Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    660

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
Ти не живееш во апартхејдов јас како што знам. Ги прашувам луѓево што живеат под него.
Али еве for the sake of discussion, секогаш кога туркаш апартхејд или било каков режим нормално дека ќе се соочиш со затворање и репресија при секој обид за тоа, ама тоа не значи дека треба да се откажеш. Мендела лежеше децении по ќорки така? И најјакото, прво вас треба да ви се ебе матер, класика македонска, кога не се може на никој друг се мава по внатрешниот 'непријател' :icon_lol: Ние внатре да се исчистиме па после лесно, и така еве 150 години се пресметуваме со внатрешните непријатели, ако знае некој до кај сме нека каже.
ne se sekiraj promena ide bez zrtvi. samo se nadevam i cistkata potoa.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
ne se sekiraj promena ide bez zrtvi. samo se nadevam i cistkata potoa.
Промена без жртви нема што побрзо ќе научи народот македонски тоа подобро. А чистки и слични техники за заплашување секогаш имало кај нас ама врана со врана очи не си копа. Пред некоја година се изнаслушавме ќосиња ножеви али колку што памтам никого не заклаа
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Член од
10 јануари 2008
Мислења
743
Поени од реакции
1.881
Али затоа ти се скапа пишување суштински постови
Да, со исклучок на репликите кон тебе и таквите кога одите оф-топик и напаѓате член, а не неговите ставови. Ти кажав, јас немам проблем да се спуштам на тоа ниво ќе реплицирам со иста мера, други избегнуваат да се спаѓаат на ваше ниско ниво како реципроцитет.
јас тебе 2 пати те прашав да се објасниш за фрази и термини што ги пишуваш ти почна да се притресуваш
Секој пат сум ти одговорил, а тебе ако не ти се допаѓа одговорот не е мој проблем.
Така е нив оваа мисија им е салам ослободителна бидеќи ќе ги ослободи од животите. Браќата нивни од преку граница им бапнаа по еден мосин в раце и сега јуриш.
Џабе спинуваш, иако и самиот спин ти е смешен. Не алудирав на народните милиции на ЛНР и ДНР туку убаво ти пишувам за цивилното население во Донбас (и пошироко во региони од источна Украина) кои 8 години се жртви на војна, терор, геноцид. За нив е ова ослободување и конечен мир.

Ама и за народните милиции на кои си алудирал и за нив е завршеток на војната 8 годишна и ослободување и мир. Така да, сосема легитимно е да се нарекува ослободителна мировна мисија бидејќи за тие луѓе тоа и е.

јас ти реков ако ти се живее во фантазија можеш слободно. Туку да те прашам, ако излезе и кога излезе операцијава од границите на ДНР и ЛНР дали ќе продолжи да биде мировна мисија?
Ако читаш што пишувам и се однесуваш кон напишаното со разбирање и објективност и ја следиш дебатата со аргументи наместо да се фокусираш на навреди и омаловажување, ќе знаеше дека многу пати е одговорено ова. Исто така, следи ги официјалните изјави на руската страна, а не толкувањата на прозападната пропаганда и ќе го знаеш одговорот. Накратко, да, ќе биде ослободителна мисија од окупацискиот наци режим на Украина и нато, а потоа во демократска слободна атмосфера самите граѓани ќе можат да одлучат за својата иднина на референдум - највисоката форма на директна демократија.
Аха, добро ова е напредок, од сите дојдовме на голем дел(мада јамајка нема да се сложи). И пак се враќаме на наци-западот, наци раководство на укр и така натаму вртење во кругови.
Џабе и 100 пати да ти се повтара едно исто, ти пак си тераш по свое. Ти пишав и претходно, не генерализирај, биди објективен. Не се мисли дека цел запад или цела Украина се нацисти. Баш напротив, кога се употребува таа терминологија се знае или барем би требало да знаеш дека се подразбира и се мисли на политичките елити. По 100 пат ќе ти го повторам примерот со Мк. Не сме северџани и балисти, ама политичката елита е. Поддржана од западната наци политичка елита. И Украина, раководството е наци, не целиот народ или цела војска. Исто како и ЕУ и САД и нато, не се целите народи и држави наци, туку владеачките политички елити.
А зошто вие трпите и дозволивте да не снема како народ, еве ние сме либтарди толку разбираме, ама вие знаете што е добро за државава а ништо не превземате. Сам кажа дека живеете во апартхејд - зошто не се ослободите наместо цел ден да плачете на соц. мрежи дека живеете во апартхејд?
Сам си одговори. Затоа е што е апартхејд, не е демократија. Алтернативата и единствената опција која ја оставаат е граѓанска војна која никој паметен не ја посакува, освен шарени куртони и нивните спонзори кои се спремни и на граѓснска војна (шарена револуција, 27ми април), а и вооружен конфликт (2001, Диво Насеље) органзирани од стратешките наци партнери.
Пак спинови :icon_lol: Ај те молам посочими каде јас се гордеев со тоа дека сум нацист или генерално сум кажал дека сум нацист?
Па нели ги поддржуваше украинското раководство и батаљонот Азов? Немаше ти пишано дека биле херои?
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
743
Поени од реакции
1.881
Види сега, ова нема многу врска со тоа што јас го напишав али сепак ќе ти одговорам. Јас за ова зборнав пред некое време ама не се разбравме изгледа. Санкции од страна на кој? Блоковите во светот ги знаеме, имаме еден така поголем и организиран западно-амерички блок, кој после студената војна си остана во свој состав па дури и порасна за разлика од истокот кој се раскурца. Тој блок благодарение на неговата структура и моќ е во позиција да мава санкции и како секој што има оружје во рацете го користи, тука лутиш нема и не треба да има, а на крај кој сме ние и што менува на кого му се лутиме. Јас верувам дека доколку светската сцена би била поинаква и русија, кина и ред други би можеле да маваат ефективни санкции на западните земји со што би ги раскурцале тоа и би го правеле, и зошто да не на крај краева? Фер плеј? Ако ме прашуваш лично што мислам за санкциите, не сметам дека имаше потреба од нив, треба само здраво да се наоружува украина и ништо повеќе.

Мојата поента на овој пост беше нешто што јас неколку пати го кажувам. Немам јас проблем со навивање за Русија, проблемот е кога ќе почне да се морализира. Ние имаме 2 блока да речеме во светот некој смета дека едниот треба да владее друг смета дека треба да владее другиот. Да речеме јас навивам за американците и сега јас викам вака - тоа што го прават по светот не е во ред ама јебига поарно да плаче мајка му неголи да плаче мајками, таков е светов и сите да просперираат барем до сега не знаеме како. Треба на еден да му се стемни за на друг да му се раздени. Кога русија ќе влезе во натпревар за таа позиција, нормално влегува за да го детронира сад и да се воспостави на неговото место, да може да прави тоа што прави сад, да има зона поголема на влијание со што ќе обезбеди подобра иднина за своите граѓани и сојузници и нормално некој од царската свита малку и да профитира. Човекот што вака резонира е гад но не е лицемер, бидеќи тој не прави никого будала(а ни себеси)туку само го соочува соговорникот со реалноста која е гадна.

Што се случува кога ќе настрадаш од пропаганда. Почнуваш да веруваш во добри и лоши, во сојузи на база на вера или националност, на култури и цивилизации кои као имаат виши вредности и се што си носат таквите махинации. Тогаш почнуваш да си правиш филм дека едната страна е добра а другата лоша. И ова нажалост е филм во кој живеат премногу луѓе на светот. Тука почнува лицемерието.
Додека била да речеме русија слаба и не била во можност да врши империјалистички активности, ти си си направил филм дека тоа е оти се премногу добри и праведни и си удрил со стапот по западот. Си резонирал дека западњаците се сатанисти империјалисти одат ваму-таму тепаат по куќи грабат жени :icon_lol: и си бил во голема мера во право. Арно ама сега Русија во позиција на поголема моќ смета дека може да го оспори статусот на сатанист број 1 и почнува да ги прави истиве работи. И сега ти најден во небрано бидеќи со години ако не и децении си го критикувал истово мораш да почнеш да правиш салта мортале како уствари тоа не е истото туку ова е нешто сосема друго, и нема врска со такви ниски побуди туку е борба за виши цели, спас на човештвото, ослободување, антинацизам. Најчесто не веруваат ни сами во тоа што го блебетаат али мора да се крепиме пошто друг избор немаме така ? :) Ова функционира и вајс верса да не се разбереме погрешно ако ти си не убедувал 30 години дека се што прави сад и западот е ширење слобода и благодет тогаш нема многу што да брчиш сега.
Јас овде гледам еден куп луѓе што живеат во филм за некоја митска преглорифицирана русија која е месијата што треба да ги избави од маките, а и реално голем број на луѓе на балканот. Путине спасине е пресмешен мајндсет и јас на тоа реагирав претежно во темава :icon_lol:
За нормален човек е многу лесно да процени кој е агресор а кој се брани во било која ситуација, јас никогаш нема да речам дека авганистан на било кој начин ги загрози уса или ссср па тие мораа да се бранат, тоа е многу смешно да го тврдиш
Бидејќи сум објективен, кога има за критика критикувам ама кога има за пофалба ќе пофалам.

Ова ти е, барем според мене, прв суштински пост со содржина, со срж, со логика и со став.

Те охрабрувам да продолжиш вака да дебатираш.

И со многу многу од тоа што си пишал се слагам, замисли :icon_mrgr: .

Само ќе дадам дополнување, дека разликите во нато интервенциите и оваа на Русија се во самата основа и меѓународното право. Неколку пати сум пишал, може не си читал тогаш.

Според конвенциите на ОН, секоја држава има право и ОБВРСКА да го штити своето малцинство надвор од границите.

Секаде каде што сад/ук/нато вршеле агресија, ниту имале свое малцинство да го бранат ниту имало резолуција на СБ на ОН.

Секаде каде што Русија интервенирала (во блиско минато) е според конвенција на ОН за заштита на свое малцинство (за тоа не треба механизам на одлука на СБ на ОН). Не велам дека неможе да се злоупотреби тоа како лажен претекст, ама во Украина е чиста ситуацијата.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Паралерниот увоз започна да функционира, подобро кажано шверц на стоки, најчесто од Казахстан.

Иначе во врска со ова и Рубљата. Пред санкциите за Русија, Samsung A53 чинеше 30.000 рубљи, сега шверцован 40.000 рубљи. Во моментв Рубљата е 57, значи еден телефон чини 700 USD.

Кај нас е 26.000 денари или 460 USD.

Па сега вие видете колку е јака Рубљата.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Паралерниот увоз започна да функционира, подобро кажано шверц на стоки, најчесто од Казахстан.

Иначе во врска со ова и Рубљата. Пред санкциите за Русија, Samsung A52 чинеше 30.000 рубљи, сега шверцован 40.000 рубљи. Во моментв Рубљата е 57, значи еден телефон чини 700 USD.

Кај нас е 17.000 денари или 300 USD.

Па сега вие видете колку е јака Рубљата.
Edno vreme svrsuvavte deka pagjala, sega deka se krenala. Kakva i da e vie vazno si svrsvate od radost :toe: .
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
Паралерниот увоз започна да функционира, подобро кажано шверц на стоки, најчесто од Казахстан.

Иначе во врска со ова и Рубљата. Пред санкциите за Русија, Samsung A53 чинеше 30.000 рубљи, сега шверцован 40.000 рубљи. Во моментв Рубљата е 57, значи еден телефон чини 700 USD.

Кај нас е 26.000 денари или 460 USD.

Па сега вие видете колку е јака Рубљата.
верувам дека ова ќе доведе до големи немири што не може самсунг А52 да се купи за ефтино
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.381
Паралерниот увоз започна да функционира, подобро кажано шверц на стоки, најчесто од Казахстан.

Иначе во врска со ова и Рубљата. Пред санкциите за Русија, Samsung A53 чинеше 30.000 рубљи, сега шверцован 40.000 рубљи. Во моментв Рубљата е 57, значи еден телефон чини 700 USD.

Кај нас е 26.000 денари или 460 USD.

Па сега вие видете колку е јака Рубљата.
Зошто шверцован Самсунг да користат?
 
Член од
9 август 2012
Мислења
282
Поени од реакции
1.291
Оваа војна е тотален дебакл за ЕУ. Ги покажа токму онакви какви што се, немоќни, политички џуџиња, воено зависни од САД, енергетски зависни од Русија, неединствени, тромави, потполно неефикасни.

Резил.
Тоа е затоа што не комплетна. Почекај да влезат Македонија и Албанија, па ќе видиш што ќе се случи со ЕУ. Ренесанса!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
Оти бе на англиски брендов што ќе го замени Мекдоналдс ?

1653483807870.png
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.499
Поени од реакции
5.344
Gledam i po doma pocnale da im negoduvaat.


Po nashe receno, so svoite kamenja po glava
 

Kajgana Shop

На врв Bottom