Премногу паушално е "војска во Крим" и "стрелање корумпирана власт".
Ако имаш хипотетичко решение, образложи па ќе дискутираме.
Како ќе беше војната избегната? Еве ти си на власт од 2018та наваму во Украина, што би направил различно?
За почеток би пикнал во зандана се што ќе фатам дека е корумпирано.
Второ како во Кина би вовел смртна казна за корупција и крадење над одредена сума, кој има јаја нека си ја проба среќата.
Трето би тргнал од лицето на земјата политичари кои шпионираат за надворешни тајни служби, или би ги следел 24/7 и ќе имаат лимитиран пристап до се што мора да остане тајно.
Чистење на судовите и носење на најфлексибилна регулатива за даночење на странски инвестиции (Ирска ти е пример) со што би повлекол големи корпорации да инвестираат таму, даночен рај и центар за перење на пари за странските корпорации (најбрз легален начин за внес на огромен капитал).
Средување на проблемите со етничката нетрпеливост во моменталните воени зони, исти права за секој, чистење на нацистите од Азов по кратка постапка и подеднаков развој.
Договори за воена и трговска соработка со сите соседи, без исклучок, ако ми се курчат од НАТО би потпишал со другата страна, барем ќе сум безбеден од тој што има најголема шанса да ме нападне.
Едноставно државата би ја ориентирал да е финансиски рај за сите наоколу. Просечен Русин, Полјак, Белорусин да сакаат да се преселат таму, а не и Украинците да сакаат да се отселат.
Соработка на научно и развојно ниво со секоја напредна држава, и индустрија која ќе произведува од игла до локомотива.