Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    707
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.707
Поени од реакции
36.676
Не ти е точна констатацијата. Почетната позиција на Белорусија и Русија е иста 1991 и по симпатии. Во Советската окупација исто пателе и Украинците и Белорусите.....

Еве ќе ги ставам Украинците и Белорусите на страна, земи ги пример Грузија и Ерменија, несловенски народ.. Грузијците се наклонети кон запад, Ерменците не се. Причината не е љубовта на западот кон нив, туку интересите. Во конфликтот против Азербејџан, западот застана на страната на Азербејџан, ради нафта секако. Додека Грузија немаше конфликтна позиција и си стана наклонета кон запад.

Македонија се наоѓа во слична позиција како Ерменија. Во сите овие случаи, Русија не е крива за наклонетоста било кон едната било кон другата, туку западот.

Растењето на наклонетостна на Македонците кон Русија се должи не на политиката на Русија према Македонија, туку на политиката на западот против Македонија.
Те сфаќам што сакаш да кажеш али има разлика во односите со Украина. Посебно во последниов период после независноста на Украина односот кој го има Русија спрема нив е тотално погрешен (како целото руско однесување спрема другите словенски народи).

Второ има странски структури кои долеваат масло на огнот но факт е дека незадоволството постои бидејќи од ништо не се создава нешто. Посебно меѓу помладите генерации на украинци. Има повеќе елементи тука... не е само про-ЕУ ставот, тука има и многу украински десничари кои по правило се анти-руски настроени, исто тука се додава и мафијашката поставеност на Беркут и гневот кој им е насобран кон нив.

Во однос на Македонија, секоја впуштање со Русија би било страшна авантура за нас со негативни последици. Впрочем србите убаво научија една поговорка „Не дај Боже грк да те рани а русин да те брани“. Исто сметам дека ни Русија ни ЕУ немаат некој интерес за пустелија како Македонија која нема што да понуди. Ние самите ако не се средиме никој нема да не среди. Истото важи и за украинците.

Не ми е јасно нешто у ваквиве немири. Значи народ како народ се побунил и тука е полицијата да воспоставува ред. Дури и војската во некои случаи, рецимо како што ќе испадне во овој. Е сеа, ако некој од редовите на полицијата/армијата не се согласува со режимот на власта и е на страната на демонстрантите дали останува да си ја врши должноста? Дали ако му наредат, ќе онеспособи некој од неговата фамилија кој е на страната на демонстрантите? Најгрозна работа се граѓанските војни. Грев..
Тој убиен демонстрант/полицаец има свое семејство, брат, татко, син кој има гнев после ова... грозна работа е е граѓанска војна и црна дамка за секој народ во својата историја. Посебно во Украина каде што дополнително ќе се продлабочат поделбите со крв.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Не ми е јасно нешто у ваквиве немири. Значи народ како народ се побунил и тука е полицијата да воспоставува ред. Дури и војската во некои случаи, рецимо како што ќе испадне во овој. Е сеа, ако некој од редовите на полицијата/армијата не се согласува со режимот на власта и е на страната на демонстрантите дали останува да си ја врши должноста? Дали ако му наредат, ќе онеспособи некој од неговата фамилија кој е на страната на демонстрантите? Најгрозна работа се граѓанските војни. Грев..
100 од нив веќе се предадоа

Киев. Според податоците до 15 часа во бирото за форензички експертиза биле доставени 67 тела на загинати, пренесоа УНИАН, повикувајќи се на Киевска градска државна администрација (КГГА).
Заводот за здравствена заштита на КГГА истакнува дека до 15 часот на 20 февруари, за периодот од 18 февруари, во здравствените установи медицинска помош побарале 551 учесници во масовните протести во центарот на Киев. Хоспитализирани се 332 лица.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.197
Поени од реакции
26.880
Те сфаќам што сакаш да кажеш али има разлика во односите со Украина. Посебно во последниов период после независноста на Украина односот кој го има Русија спрема нив е тотално погрешен (како целото руско однесување спрема другите словенски народи).

Второ има странски структури кои долеваат масло на огнот но факт е дека незадоволството постои бидејќи од ништо не се создава нешто. Посебно меѓу помладите генерации на украинци. Има повеќе елементи тука... не е само про-ЕУ ставот, тука има и многу украински десничари кои по правило се анти-руски настроени, исто тука се додава и мафијашката поставеност на Беркут и гневот кој им е насобран кон нив.
Првиот обид беше портокаловата револуција, подемот и падот на портокаловата револуција доста подсетува на подемот и падот на Арапската пролет во Египет.Тој обид во Украина падна на легални демократски избори.

Очигледно е дека мнозинството на народ се одлучува за проруската опција. Не збориме тука кој како и кога пател, туку дека мнозинството народот е за проруската опција. Тоа што одредена група луѓе излегле да се бунат, не значи дека тие се мнозинство. Истото беше и во Египет, кога структура со 1 милион следбеници зема власт во држава од 80 милиони.

Во однос на Македонија, секоја впуштање со Русија би било страшна авантура за нас со негативни последици. Впрочем србите убаво научија една поговорка „Не дај Боже грк да те рани а русин да те брани“. Исто сметам дека ни Русија ни ЕУ немаат некој интерес за пустелија како Македонија која нема што да понуди. Ние самите ако не се средиме никој нема да не среди. Истото важи и за украинците.
Не е тука тема Македонија и Русија, тоа го кажав во контекст на оние кои ја следат западната пропаганда и ги сатанизираат луѓето кои се наклонети кон Русија.
 
DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Гледам многу тука на форумов а и општо ги обвинуваат САД и ЕУ дека дека ги предизвикуваат протестиве а народов во Украина и останатите земји зафатени со протести живеел добро.. Па ако живееш добро нема такви пари или таква сила што ќе те натера да изелзеш на улица, да се тепаш со војска и полиција, да ризикуваш живот затоа што те подбуцнале од страна.. Едностано на народот му е скурчено да врзува крај со крај, едвај да преживува додека властодржците во скоро сите земји од источна европа и балканот се обезбедија со милијарди евра за 100 генерации... Па арапските земји како Сирија, Либија и кој и да беја останатите зафатени со протсети при толкави ресурси на нафта живеат како да се во 19 век.. Но бидејќи сега актуелни се протестите на балканот и Украина ќе се задршам на споредба на овие земји со развиените економии..

На пример Јапонија без апсолутно никакви природни ресурси е во топ 3 економии во светот.. исто и Јужна Кореја.. Погледнете ги на пример скандинавските земји, Швајцарија, Австралија.. што имаат тие повеќе од балканските и источно европските земји за да имаат 10 пати поголем стандард. Па народов од кај нас да мора да се пресели таму за да видат што е живот а не преживување... Да не имаат повеќе ресурси, природни услови или да не се на подобра локација сместени? Едноставно имаат влади и функционери кои мислат пред се на развојот на државата и доброто на граѓаните а после на самите нив...

А ние особено Македонија, иако кога се работи за протести сме најтивки, веќе со децении живееме како цигани и покрај сите природни услови кои ни се на располагање. Па повеќе се исплаќа да заминиш да бериш портокали и грозје на плантажите во Грција и Италија одколку да работиш земјоделие на сопствена земја во Македонија.. А сето тоа ради расипаниот народ и политичари.. Почнувајќи од секој обичен служебник во администрациа, инспектор, полцаец, да не зборувам за високите функционери кои се во сршта расипани...Гледаат само да те заебат и колку можат повеќе да го исцицаат нардото за да има за нив..

