Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    683

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.485
Поени од реакции
31.390
Мислам дека тоа што го наиша нема многу логика. Требаше да се удри со сета сила, украинаската војска тогаш немаше ни 20% од опремата што ја има сега. Онака како што Хитлер правеше на почетокот на војната. Зошто би имало државен удар во Русија?
Украина уште од 2014-та беше спремана за војна со Русија. Повеќеслојни фортификации, утврдувања, ровови низ целата граница со РФ.
Таква војна со толку дефанзивно укопан противник не се добива наеднаш, освен со тактички нуклеарни удари што е смена на парадигма каква веројатно никој не посакува (иако некои идат на кypчење и brinkmanship).

Не знам според кои податоци ги потценуваш Украина. Они беа најспремна воена сила во Европа после РФ, веројатно и сеуште се иако Украина сега нема ни 10% од техниката и оружјето што самите го имаа од СССР и од другото кое им беше доставено и потоа уништено во војната. Постојаниот дотур на опрема и оружје до Украина е процес кој ги ослаби (и ослабува) САД и нивните вазали... Но ако РФ удреше со цела сила на тој бедем, ќе се самоуништеше.

Во најмала рака РФ ќе ослабеше економски и потоа ќе почнеше незадоволството кај народот.

Државен удар е стандардна практика на западните. Така во Украина ставија своја марионетска власт. Истото го направија во повеќето арапски држави (арапската пролет), во Ерменија, Грузија, овде кај нас, итн, во многи држави. Во поново време се обидоа и во Белорусија, во Казакстан, и неколку други случаи, ама со интервенции на РФ обидите не успеаја.
Но доколку РФ ослабеше економски, тогаш на САД ќе им се отвореше шанса. Тоа всушност е нивниот ендгејм со војната во Украина.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
80
Поени од реакции
121

Фортификации имаше само во Донбас, на југ Русите се прошетаа со исклучок на Мариупољ. Исто и од страната на Белорусија, до Киев се спуштија Русите.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.746
Поени од реакции
8.815
Околу митот за воздушната супериорност...ако некој не го мрзи да погледа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.854
Поени од реакции
14.253
Јас сметам дека Путин на почетокот на војната направи огромна стратешка грешка и е директно виновен за големиот број жртви на двете страни. Наместо со војска од 150 000-200 000 со колку што влезе во Украјина, требаше да влезе со 700 000-900 000. Наместо да преговара си Украјинците требаше да ги изгазат на неколку места и војната ќе беше готова за 3-4 месеци.
Најверојатно одеа на повторување на грузиското сценарио од 2008 кога со мала ама мобилна војска и брзи продори им влегоа на повеќе правци и заврши конфликтот за една недела.

Дали беше искрена грешка на разузнавањето да ја повторат истата акција во многу поголемата и помоќна Украина или намерна зависи од тоа каков светоглед имаш и кого ќе прашаш.
 
Член од
9 јули 2024
Мислења
80
Поени од реакции
121
Најверојатно одеа на повторување на грузиското сценарио од 2008 кога со мала ама мобилна војска и брзи продори им влегоа на повеќе правци и заврши конфликтот за една недела.

Дали беше искрена грешка на разузнавањето да ја повторат истата акција во многу поголемата и помоќна Украина или намерна зависи од тоа каков светоглед имаш и кого ќе прашаш.
Јас не верувам дека било кој нормален во Русија можел да помисли дека Украина и Грузија се слични ситуации. Во Грузија буквално можеа да влезат со два тенка и да ги нашамараат. Не знам, лесно е од денешна перспектива човек да се прави паметен, ни мислам дека Русија направи капитална грешка на почетокот на војната.
Јас воопшто не се сомневам дека Русија ќе го истера своето на крајот, но по многу потежок пат.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.119
Поени од реакции
6.772
Најверојатно одеа на повторување на грузиското сценарио од 2008 кога со мала ама мобилна војска и брзи продори им влегоа на повеќе правци и заврши конфликтот за една недела.

Дали беше искрена грешка на разузнавањето да ја повторат истата акција во многу поголемата и помоќна Украина или намерна зависи од тоа каков светоглед имаш и кого ќе прашаш.
втора армија во европа после руската беше укринската ,какво е тоа изненадување и кикс на разузнавањето.......да беше некој разумен лидер наместо наркофирерот зеленски немаше да дозволи да изгинат или се инвалидизираат над милион млади работоспособни граѓани,ќе бараше некакво решение земјата да остани неутрална и да ги ужива придобивките во економијата од бесплатниот руски гас и плин,земјата како што видовме има 3 функционални нуклеарни централи плус 10тици термоцентрали,излегува на море и има неедогледни житници итн итн војната не оди во прилог на украина
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.485
Поени од реакции
31.390
@Julius Evola
Ги потценуваш западните, а и нивните робови од Украина.

Прво мојот коментар не беше еднодимензионален и не се однесуваше само на дефанзивните структури за само тој аспект да го коментираш во репликата. Но можеби не ме разбра па ќе ја повторам тезата: Целта на западните беше да се вовлече РФ во војна каде ќе имаат толкави загуби, човечки и материјални и економски - за тоа да предизвика незадоволство и нереди дома во Русија. Тоа е ендгејмот на западните, да се направат услови каде они ќе можат да ја активираат петтата колона и да приредат обоена револуција, и ултимативно државен удар.

Тие загуби, човечки и економски РФ ги нема во таква мера за да се јави големо незадоволство кај граѓаните. Тоа е резултат на одмерената и контролирана војна на истоштување која ја води РФ. Ако ја пратеше војната треба да се сеќаваш на самиот почеток Путин кажа дека ова ќе биде долга војна. Буквално на самиот почеток тоа го кажа.
Автоматски споено мислење:

Фортификации имаше само во Донбас, на југ Русите се прошетаа со исклучок на Мариупољ. Исто и од страната на Белорусија, до Киев се спуштија Русите.
Влегувањето длабоко во непријателска територија е влегување во замка. За градови како Киев да се освојат, треба време а не само војска и техника. А Киев мораше да падне за да падне власта и да заврши војната. Сето тоа да се направи во блицкриг (шверпукт де) е скоро невозможно против подготвен и силен противник и за тоа треба предност во сила, повеќе од 10 можеби и 20 спрема 1. И спремност да се дадат многу многу жртви. Русите тоа секако не го сакаа ни го планираа.

Причината за продорот од север беше тактичка, да се одвлече непријателска војска од југот. На југ имаше дефанзивни структури, но лажњакот/феинтот накај Киев беше причината зошто таму продорот беше брз и успешен. Се разбира дека немаше фортификаци како во Донбас. Никаде во светот нема таква концентрација на јаки и обемни дефанзивни структури како таму во ДНР.
Дњепар е природна фортификација која РФ и покрај сите напори само накратко кај Херсон ја поминаа. Кога го поминаа Дњепар кај Херсон нив целта им беше само Одеса и крајбрежјето. Понатаму немаа никакви планови да одат централно пошто после Дњепар теренот во Украина е рамничарски, далеку е од руското ПВО, логистиката е многу тешка, и голема концентрација на војска таму се глинени голуби... Очигледно е дека надлежните во РФ ова многу подобро го знаат од тебе и мене. Од 2014-та се спремале за оваа војна. Следствено не нападнаа со цела сила, туку почетно само со 70-80 илјади војници. И успехот не е спорен (ОК, освен можеби за нафо екипата овде).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom