ова би била твојата или било чија реакција.
Зошто?
Затоа што ние луѓето не сме еволуирале да ја поднесем апсолутната вистина. Користиме милион одбрамбени механизми за да се заштитиме во секојдневниот живот. Првиот избор на зборови во случај на шок (некој близок починал / голема добивка на пари / варање / бркање од работа итн) се: не, не е можно, нема шанси, не ми се верува, ова мене не ми се случува, ова не е вистина итн.
Ни треба време да ја прифатиме реланоста, ни треба време психички и физички да се псиспособиме на новиот начин на размислување и функционираме.
Колку луѓе се разболеле психички од некој шок.

Знам дека твоето прашање се однесува на љубовна врска, меѓутоа ако не може да ја поднесеме вистината во секојдневниот живот, како би ја поднеле кога доаѓа од човекот кој имаш посебни и длабоки чувства.

Конкретно за твојот пример - не верувам дека партнерот би утнал до толку за тоа што да ти подари, сигурно би ја погодил барем категоријата од која ти одбрал подарок а од човекот што го сакаш - и тоа е нешто битно.

Мене ме нервираат луѓе кои се кријат позади „јас сум само искрен човек“ за да те навредат. Ако некој те сака и му значиш - ќе најде начин да ти го каже она што го мисли без да те навреди.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Нема да се налутиш во зависност од начинот на кој ќе ти го каже, нели? Он во глава мисли лол блузава и стои ко на проститутка, шминкава и е ко на крава, а ти вели срце де пробај ја оваа блуза мое подобро ќе ти стои?
Е мене ова лигушење ми иде на нерви, абе кажи види се ма во огледало на што личиш, уместо да врти.

Фала богу до сега сум немала јас невкусни коментари од негова страна,башка на почеток на врска сме а и доста внимавам на тоа каква гардероба избирам...Како што би се изразила ти не носам блуза која би ме правила како проститутка...Но кога би се случило тоа да ми каже така...Не знам како ке се поставам.А дали е подобро тој да ми каже или сепак да добијам невкусен коментар од страна?Можеби навистина блузата не ми доликува...Кажав не сакам мачкање очи...Негово право е како ке ми пристапи да ми ја каже вистината,но... би одела на искреност..
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И со текот на времето сфатив дека искреноста е преценета, дека никој не сака да чуе искреност, сите сакаат да ја чујат искреноста која нив им одговара. Луѓето сакаат игри, не сакаат искреност. Колку си поискрен/а, толку побрзо ќе бидеш шутнат/а.

Некои работи е подобро да останат некажани и премолчени. Бруталната искреност за реално небитни работи е наивна и непотребна. Во врската понекогаш едниот треба другиот да го остави да биде попаметен, иако можеби ситуацијата не е таква, чисто заради его. Треба да се процени ситуација.

Од што бев искрена во животот, гледам процветав...

Иначе ова погоре што го пишав не важи за крупни и сериозни животни одлуки и работи од типот на варање, тепање и слично. Зборувам чисто за ситници кои беа погоре споменати.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Кога го споменавме егото она што досега научив е дека на маж мора да ама апсолутно мора да внимаваш на егото. Ако не му го дополнуваш, нема да успее таа врска. Значи мора да се дофрла по некој збор дека е најдобар во она, најдобар во тоа, ова е добро, ова е одлично итн. Многу многу критики да нема.

Исто како што секоја жена се храни со посакуваност, заштита и сигурност.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кога го споменавме егото она што досега научив е дека на маж мора да ама апсолутно мора да внимаваш на егото. Ако не му го дополнуваш, нема да успее таа врска. Значи мора да се дофрла по некој збор дека е најдобар во она, најдобар во тоа, ова е добро, ова е одлично итн. Многу многу критики да нема.

Исто како што секоја жена се храни со посакуваност, заштита и сигурност.
Е па тоа е тоа. :) Мора малце со Циле-Миле, дури и да не го мисли некогаш тоа во моментот. За мене дури тоа не спаѓа во лажење или преќутување, туку едноставно малце поттикнување. Или замисли во кревет да се соблече машко и девојката да му го види и да му се изгази од смеење. Можда е искрена реакција, ама тој ќе го сфати како навреда, посебно ако се работи за нивната “машкост“ или машко да ја види девојката гола и да почне да и збори еј ти се појавиле стрии, види си го целуитот... Некои работи се премолчуваат за општо добро на двајцата, не зашо нема искреност во врската.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Е па тоа е тоа. :) Мора малце со Циле-Миле, дури и да не го мисли некогаш тоа во моментот. За мене дури тоа не спаѓа во лажење или преќутување, туку едноставно малце поттикнување. Или замисли во кревет да се соблече машко и девојката да му го види и да му се изгази од смеење. Можда е искрена реакција, ама тој ќе го сфати како навреда, посебно ако се работи за нивната “машкост“ или машко да ја види девојката гола и да почне да и збори еј ти се појавиле стрии, види си го целуитот... Некои работи се премолчуваат за општо добро на двајцата, не зашо нема искреност во врската.

