Претерана искреност - добро или лошо за врската?

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Сите велат дека искреноста е една од работите кои највеќе се ценат во врската. Дали сте претерано искрени во врска со одредени карактеристики кај партнерот, кои не ви се допаѓаат? Му го укажувате тоа на јасен и директен начин или кружите одоколу со намера да не му ги повредите чуствата?
Дали вас некогаш ви бил упатен претерано искрен коментар со кој сте се осетиле повредени од страна на партнерот?
Пола од вас знам дека ќе глумат светци и светици кажувајќи дека партнерот пред се' треба да се почитува и сака а не и да се осудува за начинот на облекување/ изразување/ однесување.
Затоа , тие што би пишале таков пост би било пожелно да не коментираат, прибидејќи веќе има милион теми каде што можат да го изразат таквото нивно мислење :).
Пример: Партнерот ви го дава неговиот подарок за вашиот роденден и ве прашува за ваше искрено мислење, дали ви се допаѓа или не. Вам не ви се свиѓа :). Ќе бидете искрени и ќе му го кажете тоа или пак ќе одглумите со воодушевување?
Секако ова е само една од мал милион ситуации кои секојдневно не' ставаат во искушение и бар мене, ме замислуваат до каде смее/може искреноста на партнерите да оди :).
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Примерот ти е лош. Не знам зашто човек би рекол дека не му се свиѓа поклонот? Што ако би кажал, што би постигнал со тоа?

Многу од ситуациите, навистина не е потреба целосна искреност, поради ситуацијата. Ако се мисли дека со таа искреност ќе може нешто да се направи кон подобро - супер, тогаш треба да се користи. Но едноставно, ако води само кон непотребна или проблематична ситуација, може да се биде полуискрен или едноставно да се употреби бела лага.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Точно дека белите лаги помагаат во таквите ситуации. Но нема да се чуствуваш ти виновно што си ja подлажал и разочарано што не ти го погодила подарокот? :). Работата е што сите гледаат да одбегнат такви проблематични ситуации со цел врската да не пропадне. Зошто на пример не пристапиш директно и и' кажеш дека не ти се свиѓа? Би требало и тоа да се цени мајката, покрај кажаното "благодарам".
Или пример партнерот има честа навика да пцуе во секојдневни ситуации, не само кога се работи за нервоза и исфрустрираност. Би и' рекол да прекине, дека премногу пцуе и слично? Или само би си наведнал глава и би преминал преку тоа? :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.248
Поени од реакции
108.171
Според мене претераната искреност не чини. Со ова не мислам дека партнерот треба да биде излажан туку дека едноставно не можеш секоја работа да му ја кажуваш, секоја ситница да ја дознае... Е сега, проблемот во поголемиот дел од врските настанува поради немањето баланс помеѓу искреноста и она “небитното“ што и не мора да го дознае другиот партнер. Според мене убаво е во една врска да преовладува искреноста и да не се користат лаги, но да има правдање и исповед од партнерот за секоја ситница мислам дека е претерано и непотребно.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Точно дека белите лаги помагаат во таквите ситуации. Но нема да се чуствуваш ти виновно што си ja подлажал и разочарано што не ти го погодила подарокот? :). Работата е што сите гледаат да одбегнат такви проблематични ситуации со цел врската да не пропадне. Зошто на пример не пристапиш директно и и' кажеш дека не ти се свиѓа? Би требало и тоа да се цени мајката, покрај кажаното "благодарам".
Или пример партнерот има честа навика да пцуе во секојдневни ситуации, не само кога се работи за нервоза и исфрустрираност. Би и' рекол да прекине, дека премногу пцуе и слично? Или само би си наведнал глава и би преминал преку тоа? :)

Што има да се чувствувам виновно, кога сум направил таа да се осеќа подобро? Не сфаќам таков егоизам. Да направам некој да се осеќа тапа без причина, само за да си бидам чист пред себе дека сум бил искрен. Како да пропадне врската? Поради тоа што ќе лажам дека не ми се свиѓа нешто ситница? Абе ако ми смета нешто сериозно, ќе се направи убав муабет, нема за секоја работа да и пукам у фаца. Ти збориш за цело време искреност. Не значи дека ако нема цело време искреност - нема никаква искреност.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Само искрено! Кратко и јасно, нема што одоколу и да се филозофира, бар ја до сеа сум го користел тој метод и тоа е тоа. Со оглед на реакциите на партнерките супер, добро сум поминувал до сега и ја ценеле таа моја искреност a богами би сакал и партнерката да е таква према мене што не би ми пречело воопшто. Многу ситуации сум имал вакви да не навлегувам сега до толку али дефинитивно за мене добра работа е претераната искреност и може позитивно да влијае на врската.

ПС: Во врска со примерот, дефинитивно ќе и го кажам искрено мислењето дека не ми се допаѓа. Сака искрено мислење, ќе добие :)
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Preterana iskrenost bilo da mu kazes na partnerot dali ti se sviga poklonot. ?
:eek:

Preterana iskrenost e da mu priznaes na partnerot dali si se muvala ili ebela so drug prethodnata vecer.

Sega svatete dali e ubavo da si preterano iskren.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Секојдневно сме опкружени и сите,најискрено да си признаеме кажуваме бели лаги.Искрено,во примерот што го даде,подарок тој некој било кој да е и баба ми која сака да ме израдува,вложила време и труд.И сега ја да се испонашам и да и кажам дека нема вкус и дека не ми се допаѓа?Не оди.
Сметам дека моите проблеми се мои проблеми.Сите ние маваме обврски,работа,испити и безброј ситуациии кои задаваат главоболки во времето во кое живееме и ако времето со партнерот е нешто во што уживаме,не би требале да го трошиме да изнесуваме милион факти колку и нешто да е искрено кажано.
За искреност сметам,ако направил нешто има да ми каже нешто,да ми го каже директно,во лице.Подобро ке го издржам.И ако го ставам на оние ''типични"' квизови од тип на ''Маче,сум се здебелила?''
А ја стварно сум се свиња направила го сфаќам тоа,но ако тој ми го каже тоа тогаш тоа е брутално искрено,требал да си ќути и слично.Не им е лесно ни на мажите,верувам...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Што има да се чувствувам виновно, кога сум направил таа да се осеќа подобро? Не сфаќам таков егоизам. Да направам некој да се осеќа тапа без причина, само за да си бидам чист пред себе дека сум бил искрен. Како да пропадне врската? Поради тоа што ќе лажам дека не ми се свиѓа нешто ситница? Абе ако ми смета нешто сериозно, ќе се направи убав муабет, нема за секоја работа да и пукам у фаца. Ти збориш за цело време искреност. Не значи дека ако нема цело време искреност - нема никаква искреност.
Не е егоизам човек, туку ти бараат искрен одговор, со што би требало да се спремни како за позитивното така и за негативното. Ти викаш дека таквата искреност може да води кон проблематична ситуација, со што би се занишала врската. Океј, ќе избегнеш 2,3,15 такви ситуации со помош на белите лаги. Но ако продолжат да се нижат, ќе испадне дека врската се засновува и на искреност но и на бели лаги, кои според мене ако се премногу, веќе не се толку бели :).
п.с. добро де аман не се фаќајте толку за примерот туууу, битно е целокупната поента да ја сфатите :D . Ситуаците се многубројни, може да е ситница која ве нервира кај партнерот како употреба на премногу пцовки во секојдневен говор, прегласно (нападно) смеење, утнување на подарок, погрешно облакање за одреден настан се' до лошо бакнување или фалинки во сексот :)))
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Ништо не е добро кога е во големи количини па така и искреноста.
Мудар е оној човек кој знае да ги разликува вистините кои треба да ги каже од оние вистини кои треба да ги премолчи;)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ако ти каже дечко ти дебела глупача, те навредува или е брутално искрен?:cautious:
Ќе го прашаш и ќе ти каже :P. Сериозно, ја би го прашала дали сум се здебелила (ако не сум забележала на себе) и зошто смета дека сум глупа :LOL:. Веќе кога тргнал со брутална искреност, нека иде до крај :icon_lol: .
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Незнам што разбирате под претерана искреност али и каков човек да си мораш некад да си таков! Што требаше да и речам на една бивша што почна да пушта брадичка, некој несмасни црни влакна? Браво душо, квалитетно влакненце држиш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom