Сосема заслужен шамар од САД за европејците дека нема да седнат на преговарачката маса. Војнава трае три години и се уште овие се калкуланти дур илјадници Украинци загинаа борејќи се со според нивни зборови - нивната најголема безбедносна закана. На Шолц устата пена му фати колку ја поддржува Украина а цело време се пишмани да им даде поголем пакет оружје и Таурус проектили. Епа не може бе така друже.
Според тоа што ги видов прашањата испратени од САД до ЕУ земјите, тие се вртат околу тоа кои европски земји се битни за безбедноста на Украина, дали сте спремни да пратите трупи во Украина, како очекувате САД да реагира ако тие трупи се нападнати и што ви е потребно од САД во однос на опрема и финансии за да ги распоредите тие трупи во Украина.
Нема веќе лаење празни зборови, сега треба на дело да се види колку се загрижени за европската безбедност.