Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Виетнам го дадов како пример, каде конкурентот ја вооружува ненуклеарната страна, во конфликтот со нуклеарната голема сила. Иначе да, не се споредливи како ситуации, ретко кои две војни се. И да влогот за Русија е огромен, ништо од тоа не спорам.
Меѓутоа, муабетот почна од тоа дали пораз за Русија е опција. Пораз во смисла, воен пораз каде војската им се враќа на позиции, блиску до границата пред 24ти. Употреба на нуклеарно оружје е последно средство, во ситуации кога поразот не е опција, односно кога физичката егзистенција на нуклеарната сила е загрозена. Мојот аргумент е, дека про-западна Украина со наоружана војска близу својата граница пред 24ти февруари и повлечена руска армија, односно руски воен пораз, не е загрозување на физичката егзистенција на Руска федерација. Се додека Русија има nuclear deterrent и никој не се осудува да врши инвазија на нивна територија, егзистенцијата на Русија не е доведена во прашање и постои мала веројатност да употребат нуклеарно оружје.
Е сега, ако Украина тргне да го враќа Крим, или тргне на Белгород, тогаш е многу можно да гледаме печурки.
Ако аргументот е дека про-западна Украина е закана за физичката егзистенција на Русија, тогаш би сакал малку повеќе објаснување, зошто е тоа така. Збориме за Украина која не е дел од Нато, но има голема армија и е наоружана со западно оружје.
Таква Украина е закана (повеќе пресуда) за егзистенцијата на руската сфера на влијание во Европа, тука нема дилема. Ама, не е закана за физичката егзистенција на Русија, барем според мене. Употребата на нуклеарно оружје е очекувана во вториот случај.
Нормално, Путин и останатите не се софтвер, па да извршуваат команди и веројатноста дека не мислат како мене е многу поголема од нула.
Постои една комплицирана ситуација за која пишував во еден претходен пост. Ако Русија набрзина направи референдуми во Донбас и Херсон, може веднаш да ги припои кон Русија, со што тие за нив официјално ќе станат дел од Русија. Потоа секој обид за контраофанзива од страна на Украинците можат слободно да си го толкуваат како агресија кон Русија, па од Киев и Лвов да остана само нуклеарни печурки.

Инаку, не гледам ситуација каде Русите се враќаат во границите од пред војната. Во случај да почнат да губат во конвенционална војна, веројатно ќе посегнат по оружја што не се нуклерани, но се забранети за употреба, фосфорни бомби, термобаричко оружје па дури и хемиско. Русите од Донбас и Херсон повеќе не излегуваат, а за Крим мислам дека воошто не вреди да се дискутира.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Да, навистина. Оружјето се (п)осветува од Црквата ако истото е наменето за уништување на злото. Но тоа е муабет за друга тема...
Да,например со убивање на деца се убива и злото.Затоа се благословува сатаната.

Се слагам со болдот. Затоа си небитен на темава, не се разбираш ко што сам признаваш.
Автоматски споено мислење:
Дечко,не си давај преголемо значење,форум е ова не си билдај его.Небитен си исто колку и твоето мислење,копи пејст,ако си прочитал на твитер вест или од некој руски медиум или телеграм,не ми изигравај експерт.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Неспоредлива е оваа ситуација со Виетнам, и со било каква ситуација од минатото. Влогот за Русија е огромен. Кога Путин и Лавров велат дека ова е од егзистенцијално значење за Русија треба да се сфатат буквално. Она што за САД е прокси војна, за Русија е прашање да се биде или не. Затоа воопшто не ја исклучувам употребата на нуклерано оружје во Украина, барем тактичкото. Огромнни се влоговите, не е споредливо со ништо од минатото.
Ако беше од егзистенцијално значење, немаше да кријат од луѓето дека се во војна. Тврдењата на Путин се чиста пропаганда наменета само за руското население. Ни тој не верува во тоа што го збори.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Сега Русите кријат дека се во војна. Како ли само влијае недостатокот на сиви клетки во главата.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Сега Русите кријат дека се во војна. Како ли само влијае недостатокот на сиви клетки во главата.
Дали Путин објави војна деновиве или сум ја пропуштил таа вест?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Финскиот претседател и премиерка пред малку одржаа пресконференција каде официјално објавија дека ќе аплицираат за членство во Нато, а целта им е најбрзо што е можно да постанат членка, ќе аплицираат веќе оваа недела.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Финскиот претседател и премиерка пред малку одржаа пресконференција каде официјално објавија дека ќе аплицираат за членство во Нато, а целта им е најбрзо што е можно да постанат членка.
Ајде па и на ваша глава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431