Тоа се вика искреност без причина, без никаква корист. Зашто да бидам искрен за нешто, што нема да донесе добро во врската а при тоа не е ни нешто лошо или пак не може да се смени ако се спомене? Што ако и кажам на девојката нешто што мислам дека е лошо а не ми смета и не може да се промени? Не ги сфаќам луѓето некад...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Точно дека белите лаги помагаат во таквите ситуации. Но нема да се чуствуваш ти виновно што си ja подлажал и разочарано што не ти го погодила подарокот? :). Работата е што сите гледаат да одбегнат такви проблематични ситуации со цел врската да не пропадне. Зошто на пример не пристапиш директно и и' кажеш дека не ти се свиѓа? Би требало и тоа да се цени мајката, покрај кажаното "благодарам".
Или пример партнерот има честа навика да пцуе во секојдневни ситуации, не само кога се работи за нервоза и исфрустрираност. Би и' рекол да прекине, дека премногу пцуе и слично? Или само би си наведнал глава и би преминал преку тоа? :)
Мислам дека се зависи од ситуацијата.
За првиот пример и јас би се послужил со бела лага.Би рекол нешто како ОК е фала и тоа е тоа.
Ниту она да не се почуствува ептен лошо ниту јас да испаднам ептен лажго јас би го нарекол тоа некоја златна средина.
Во врска со вториот случај како прво не би идел со особа која пцуе на дневна база(ок на сите ни се случува по некогаш ама на дневна база е веќе претерано, навика и многу невкусно)
Инаку за вториов случај би постапил најискрено ќе и кажам да се контролира пошто не е тоа некоја ситница и дури и да боли вистината во некои случаи е потребна.

Понатаму да додадам не е добро да се лаже, но некогаш е потребно мало закривување на вистината ако не друго барем на почеток на врската во сериозни врски (година-две+) мислам дека веќе нема потреба од вакви игрички бидејќи за тоа време би требало веќе да е создадена интимна зона во која веќе се би можеле да му кажете на партнерот па макар и на сметка на тоа партнерот да се налути или во најлош случај напушти.
За жал грдата вистина е дека љубовта е празна без искреноста под левата рака и довербата под десната рака.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ова не важи за сите ситуации во животот. Конкретно за примерот со подарокот, зашто би рекол дека не ми се свиѓа коа тоа е еден вид на внимание од негова страна кон даропримачот. Добро, било поминало, роденден/именден е, се добиваат повеќе подароци, и тоа е минлива работа.
Дали таа претерана искреност во овој случај на подарок од партнерот би се појавила и на пр. ако партнерот подари BMW 6? Што, даропримачот ќе рече "еј стварно не ми се свиѓа колава, сакав Ауди"? Не, туку ќе сврши у гаќи 6 пати у име на бројката на колата.
Затоа, во однос на подароците треба да се применува поговорката "кога ти даваат земај....".
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ако ти каже дечко ти дебела глупача, те навредува или е брутално искрен?:cautious:
Тоа е повеќе навреда за него пошто на крај краева он иде со дебела глупача.
Дебела и не е баш навреда со 2 месеци тренинг може некои 90% од дебелите девојки да изгледаат нормално.
Е сега нивото на интелегенција(т.е глупача) е наследно и нема бегање тука :)
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Ако ти каже дечко ти дебела глупача, те навредува или е брутално искрен?:cautious:
Пре се се навредува самиот себе зашто е во врска со “дебела глупача“ а и самиот начин на изразување кажува многу за него односно дека повеке тој е во случајов глупав (морав д аго употребам глупав ,иако многу мразам да го употребувамовој збор глупав )
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Иначе ова погоре што го пишав не важи за крупни и сериозни животни одлуки и работи од типот на варање, тепање и слично. Зборувам чисто за ситници кои беа погоре споменати.
Кај многу луѓе има еден интересен начин на реакција баш за ова. Брутално се искрени со партнерот за дрес кодот или размената на подароци, ама од друга страна случајно забораваат да го известат за флерт со колега од работа или факултет, кој трае со денови или месеци, па преминува и во долгометражни телефонски слушања или преку нет контакти...

Мислам одлично, искреност до јајца, коска, срж за тривијалности, а за баш суштинското - селективна или филтрирана искреност... :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Е па тоа е тоа. :) Мора малце со Циле-Миле, дури и да не го мисли некогаш тоа во моментот. За мене дури тоа не спаѓа во лажење или преќутување, туку едноставно малце поттикнување. Или замисли во кревет да се соблече машко и девојката да му го види и да му се изгази од смеење. Можда е искрена реакција, ама тој ќе го сфати како навреда, посебно ако се работи за нивната “машкост“ или машко да ја види девојката гола и да почне да и збори еј ти се појавиле стрии, види си го целуитот... Некои работи се премолчуваат за општо добро на двајцата, не зашо нема искреност во врската.

Примери на место.

Само би дополнил: не е за општо добро на двајцата, туку за интерес. Ако девојката му го види и му се изнасмее, на машкото ќе му падне уште толку и нема секс. Ако машкото ѝ каже на девојката „Еј имаш стрии“ или слично, девојката ќе се налути и пак нема секс. Во случајот, интерес е сексот и сè она што оди спротивно на интересот (сексот) е лошо, а сè она што оди во корист на интересот, па макар било и премолчување, е добро.

Со текот на времето, интересите се менуваат. Преминуваат во „Ај вечерва да гледаме филм“ или „Вечер сме договорени со пријателите“ итн и муабетот со стриите, колкав му е итн стануваат небитни. Нормално, повторно стануваат битни кога доаѓа моментот за секс, но не се постојано битни. Во тој момент веќе искреноста станува единствен начин со којшто може да се комуницира со партнерот и само на тој начин може да се разрешуваат проблемите. Во тие случаи веќе заедничкиот живот е примарен и искреноста е најважна.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Претерана искреност, ова не е проблем за мене само во врска, туку и општо кон сите сум ваква.
Не го правам тоа за да повредам некој намерно, во никој случај, али ако сметам дека симпатијата на другарка ми ја врти како сака, и го кажувам тоа. Ако не и стои нешто, ќе и кажам. Ако не ми се допаѓа подарокот од дечко ми, може јас нема да го кажам тоа, али мојот израз на лицето ќе му каже. Не знам да си го држам јазикот за заби скоро никогаш, а луѓето не сакаат да слушнат нешто што тие не го сакаат.

И ајде бе, ако треба да му мачкам очи за еден подарок, за друго што останало? Што ако ти купи некоја маичка, сукња или било што, што ти во живот не би го облекла? Ај, нема да му кажеш, туку ќе глумиш лудило. Овој ќе си каже - Јеее, и погодив што сака. Наредниот подарок пак ќе биде нешто слично, наредниот пак ... Али битно ти нема да му ги повредиш чувствата, иако тој во глобала појма нема што сакаш ти.
Дека спомнавте подарок - Ко ептен пребирлива личност, ретко кој во животов ми погодил нешто. Најблиску до подарок што и јас би си го купила бил баш дечко ми. Не можам да се пожалам од ништо што ми купил, освен мечиња на почетокот, али откога му кажав да не си фрла пари за џабе, веќе нема мечиња. :D

Еднаш му направив пица и се беше супер на неа, али тестото малце препечено. Не само што ми го кажа тоа, туку и ден-денес знае да си го спомне. Јас му имам кажано оти едни фармерки што ги има, ако не ги запали тој, јас ќе му ги запалам.

Не викам дека некогаш немам зажалено за нешто што сум издрдорела, а не било нити битно, нити потребно.
Али вака знае со кој си има работа, а богами и јас знам. Сега знам дека и да почнам да глумам нешто, тој ќе знае кога го правам тоа.

Ако бираме помеѓу претеранава искреност и мачкањето очи ... Првото бар јас мислам дека е подобро.
 
Член од
7 април 2013
Мислења
206
Поени од реакции
329
Искреноста е доблест која не секогаш мора да биде презентирана посебно кога се работи за љубовна врска.

Ќе одговорам на примерот на бебуш,мене искрено до сега сите поклони од партнерот ми се допаѓале јас тука не ја вреднувам материјалната страна во целата ситуцуација туку многу поважно и тоа што навистина вреди е гестот на љубов желбата таа љубов да се манифестира и да се подели со партнерот да му се даде до знаење дека ете сепак другата страна мисли на тебе и ти посветува време што е всушност и е поентата на подароците.Звучам клише знам бидејќи нормалните и едноставните работи за нас се клише а некој ќе каже звучам како хипокрит бидејќи и така ни е наметнато се да гледаме и вреднуваме низ материјалната призма не сакам никого да навредам но гледајте до каде одат некои луѓе-би се навредиле доколку не им се допаѓал поклонот,страшно.

Ние сме луѓе и секогаш треба да ги развиваме нашите заспани вредности каде е тука емпатијата и љубовта и почитта ти на некој кој трошел време енергија пари со еден збор ресурси да му кажеш дека не ти се допаѓал поклонот значи индиректно признаваш дека на потсвесно ниво тебе ти е важна материјалната страна а не суштинската т.е. љубовта.

На страна подароците и примерот на бебуш.Велат дека вистината мора да биде искажана па макар и повредувала и сега ми текна на една мудра реченица на покојниот Боб кој вели парафразирам-Факт е дека сите во животот ќе ве повредат но важно е вие да откриете за кого вреди да патите.Во контекст на ова не можам да донесам едногласен заклучок дека е така или вака и дека мора или не мора вистината секогаш да се плеска во лице,сето тоа зависи од дадената ситуација но секогаш мораме да имаме обзир и за другата страна да не ја повредиме мораме да негуваме чувство на емпатија секогаш постојат алтернативни начини да се каже својот став и тоа што ни пречи во врската или општо без притоа да ги повредиме луѓето или тоа да биде минимално.Зборам за луѓето со кои градиме врска или кои барем нешто ни значат во животот јас не мислам да се замарам за секоја битанга која е пропратна појава во мојот живот што ќе му кажам или да се стегам и патам поради тоа,бидејќи реално тоа и не го заслужуваат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom