Апропо сарказмот, ти треба малце апдејт, за да ги видиш најновите изјави, било да се од западот било од новата кандидатка за министер за одбрана, во која недвосмислено се признава дека Русија уствари цело време играла на долга позициона војна. А според тоа колку муницја троши, може слободно да се претпостави и да не е далеку од вистината дека долги години се спремала баш за таква војна.
А ако го гледаме наративот на ликовите тука, можеме и да претпоставиме дека снемувањето на ракети и муниција е патка излезена од Руската пропаганда, за да се залетаат Украинците на Т55ките што им останаа и празните артилериски орудија, ради испразнетите магацини со артилерија, пријавени од рускиот дефетист Рибар. Ако се употреби логика, можеби и повлекувањето од Карков и Керсон е со истата причина. Све тоа допринесе Русија да ја уништи третата Украинска армија со западно оружје буквално чекајќи во заседа.
Ако ги изразиме бројките во тенкови, Украинците имаа на почетокот 2000 тенкови, после добија за втората армија уште 1500 и последнава трета армија имаше околу 1000 тенкови. Украина во моментов на залиха не верувам дека има 500 тенкови. Имајќи ги во предвид помпезните најави на Западот (западните воени стратези се мастерманјд на последната Украинска офанзива) и самите Украинци, фејнтот е повторно сосема успешен.
брат ред е кога тврдиш нешто дека некој изјавил да си го поддржиш со линкови, вака на рекла казала си немаме играчка.
од индикатори за долга позициона војна ти спомнуваш консумирање муниција. Нема да ти противречам, бидејќи немам точни информации за тоа, ама ќе спомнам други индикатори што укажуваат на намера за кратка војна:
1. сите професионални војници - резервисти во вежбите пред војната имаа потпишано договор на 6 месеци. Затоа снемаа луѓе до кај октомври 2022, затоа беше успешна контраофанзивата. Ако си планирал долга војна, ќе има дадеш договори до 3 години. АРМ дава договори на 3 години
2. Киев, Чернихив, Суми и Харков беа вектори кои беа брзо напуштени. „Се повлекоа во знак на добра војла“. Ако имаа за цел да водат долга војна, ќе се повлекуваа етапно позади теренски линии и длабока одбрана како што прават сега во Запорожје (движи полека назад и мавај кога имаш шанса таму кај што боли)
3. неупотребата на Хостомел како значајна тактичка и стратешка точка. Школски е дека падобранци ќе обезбедат мостови, аеродроми, сообраќајни чворови и клучна инфраструктура. Го обезбедија Хостомел за да се повлечат. Зошто? По секоја логика толку голем аеродром треба да е појдовна точка за напад а не причина за повлекување.
4. повремени офанзиви. Сите сме сведоци на Вугледар, Бахмут и Купијанск. Имаше и некои поситни ама овие се најголемите после октомври 2022. Ако држат посициска војна во одбрана, зошто прават офанзиви? Зошто непотребно се трошат елитни мобилни оклопни формации?
@Klinton А каква е разликата од тоа што до сега го имаа и го имаат како авиони и Ф-16-киве што ќе ги добијат? Толку се подобри од тоа што до сега го имаа па што толку се прави еуфорија? Што викаше онаа србинкана, Ф-16-ве биле толку добри, што само што ќе се кренат во воздух, русите ќе фатат мајка бежанија.
Освен што ќе се зголеми бројноста на аерофлотата, многу е тешко да се каже. Карактеристиките на леталото не се поимпресивни од МИГ29, но модуларноста е.
Ф-16 е авион кој може да се користи како авион за воздушна супериорност, пресретнувач, ловец бомбардер, џемер, командно летало, и тоа што америте го нарекуваат „форс мултиплаер“ во комбинација со други летала.
Во било која улога да го користат треба да има соодветна модуларна опрема. Дали ќе ја добијат таа опрема заедно со леталата е многу битно прашање. Колку таа опрема ќе биде модернизирана е исто многу битно прашање.
2 предности се многу битни на Ф16 над МИГ 29.
1 попречувачи на сигнал - џеминг подс
2 моќен радар
Ако јас би нагаѓал хипотетички, би решил вака:
2 сквадрона ќе одат во борбена патрола на фронт во секое време.
1 сквадрон ќе биде поддршка на земја со JDAM муниција и jamming pods, со тоа во исто време ќе вршат прецизни воздушни напади на утврдени позиции со паметни бомби - многу ефективно против ровови. Со подовите теоретски би ги куткале сите ланцети и ФПВ дронови во близина на зона на дејство.
2 сквадрон ќе биде owerwatch каде ќе им го чуваат грбот на првиот сквадрон, ќе пресретнат хеликоптери или ловци, но во исто време ќе носат ХАРМ рекети кои се против радарски - да го неутрализираат ПВО
има многу недостатоци на мојата теорија во оперативна и логистичка смисла, но сигурно имаат попаметни луѓе од мене да ги решат тие проблеми.
Многу зависи колку сухои им останаа на русите од 4++ генерација. Ако се многу, ова ништо нема да смени, но мислам дека не се многу, ако беа многу русите до сега ќе имаа тотална воздушна надмоќ - немаат.
61 авион нема да ја свртат цела војна наопаку, ама не ни треба. Треба да се помине таа „Црвена линија“ за да земе залет, Данска и Холандија се само почеток, САД, Турција и Комонвелтот имаат свое производство на Ф-16 со што поддршката би била неограничена, други земји се заинтересирани да предадат летала на Украина - не од љубов, од бизнис интерес.
Ако америте летаат констнтно AWACS и CAC над црното море, доста ќе се искомплицира за русите, Керч мостот би бил меѓу првите мети.
Бонус видео за способностите на Ф-16 кога се наоѓа во добри раце: