Види сега, ова нема многу врска со тоа што јас го напишав али сепак ќе ти одговорам. Јас за ова зборнав пред некое време ама не се разбравме изгледа. Санкции од страна на кој? Блоковите во светот ги знаеме, имаме еден така поголем и организиран западно-амерички блок, кој после студената војна си остана во свој состав па дури и порасна за разлика од истокот кој се раскурца. Тој блок благодарение на неговата структура и моќ е во позиција да мава санкции и како секој што има оружје во рацете го користи, тука лутиш нема и не треба да има, а на крај кој сме ние и што менува на кого му се лутиме. Јас верувам дека доколку светската сцена би била поинаква и русија, кина и ред други би можеле да маваат ефективни санкции на западните земји со што би ги раскурцале тоа и би го правеле, и зошто да не на крај краева? Фер плеј? Ако ме прашуваш лично што мислам за санкциите, не сметам дека имаше потреба од нив, треба само здраво да се наоружува украина и ништо повеќе.
Мојата поента на овој пост беше нешто што јас неколку пати го кажувам. Немам јас проблем со навивање за Русија, проблемот е кога ќе почне да се морализира. Ние имаме 2 блока да речеме во светот некој смета дека едниот треба да владее друг смета дека треба да владее другиот. Да речеме јас навивам за американците и сега јас викам вака - тоа што го прават по светот не е во ред ама јебига поарно да плаче мајка му неголи да плаче мајками, таков е светов и сите да просперираат барем до сега не знаеме како. Треба на еден да му се стемни за на друг да му се раздени. Кога русија ќе влезе во натпревар за таа позиција, нормално влегува за да го детронира сад и да се воспостави на неговото место, да може да прави тоа што прави сад, да има зона поголема на влијание со што ќе обезбеди подобра иднина за своите граѓани и сојузници и нормално некој од царската свита малку и да профитира. Човекот што вака резонира е гад но не е лицемер, бидеќи тој не прави никого будала(а ни себеси)туку само го соочува соговорникот со реалноста која е гадна.
Што се случува кога ќе настрадаш од пропаганда. Почнуваш да веруваш во добри и лоши, во сојузи на база на вера или националност, на култури и цивилизации кои као имаат виши вредности и се што си носат таквите махинации. Тогаш почнуваш да си правиш филм дека едната страна е добра а другата лоша. И ова нажалост е филм во кој живеат премногу луѓе на светот. Тука почнува лицемерието.
Додека била да речеме русија слаба и не била во можност да врши империјалистички активности, ти си си направил филм дека тоа е оти се премногу добри и праведни и си удрил со стапот по западот. Си резонирал дека западњаците се сатанисти империјалисти одат ваму-таму тепаат по куќи грабат жени
и си бил во голема мера во право. Арно ама сега Русија во позиција на поголема моќ смета дека може да го оспори статусот на сатанист број 1 и почнува да ги прави истиве работи. И сега ти најден во небрано бидеќи со години ако не и децении си го критикувал истово мораш да почнеш да правиш салта мортале како уствари тоа не е истото туку ова е нешто сосема друго, и нема врска со такви ниски побуди туку е борба за виши цели, спас на човештвото, ослободување, антинацизам. Најчесто не веруваат ни сами во тоа што го блебетаат али мора да се крепиме пошто друг избор немаме така ?
Ова функционира и вајс верса да не се разбереме погрешно ако ти си не убедувал 30 години дека се што прави сад и западот е ширење слобода и благодет тогаш нема многу што да брчиш сега.
Јас овде гледам еден куп луѓе што живеат во филм за некоја митска преглорифицирана русија која е месијата што треба да ги избави од маките, а и реално голем број на луѓе на балканот. Путине спасине е пресмешен мајндсет и јас на тоа реагирав претежно во темава
За нормален човек е многу лесно да процени кој е агресор а кој се брани во било која ситуација, јас никогаш нема да речам дека авганистан на било кој начин ги загрози уса или ссср па тие мораа да се бранат, тоа е многу смешно да го тврдиш