Е ради тоа има протести.. виде народов како се живее на запад а како се живее тука.. не ради ЕУ и САД..
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Еу и западот се виновни за корупцијата до невидени размери за сиромаштијата на народот во Украина .Интересна работа во интернет пространството пак народот од бившите советски републики е со украинскиот народ а пак чудна работа срби и македонци со подршка до властите во Украина зошто е така може да се види и од нашите медиуми од тоа како ги пренесуват вестите заземат страна.
Јас не сум ни за русите ни за американците но не е убаво тоа што си играт вака со народот сиромашен во Украина да се тепат како кучиња.
Едно знам на улица овие луѓе не излегле сигурно од забава си имат мака луѓето.
Некој сака да ја запали Украина ништо чудно Западот и Русија да сакат да си ја поделат.
Еве вакви вести ја палат ситуацијава ова девојче помагало на ранетите на плоштадот и погодено е со снајпер додека помагало последно напишала на Твитер умирам.
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.425
Поени од реакции
5.437
I toa ne mi e jasno tamu poinakov vozduh disat od nasiov?!?
Fakticki ti klasificira kao Balkanskite narodi i tie so Slovenski koreni se najgolemiot olosh na Evropa. Megutoa koga ke stapnat na Zap Evropsko tlo odednas stanuvaat civilizirani gragani
Stvarno ne ste mi jasni so tie razmisluvanja. Sto benefit ke ima Makedonija od Evropska Unija? Ke ima direktna pomosna od Evropskite monetarni fondovi? Ok. Ke se otvori pazarot na trud? Ok.
Kako ke se smeni
Почнувајќи од секој обичен служебник во администрациа, инспектор, полцаец, да не зборувам за високите функционери кои се во сршта расипани.
???????
Mislite Zapadno Evropskite zemji vecno ke dozvoluvaat napliv na rabotna sila od Istocnite zemji? Se pogolem jaz se stvoruva izmegu zemjite clenki. Edno bese Zap Evropa so kremot drugo e sega so kjoro i boso. Nebare Evropskata Zaednica se preporodi so primeot na Bugarija kako zemja clenka a pak zemjata sto ima edni resursi toa plinoj nafti ramnici zitnici mh mh mh mh....
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
И денес точно кога се водат улични битки во Киев и дел од украинскиот олимписки тим напушти игрите овие од Pussy Riot одлучиле да прават провокации во Сочи. Ама кубанските казаци добре са ги пречекале со нагаjките.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.353
Првиот обид беше портокаловата револуција, подемот и падот на портокаловата револуција доста подсетува на подемот и падот на Арапската пролет во Египет.Тој обид во Украина падна на легални демократски избори.

Очигледно е дека мнозинството на народ се одлучува за проруската опција. Не збориме тука кој како и кога пател, туку дека мнозинството народот е за проруската опција. Тоа што одредена група луѓе излегле да се бунат, не значи дека тие се мнозинство. Истото беше и во Египет, кога структура со 1 милион следбеници зема власт во држава од 80 милиони.

Не е тука тема Македонија и Русија, тоа го кажав во контекст на оние кои ја следат западната пропаганда и ги сатанизираат луѓето кои се наклонети кон Русија.
Тоа не можеш да го тврдиш со сигурност,посебно не сега после 4 години владеење на Јанукович.
Има и група на луѓе кои не се целосно со двете страни и тие ја носат победата на изборите.Двата блока проруски и поукраински имаат некоја поддеднаква база,но има и луѓе кои може да се придобијат од двете страни.

Овој пат Јанукович веројатно ја нема поддршаката од мнозинството на Украинците и затоа не распиша предвремени избори кога ова можеше и мирно да се реши.
Ако беше он толку сигурен дека мнозинството од народот е на негова страна ќе распишеше нови избори и засекогаш ќе им ги затвореше муцките на тие од опозицијата,а ќе ќареше екстра 5 години на власт.

Ова е негово срање....секој политичар има морална одговорност да распише избори кога гледа дека на простести се излезени стотици илјади граѓани низ целата земја и кога област по област му откажуваат послушност.
Тоа можеше така лесно да се реши дур беа протестите релативно мирни и насилството не излегуваше од некоја нормала.
Сега е прекасно и за жал 100 животи се изгубени и навлечени се санкции.
 
Тргнувајќи од искуство од светските настани во последните 2 децении, вклучително и покажување часовници во Македонија, каке 5 до 12 да го фатиме патот. Неможам да си дозволам да помислам поинаку освен дека ова е повторно масло на западот.[DOUBLEPOST=1392920848][/DOUBLEPOST]Сценариото е многу слично како во земјите зафатени од арапаската пролет, почнува како протести против владата, се убацуваат радикални структури кои фингираат одговор на безбедонсните структури и реално опозицијата ја губи контролата врз тие радикали кои ја вбуткаат земјата во поголеми гомна.
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Сирискиот модел сега се применува во Украина . Ова ќе биде долга и крвава граѓанска војна во краината .
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не треба да мешате
Гледам многу тука на форумов а и општо ги обвинуваат САД и ЕУ дека дека ги предизвикуваат протестиве а народов во Украина и останатите земји зафатени со протести живеел добро.. Па ако живееш добро нема такви пари или таква сила што ќе те натера да изелзеш на улица, да се тепаш со војска и полиција, да ризикуваш живот затоа што те подбуцнале од страна.. Едностано на народот му е скурчено да врзува крај со крај, едвај да преживува додека властодржците во скоро сите земји од источна европа и балканот се обезбедија со милијарди евра за 100 генерации... Па арапските земји како Сирија, Либија и кој и да беја останатите зафатени со протсети при толкави ресурси на нафта живеат како да се во 19 век.. Но бидејќи сега актуелни се протестите на балканот и Украина ќе се задршам на споредба на овие земји со развиените економии..

