AceCaleb
Деспот на Адот
- Член од
- 31 декември 2007
- Мислења
- 5.826
- Поени од реакции
- 10.991
Вака од прв поглед одговорот може да се најде уште во првиот збор од темава, ПРЕТЕРАНА, па се што е претерано не чини колку и да звучи клише, НО и претерана маска и прикривање не чини. Fuck тешко дека може да се постави паралела и да се даде конечен одговор, бар од моја перспектива и за начинов на кој е прашањево формулирано.
Конкретно за поклонов, да ми подари розева маичка не што нема да глумам дека ми се допаѓа туку и ремет ќе и удрам колку ја утнала работата, секако не безобразен за да зажали што купила поклон, туку хумористичен ремет. Како и да е од друга страна се кладам дека 90 проценти од клоците што ми ги удриле биле поради недоволна искреност од нивна страна, можеби за некои работи што им пречеле да ми ги кажеле ќе сум пробал да се поправам па ќе била работата подобра, можеби не. Како и да е за фундаментални и стварно важни работи вреди и ТРЕБА да се биде искрен, но и за некои споредни, пак се навраќам на поклонот, па да ми поклони дрес од Милан ќе треба да го запалам пред нејзе
Друга работа со искреноста, па јас секогаш сум бил искрен за работи во однесувањето што ми пречеле а биле од голема важност, некогаш со поблаг и смирен тон сум ги кажувал некогаш преку глава кога ќе дошло со малце повишен и сметам дека било подобро, некои завршило со раскин јбг, кога се нема разбирање не вреди врската, подобро да се спречи отколку да се глуми дека е супер. Совршенство не постои, ни искреноста не е совршенство но е добар пат кон разбирање и прифатливост. Со пресврт во однос на воведната реченицата, мојот кантар тежи кон искреноста во случајов.