Изненадување :D
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.468
Поени од реакции
24.699
offtopic malce, ama da bidime nacisto :D
kaj "nas" u Svedska toplata voda e od lokalna biomass i otpad, nema vrska ni so ruski gas, ni so restrikciite kaj svabite, da ne se meshame :ROFLMAO:
padna malku kupovna mokj so poskapuvanjava, ama za redovno tusiranje nema problem hhh
vie ste go engezite "demek" u EU. dur ne pocnete da koristite evra imate kolku tolku ekonomska kontrola plus ako na nekoko "dade" norveska sigurno prvo na vas. neka mu ja mislat drugite, sie se nadevaat na norvezanite i afrika koja kaj i da e ke pocne ko irak na vremeto oil for food da nudi... mame mu ebaa na svetot bas tie sto najmalku steta ke osetat...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Постои една комплицирана ситуација за која пишував во еден претходен пост. Ако Русија набрзина направи референдуми во Донбас и Херсон, може веднаш да ги припои кон Русија, со што тие за нив официјално ќе станат дел од Русија. Потоа секој обид за контраофанзива од страна на Украинците можат слободно да си го толкуваат како агресија кон Русија, па од Киев и Лвов да остана само нуклеарни печурки.

Инаку, не гледам ситуација каде Русите се враќаат во границите од пред војната. Во случај да почнат да губат во конвенционална војна, веројатно ќе посегнат по оружја што не се нуклерани, но се забранети за употреба, фосфорни бомби, термобаричко оружје па дури и хемиско. Русите од Донбас и Херсон повеќе не излегуваат, а за Крим мислам дека воошто не вреди да се дискутира.
Веќе има агресивни акти кон дефакто Руска територија во Белогородската област. Тоа е меѓународно признаена Руска територија. Имаше не само воздушни и ракетни напади, туку и копнени трупи. Реално и тоа можат да го користат како правен изговор. Bottom line, ако дојде време да се употреби ќе најдат изговор, дури немора да биде и валиден.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
18% ke bide i vo EU. Kamatnite stapki ke se vratat na 9.5% kolku sto i bea pred vojnata, toa e poentata. Status kvo. Finansiskiot sistem si funkcionira i se podobruva. Sto tocno e u koma? Toa sto nemoze da koristat swift? lol Kako kreirale vestacka pobaruvacka? Ostaj prikaznite na zapadot, ima ili nema potreba od ruski energensi? Ako ima, i ako vo idnina za toa se plaka u rublji togas ne e vestacka pobaruvacka nego realna. Eve igor u ger moze nema potreba od rublji ali ako saka da se gree zimava ke mora negoviot snabduvac da si najde rublji na eden ili drug nacin. Gasot ke mora da se plati. Devizni rezervi imaat na pretek, dovolno da gi vratat kreditite, sekako tie ke bidat koristeni samo za kamati, eve sto vika cicko google...

According to the Bank of Russia's estimate, external debt of the Russian Federation as of March 31, 2022 totaled $453.5 billion, having decreased by $26.5 billion, or by 5.5%, since the beginning of the year.

The $284 billion or more in frozen assets is nearly half of the $585 billion that Russia had stockpiled as of June 2021, the latest that data was available on where the bank stores its money. According to data from the CIA, most countries have less than $5 billion stored in foreign exchange reserves...

Dodaj na toa deka u momenotov trguvaat so 80% od svetot taka da nema da e problem.

Inace u pravo si. Seriozen efekt od sankciite ke se vidi na zima. Samo toa ke bide za drugata strana.
Во ЕУ и САД ќе биде околу 10-12% годишно, Русија веројатно над 20%. Цел свет ќе има проблем со инфлација, премногу инфлаторни шокови се собраа во краток временски период. Ама западните држави имаат простор за маневар, зошто имаат многу ниски реф. каматни стапки, некои и во негативна територија. Плус, сите имаат проблем со висок јавен и приватен долг, па ќе толерираат висока инфлација некој период, додека не стане закана за стабилноста на финансискиот сектор и не се префрли на политичка територија.
Во кома е зошто не функционира во пазарни услови, па немаш реален pricing на ништо. Тоа е ради мерките за заштита на вредноста на рубљата. Извозниците се должни 80% од девизните средства да ги претвораат во рубљи, на руски резиденти не им е дозволено да купуваат долари и евра, странци не смеат да продаваат на берза, плус интервенција со девизни резерви. Тогаш почна да ги враќа рубљата загубите, после дојде и наредбата за плаќање во рубљи за руски енергенси. Тоа се времени мерки, не може да траат неограничено, зошто прават штети на долг рок во финансиски сектор, кои после се префрлаат во реален сектор. И се мерки со кои се создава вештачка побарувачка. На рубљата не и се одредува вредноста на отворен девизен пазар.
Контроли на капитал, должнички инструменти со junk статус, прохибитивно високи трошоци за позајмување, висока инфлација, со тек на време намалена вработеност и аутпут....., something' s gonna give.
Енергенсите ќе продолжат да се купуваат. Европјаните ќе купуваат гас сигурно, нафта можеби ќе воведат некое про-форма ембарго. Али, тоа не прави многу разлика. Поентата на санкциите не е да ја банкротираат Русија, туку да ја осакатат на долг рок и да ја извадат од игра.

За ефектите...ок. Овие дебати ги одлучува иднината, така да ќе видиме. Никој нема да помине лесно тоа е сигурно, али збориме за степени тука. Околу 10% пад на БДП, висока инфлација, огромни трошоци за позајмување и тоа пред ефектите трајно да се префрлат во реален сектор. Далеку од добро?
Русија има огромен суфицит од увоз-извоз со децении, незнам како очекуваш да се намалуваат кога купот со пари само се зголемува, или па можеби мислеш на тие замрзнатите, да тие само ќе се намалуваат оти нема нови да и замрзнуваат
Се намалуваат зошто ја штитат вредноста на рубљата преку нив. Не зборам за нормални околности, зборам за околности во кои се сега. Девизните резерви кои не им се замрзнати се претежно јуани и злато. Помали се за околу 30 милијарди од почетокот на војната.
Ова се факти, не ги измислувам јас. И гувернерката на ЦБ на Русија ги потврди. Ја немам skin in the game, немам ништо против руските олигарси или руската економија, не ми е многу гајле што ќе се случува со неа. Уствари би сакал да нема никаков негативен ефект, зошто обичниот Русин ќе го осети трошокот, не Путин и екипата.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Веќе има агресивни акти кон дефакто Руска територија во Белогородската област. Тоа е меѓународно признаена Руска територија. Имаше не само воздушни и ракетни напади, туку и копнени трупи. Реално и тоа можат да го користат како правен изговор. Bottom line, ако дојде време да се употреби ќе најдат изговор, дури немора да биде и валиден.
Зш мислиш дека им треба изговор. Ако сакаат да искористат нуклеарки, ќе ги искористат. Финтата е што користење на нуклеарки носи голема опасност кон самата држава, ако не се спремни за возвратен удар од туѓи нуклеарки.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
И се мерки со кои се создава вештачка побарувачка. На рубљата не и се одредува вредноста на отворен девизен пазар.
Па како се одредува вредноста на доларот бе? Преку отворен девизен пазар или преку вештачка побарувачка ради трговија со нафта… меѓу другото.

Цените не се резултат на берзите иако и тие учествуваат и се дел од шпекулативното оформување на цените. Заштитата на валутата од страна на централната банка или на државата сеедно, е валидна мерка за заштита на валутата, не е нешто невидено, напротив, многу честа па дури и континуирана практика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom