Твојата приказна и твојата тага е сосема нормална и легитимна и би рекол таа е твоја вистина и не се одрекувај од тоа, се додека не постои страдање од твојот став. Секој нормален во твоја ситуација би ги мразел русите или ако е малку посвесен тогаш Путин. Арно ама светот го гледаат милијарди луѓе низ призмите на сопствените убедувања, искуства, припаѓање кон одредени групи на луѓе.
Ако го анализирам Путин и давам суд, би рекол дека не му е сеедно, и него душа го боли. Арно ама на неговиот врат се сите руси и он од таму потекнува, и земал обврска да ги штити на некој начин како колектив ако ништо друго. Во неговите калкулации русите се загрозени од одредена група на луѓе, и он решил да се одбрани. Неговата одбрана ако ја анализираме од твоја гледна точка е брутална агресија, и тоа е факт, ама твој факт. Колку луѓе постојат толку фактички ситуации постојат, тоа е една од мистериите на универзумов. Не постои апсолутна вистина или барем ние немаме контакт со таа работа.