Во ЕУ и САД ќе биде околу 10-12% годишно, Русија веројатно над 20%. Цел свет ќе има проблем со инфлација, премногу инфлаторни шокови се собраа во краток временски период. Ама западните држави имаат простор за маневар, зошто имаат многу ниски реф. каматни стапки, некои и во негативна територија. Плус, сите имаат проблем со висок јавен и приватен долг, па ќе толерираат висока инфлација некој период, додека не стане закана за стабилноста на финансискиот сектор и не се префрли на политичка територија.
Во кома е зошто не функционира во пазарни услови, па немаш реален pricing на ништо. Тоа е ради мерките за заштита на вредноста на рубљата. Извозниците се должни 80% од девизните средства да ги претвораат во рубљи, на руски резиденти не им е дозволено да купуваат долари и евра, странци не смеат да продаваат на берза, плус интервенција со девизни резерви. Тогаш почна да ги враќа рубљата загубите, после дојде и наредбата за плаќање во рубљи за руски енергенси. Тоа се времени мерки, не може да траат неограничено, зошто прават штети на долг рок во финансиски сектор, кои после се префрлаат во реален сектор. И се мерки со кои се создава вештачка побарувачка. На рубљата не и се одредува вредноста на отворен девизен пазар.
Контроли на капитал, должнички инструменти со junk статус, прохибитивно високи трошоци за позајмување, висока инфлација, со тек на време намалена вработеност и аутпут....., something' s gonna give.
Енергенсите ќе продолжат да се купуваат. Европјаните ќе купуваат гас сигурно, нафта можеби ќе воведат некое про-форма ембарго. Али, тоа не прави многу разлика. Поентата на санкциите не е да ја банкротираат Русија, туку да ја осакатат на долг рок и да ја извадат од игра.
За ефектите...ок. Овие дебати ги одлучува иднината, така да ќе видиме. Никој нема да помине лесно тоа е сигурно, али збориме за степени тука. Околу 10% пад на БДП, висока инфлација, огромни трошоци за позајмување и тоа пред ефектите трајно да се префрлат во реален сектор. Далеку од добро?
Се намалуваат зошто ја штитат вредноста на рубљата преку нив. Не зборам за нормални околности, зборам за околности во кои се сега. Девизните резерви кои не им се замрзнати се претежно јуани и злато. Помали се за околу 30 милијарди од почетокот на војната.
Ова се факти, не ги измислувам јас. И гувернерката на ЦБ на Русија ги потврди. Ја немам skin in the game, немам ништо против руските олигарси или руската економија, не ми е многу гајле што ќе се случува со неа. Уствари би сакал да нема никаков негативен ефект, зошто обичниот Русин ќе го осети трошокот, не Путин и екипата.