Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    729
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Не им го даде Сталин Крим на Украинците туку Хрушчов, после смртта на Сталин. Точно дека ЕУ не и мисли многу добро на Украина, но ме чудат русофиливе на форумот што се толку убедени дека Русија и мисли добро. Убаво кажжаа некои претходни дискутанти, многу има пропатено Украина од Русите низ историјата, многу повеќе него ли од некоја западноевропска држава.

Никогаш нема да ја сфатам љубовта на некои македонци кон русија, со оглед дека историски Русија е голем грешник кон Македонија и македонскиот народ,
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
http://www.bbc.co.uk/news/world-latin-america-26244539

Еве и на Русија уште еден фронт. Тотално ја растргнуваат руската администрација.
Заради една Сирија Русија добива контранапади од сите страни,па ништо не е чудно ако започне некои протести и во Москва, САД многу прљаво игра.. А инаку кај Американците ништо не останува неказнето.. Русија треба веднаш да се откаже од Сирија,оти како што тргнало,после Киев на ред е Москва..
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Никогаш нема да ја сфатам љубовта на некои македонци кон русија, со оглед дека историски Русија е голем грешник кон Македонија и македонскиот народ,
Точно е дека руската желба за хегемонизам над Словените им има создадено огромни проблеми, кои денес им се одбиваат од глава. Ама исто така е точно дека ослободувањето на балканските држави од турска окупација е директна или индиректна последица на руска интервенција. Таа паричка има две страни.

Дополнително, Русија и империјата што ја создала Русија е максимумот што Словените го имаат постигнато и воено, и економски, и духовно, и културно. За љубов нема место, ама симпатиите се разбирливи.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.525
Поени од реакции
26.209
Дечко и други држави (да не бројам примери, посебно од балканов) имаа малцинства али сега ги немаат. Се зависи од тоа на какви темели решиле да ја градат државата. Темелите на Украина се шупливи уште од почетокот кога почнаа да ја градат државата.

Украина одсекогаш била искористувана од Русите, само тие никогаш не собраа доволно храброст и не изградија национална свест да раскрстат со нив.[DOUBLEPOST=1392908825][/DOUBLEPOST]

Сакам да ти кажам дека истиот однос што го имаат бугарите спрема нас, го имаат русите кон украинците. Си ги сметаат за нивна ќерка земја која што треба да ги слуша и да ги прати како што ќе кажат они.
Te разбирам шо сакаш да кажеш ама русите и бугарите се помало зло од од двете понудени. Иначе дека можат украинците сами за себе да одлучуваат - мало теже зошто никогаш нема да ги остаат на раат да се развијат[DOUBLEPOST=1392911763][/DOUBLEPOST]
Не им го даде Сталин Крим на Украинците туку Хрушчов, после смртта на Сталин. Точно дека ЕУ не и мисли многу добро на Украина, но ме чудат русофиливе на форумот што се толку убедени дека Русија и мисли добро. Убаво кажжаа некои претходни дискутанти, многу има пропатено Украина од Русите низ историјата, многу повеќе него ли од некоја западноевропска држава.

Никогаш нема да ја сфатам љубовта на некои македонци кон русија, со оглед дека историски Русија е голем грешник кон Македонија и македонскиот народ,
А подобро е според тебе да се збратимуваме со народи што ништо заедничко немаме или со народи 60-70-80 % слични на нас ??? За Еу што гомно е сите знаеме,немора да ти објаснувам зашто подобро е со Русија него со ЕУ
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Не постои некоја реална нетрпеливост меѓу русите и белорусите додека со украинците е друга приказната. Генерациите помлади од 35 години во големо мнозинство не гледаат со симпатии на Русија поради нејзиното однесување. Многу имаат украинците страдано од русите и многу пати биле манипулирани од нив.
Не ти е точна констатацијата. Почетната позиција на Белорусија и Русија е иста 1991 и по симпатии. Во Советската окупација исто пателе и Украинците и Белорусите.....

Еве ќе ги ставам Украинците и Белорусите на страна, земи ги пример Грузија и Ерменија, несловенски народ.. Грузијците се наклонети кон запад, Ерменците не се. Причината не е љубовта на западот кон нив, туку интересите. Во конфликтот против Азербејџан, западот застана на страната на Азербејџан, ради нафта секако. Додека Грузија немаше конфликтна позиција и си стана наклонета кон запад.

Македонија се наоѓа во слична позиција како Ерменија. Во сите овие случаи, Русија не е крива за наклонетоста било кон едната било кон другата, туку западот.

Растењето на наклонетостна на Македонците кон Русија се должи не на политиката на Русија према Македонија, туку на политиката на западот против Македонија.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.525
Поени од реакции
26.209
ЕУ - Дивјаците мирно пропуштаат полицајци,после окупирањето на полициската станица.....
 

TAM

Член од
18 февруари 2014
Мислења
36
Поени од реакции
6
Украина на работ на граѓанска војна?
Ситуацијата во Киев ја достигнува критичната точка. Власта најавува дека ќе ја употреби војската против вооружените демонстранти. Демонстрантите ги заземаа зградите на државната телевизија, радиото како и главната пошта. Јануковиќ го смени началникот на генералштабот на украинската војска


Беснее насилството во Киев. Откако демонстрантите ја заземаа зградата на државната телевизија и радио, како и главната пошта, власта најави дека ќе ја употреби војската. Се очекува нова пресметка на полицијата и демонстрантите на Плоштадот на независноста.

Како што јавува „Раша тудеј“, демонстрантите ја користат зградата на Поштата како штаб за радикалната група под името „Десен сектор“.

Полицијата и демонстрантите се подготвуваат за нови пресметки во Киев. Неколку илјади полицајци се распоредени околу Мејдан, а опозиционерите подготвиле стотина Молотови коктели.

Во меѓувреме, претседателот Виктор Јанукович го смени началникот на генералштабот на украинската војска, Владимир Заман, и на негово место го постави адмиралот Јуриј Илин.

Украинското министерство за одбрана предупредува дека ќе ја употреби војската против вооружените демонстранти.

Во досегашните судири настрадаа 26 лица, а повеќе од 700 се повредени. Меѓу загинатите се и десет полицајци.

Рускиот Кремљ, ги оцени случувањата во Киев како обид за државен удар и порача дека не смее да се случи југословенското сценарио.

Сергеј Лавров апелираше на функционерите на ЕУ да ги искористат своите врски меѓу лидерите на опозицијата и да ги натера да седнат да преговараат.

Покрај санкциите за Украина, кои утре ќе ги разгледува Советот на министри на ЕУ, Брисел најави и дипломатска офанзива.

Претседателот на ЕК, Баросо во телефонски разговор со Јануковиќ побара итен прекин на насилството.

дали во скоро време е можна поделба на Украина на два дела западен и источен интересна е анализата на Мирослав Лазански дадена уште од 13 декмври 2013
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Заради една Сирија Русија добива контранапади од сите страни,па ништо не е чудно ако започне некои протести и во Москва, САД многу прљаво игра.. А инаку кај Американците ништо не останува неказнето.. Русија треба веднаш да се откаже од Сирија,оти како што тргнало,после Киев на ред е Москва..
Ако се откаже од Сирија, нареден е Иран, а после Иран повторно руски градови се на дофат. На Русија не и преостанува никаква алтернатива сем да оди до крај.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.525
Поени од реакции
26.209
Не ти е точна констатацијата. Почетната позиција на Белорусија и Русија е иста 1991 и по симпатии. Во Советската окупација исто пателе и Украинците и Белорусите.....

Еве ќе ги ставам Украинците и Белорусите на страна, земи ги пример Грузија и Ерменија, несловенски народ.. Грузијците се наклонети кон запад, Ерменците не се. Причината не е љубовта на западот кон нив, туку интересите. Во конфликтот против Азербејџан, западот застана на страната на Азербејџан, ради нафта секако. Додека Грузија немаше конфликтна позиција и си стана наклонета кон запад.

Македонија се наоѓа во слична позиција како Ерменија. Во сите овие случаи, Русија не е крива за наклонетоста било кон едната било кон другата, туку западот.

Растењето на наклонетостна на Македонците кон Русија се должи не на политиката на Русија према Македонија, туку на политиката на западот против Македонија.
Добро е ...Ја откривме Америка ;) Непријателот на мојот непријател е мој пријател ....
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Има една тема за Украина,нема потреба 100 теми да се отвори..
 

TAM

Член од
18 февруари 2014
Мислења
36
Поени од реакции
6
mislam deka ima potreba od nova ,
bidejki poslednive denovi ocigledno e deka se raboti na predizvikuvanje na proletno scenario vo Ukraina slicno na arapskoto
a ovaa tema bas e fokusirana i akcentirana na toj moment
zatoa dobro e da ima posebna tema
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Не ми е јасно нешто у ваквиве немири. Значи народ како народ се побунил и тука е полицијата да воспоставува ред. Дури и војската во некои случаи, рецимо како што ќе испадне во овој. Е сеа, ако некој од редовите на полицијата/армијата не се согласува со режимот на власта и е на страната на демонстрантите дали останува да си ја врши должноста? Дали ако му наредат, ќе онеспособи некој од неговата фамилија кој е на страната на демонстрантите? Најгрозна работа се граѓанските војни. Грев..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom