- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.837
- Поени од реакции
- 36.874
Те сфаќам што сакаш да кажеш али има разлика во односите со Украина. Посебно во последниов период после независноста на Украина односот кој го има Русија спрема нив е тотално погрешен (како целото руско однесување спрема другите словенски народи).Не ти е точна констатацијата. Почетната позиција на Белорусија и Русија е иста 1991 и по симпатии. Во Советската окупација исто пателе и Украинците и Белорусите.....
Еве ќе ги ставам Украинците и Белорусите на страна, земи ги пример Грузија и Ерменија, несловенски народ.. Грузијците се наклонети кон запад, Ерменците не се. Причината не е љубовта на западот кон нив, туку интересите. Во конфликтот против Азербејџан, западот застана на страната на Азербејџан, ради нафта секако. Додека Грузија немаше конфликтна позиција и си стана наклонета кон запад.
Македонија се наоѓа во слична позиција како Ерменија. Во сите овие случаи, Русија не е крива за наклонетоста било кон едната било кон другата, туку западот.
Растењето на наклонетостна на Македонците кон Русија се должи не на политиката на Русија према Македонија, туку на политиката на западот против Македонија.
Второ има странски структури кои долеваат масло на огнот но факт е дека незадоволството постои бидејќи од ништо не се создава нешто. Посебно меѓу помладите генерации на украинци. Има повеќе елементи тука... не е само про-ЕУ ставот, тука има и многу украински десничари кои по правило се анти-руски настроени, исто тука се додава и мафијашката поставеност на Беркут и гневот кој им е насобран кон нив.
Во однос на Македонија, секоја впуштање со Русија би било страшна авантура за нас со негативни последици. Впрочем србите убаво научија една поговорка „Не дај Боже грк да те рани а русин да те брани“. Исто сметам дека ни Русија ни ЕУ немаат некој интерес за пустелија како Македонија која нема што да понуди. Ние самите ако не се средиме никој нема да не среди. Истото важи и за украинците.
Тој убиен демонстрант/полицаец има свое семејство, брат, татко, син кој има гнев после ова... грозна работа е е граѓанска војна и црна дамка за секој народ во својата историја. Посебно во Украина каде што дополнително ќе се продлабочат поделбите со крв.Не ми е јасно нешто у ваквиве немири. Значи народ како народ се побунил и тука е полицијата да воспоставува ред. Дури и војската во некои случаи, рецимо како што ќе испадне во овој. Е сеа, ако некој од редовите на полицијата/армијата не се согласува со режимот на власта и е на страната на демонстрантите дали останува да си ја врши должноста? Дали ако му наредат, ќе онеспособи некој од неговата фамилија кој е на страната на демонстрантите? Најгрозна работа се граѓанските војни. Грев..