На пример Јапонија без апсолутно никакви природни ресурси е во топ 3 економии во светот.. исто и Јужна Кореја.. Погледнете ги на пример скандинавските земји, Швајцарија, Австралија.. што имаат тие повеќе од балканските и источно европските земји за да имаат 10 пати поголем стандард. Па народов од кај нас да мора да се пресели таму за да видат што е живот а не преживување... Да не имаат повеќе ресурси, природни услови или да не се на подобра локација сместени? Едноставно имаат влади и функционери кои мислат пред се на развојот на државата и доброто на граѓаните а после на самите нив...

Е ради тоа има протести.. виде народов како се живее на запад а како се живее тука.. не ради ЕУ и САД..
Нели е симптоматично што вакви екстремно насилни “протести“ се случуваат во сите земји каде САД има интерес да ја смени власта?
Одговори едноставно, дали Западот сака смена на власта во Украина?

Првиот чекор што треба да го направиш за да ја разбереш ситуацијата е да престанеш да гледаш низ црно-бела призма.

Ајде да погледнеме сега во земјите каде САД и НАТО имплементираа “демократија“ - Либија, Сирија, Авганистан, Ирак... забележуваш ли промена на подобро за нивните народи?
Распарчени на религиозни секти, радикализирани, нестабилни, уште посиромашни, криминални дувла и терористички фракции секоја со своја агенда.

Збориме за вредностите на ЕУ кога се’ до 1975 година членка на ЕУ - Шпанија одржуваше империјалистичка окупација на територија на Мароко. Франција сеуште без никаква осуда и забрана бомбардира африкански земји. Израел никогаш нема да биде повикан на одговорност за геноцид врз арапите.

Украинскиот народ треба да биде оставен сам да одлучи и да се избори за своите права, а не да му биде инсталирана марионетска влада која ќе работи за интересите на други земји.

Точно, целиот политички систем во Украина е гнило корумпиран и треба целосен ремонт. Но, за тоа да се случи не се потребни странски интервенции.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.636
Поени од реакции
12.563
Гледам некои се жалат на Русија и зошто имало толку русофили на темава. Прво Русија инсистирала да Македонија биде независна, исто како и Србија и Грција но Британија и Германија ги спречиле, Британија сметале дека премногу е хетерогено населението на овие простори, додека Бизмарк за словените сметал дека не се достојни за живот, ги сметал за козокрадачи. И уште нешто после Бизмарк и Дизраели меѓу најмоќните претставници на другите земји бил министерот за надворешни работи на Грција. Трето а можеби и најважно на конгресот нема ниту еден претставник од Македонија.

Премногу фронтови им отворија на Русија. Волгоград, Сирија, Украина и Венецуела.
На чело на државата стои поранешен член на КГБ,колку за потсетување. Ако незнае тој да изреагира тогаш сигурно нема некој од форумов со свои тези да ја реши цела ситуација. Грузија 2008 не е далеку, иако не посакувам никаква употреба на воена сила.
Од рака на Сталин не гинеле само украинци туку и другите етникуми(од руси па до абхази)
Највеќе кој губи е Украинскиот народ. Беше Тимошенко на власт? Што направи? Ниту стандарт смени, ниту Е од ЕУ. Нека не продаваат мада за бубрези. И колку двоен стандарт има Еу за некого тоа самите може да одлучиме од односот кон нас. 10 години чекаме преговори за Еу, но очигчедно не сме дојдени на агендата или некој друго решение ни имаат скроено. А Украина за 5 години ги исполнува сите услови се со цел Русија да се порази. Seems fair enough.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.636
Поени од реакции
12.563
https://twitter.com/EuroMaydan/status/436557220843892736
https://twitter.com/walterbilas/status/436554603686297600
Финансиерите и членовите на владеачката партија бегаат од Украина со торби кеш.
Тоа се тие олигарси кои треба да се стрелаат, исто како и организаториве кои се одговорни за жртвите. Не само од владеачката гарнитура туку од опозицијата. Почнувајќи од членовите на тој Отпор кој е познат по специјалноста за прирерадување бунтови. Интересно е што во периодот во транзиција во Русија, Америка ги подржуваше тие олигарси. Елцин беше добар, а системот немоќен да ги санкциноира. Со широки раце беше прифатен нивниот капитал во странство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom