Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
брат, население скоро и да нема у Киев, полека полека се евакуира народот. Ќе останат бандерашите само. А војска не ни мора да влегува. За тоа има град, смерч, ураган, хаубици од најразлични големини.
Па и сега масовно гаѓаат стамбени комплекси, населени квартови, болници, дали виде во видеото тој ликот снима со смартфон Т-80 како врти купола и пука директ во станот десно до него, по некоја минута исто се дешава со станот од лева страна, ако имал 9 животи 2 потрошил на снимки од гранатирање чисто цивилни објекти.
Тоа би било нешто како Дрезден, само во 2022 година. Не знам какви ќе бидат реакциите во цел свет ако се случи такво варварство. Украјинците се сепак fad victims, не се тие некакви си Јеменци кои секојдневно ги
уништува Саудискиот инцестуозен клан. Бели се, плави, делуваат ептен европски...
Ќе видиме.
Се надевам дека Кијев нема да е новиот Вуковар или Сарајево.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Настрана децата и жените, каков гамад украински е пребегнат во околните земји...веќе почнале со пиење тепање, проблеми праење на локално население, а тек допрва. Генерално украинско-руска работа, од ист кур праени затоа и ова ќе потрае повеќе.
Тоа е проблем кој допрва ќе почне, најголем дел од избеглиците бегаат накај Полска. Пољаците и Украинците како прво воопшто и не се толку пријателски настроени, зошто за време на втора светска војна комплетно етнички ги исчистиле Пољаците од Западна Украина. Ако војнава потрае уште да речеме 2-3 месеци, или Русите решат дека после Житомир ќе војуваат како они што вообичаено војуваат ( артилерија без крај) зошто локалното население и вака и така ги мрзи, има во Полска да им префрлат едно 5-6 милиони избеглици со кои Пољаците нема да имаат никаков начин да се справат и прашање на време е кога ќе почнат огромни проблеми зошто Украинците ќе станат мнозинско население во одредени региони.

Накај ма-јуни сегашниве проблеми ќе изгледаат како шега зошто може да се поклопат повеќе кризи во исто време. Избеглици, немање на струја/бензин и буквално недостаток на храна во цели региони. Ова се повеќе и повеќе изгледа дека сите решиле да одат до крај и сега прашањето станува кој ќе пукне прв.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.848
Уште на почеток како што кажав, ако не реагираше Русија се спремаше Украинска олуја, каде што фашистиве немаше да бидат ништо подобри од усташиве во третирањето на цивилите.
САД беа решени да направат војна меѓу Украина и Русија, на овој или оној начин.
Русија јасно кажа што ќе направи ако Украина не отстапи од барањата за членство во НАТО, и не почне да ги почитува Минските договори. Цели месеци собираа војска на граница, за да покажат дека се озбилни во барањата. САД упорно кажуваше дека Русија ќе нападне, затоа што самите тие ги буткаа работите натаму.

Сето ова е демонстрација на Волфовиц доктрината.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Не сум сигурен до таа мера да се кладам, се сомневам дека би презеле таков чекор, само се надевам разумот да надвладее. Не верувам нит дека ќе капитулира Украјина, навистина не очекував толку организиран и ефективен отпор.
Ако тргнат по пат на геноцидирање на Украјинците ќе видиме што ќе се случува. И онака ја изгубија Украјина за век и веков, она што видов коа бев таму ме шокира, омразата кон русите, нешто како срби вс.хрвати од 90-ти...освен физичко освајање и припојување кон РФ која би била друга опција за да ја натераат Украјина да биде повторно нивни сателит како 1992-2014?
Мање битно шо ќе мислат овие Украинци шо ќе останат западно, битно ќе си заштири источно. Но не заборавај геополитички Русија покажа сила и дека има праг на толеранција. Со оваа војна многу гнасни работи им излегуваат на површина на западот кај своето население и откако ова ќе се стиша ќе имаат сериозен проблем да буткаат влади ко у Ирак, Либија, светот веќе не им верува а сега тука е источен блок да се умеша. Ова се почна со Сирија кога Путин им кажа Не.Западот сега еготрипува и не може да прифати таква ситуација.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Никој точно не знае да каже каков е планот на Путин, што е неговиот end game. Слушав неколку воени експерти, и тие не се сигурни како ова би завршило. Најверојатна опција е припојување на Крим кон Русија (односно признавање како Руска територија), припојување или во најдобар случај за Украинците автономија за Донбас, тотално разоружување на Украина до ниво војската да им ја остават со пиштоли и паповки, и гаранции во уставот на Украина дека засекогаш ќе остане неутрална.

Ова е подобрата варијанта за Украина, полошата е Русите да ја скршат Украина на две, на источен и западен дел, да го припојат источниот кон Русија, а западниот дел да го држат на нишан и под закана дека не смее да влезе во НАТО.

Како и да се свртиш, политиката на Украина во последната деценија ќе испадне погубна по нив.
Кој со нацисти тикви сади, криви ќе му никнат. Поготово ако се погодил блиску до Русија и ако се дрзнал етнички да чисти Руско население од својата територија.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Никој точно не знае да каже каков е планот на Путин, што е неговиот end game. Слушав неколку воени експерти, и тие не се сигурни како ова би завршило. Најверојатна опција е припојување на Крим кон Русија (односно признавање како Руска територија), припојување или во најдобар случај за Украинците автономија за Донбас, тотално разоружување на Украина до ниво војската да им ја остават со пиштоли и паповки, и гаранции во уставот на Украина дека засекогаш ќе остане неутрална.

Ова е подобрата варијанта за Украина, полошата е Русите да ја скршат Украина на две, на источен и западен дел, да го припојат источниот кон Русија, а западниот дел да го држат на нишан и под закана дека не смее да влезе во НАТО.

Како и да се свртиш, политиката на Украина во последната деценија ќе испадне погубна по нив.
Мене ме загрижува помислата дека Путин нема енд гејм, дека очекувал Украјинците да се предадат како данците на 9.април 1940, да гувеат како кога русите им го зедоа Крим скоро без испукан метак, има моменти на сериозна делузија тука, не сфаќам никако зошто напад во Февруари еј....на сред зима на -30 степени а за две три недели ќе стигне и распутицата која што ќе ги натера русите да употребуваат исклучиво постоечка патна инфраструктура, пред некој ден имаше bottlejob со 40км колона која Украјинци ја гаѓаа со дронови.
Очигледно Планот А не му успеа, сега дали има План Б останува да видиме.
Можеа фино лепо да нападнат во Мај, чиста работа идеални услови.

Генерално од 2014 и двете страни релативно ОК се однасуваат кон воените заробеници (освен Азовците нели) а гледам Русите во освоените градови се прилично толерантни кон локалното население. За сега.

Така што се надевам дека нема да се закрват уште повеќе.
Тоа ќе трае се додека не започнат да ракетираат се и сешто, да се надеваме дека нема да дојде до тоа.



Наводниот наследник на култниот Су-25, новиот Су-34 засега е модел со најмногу изгубени авиони кај русите.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Тоа е проблем кој допрва ќе почне, најголем дел од избеглиците бегаат накај Полска. Пољаците и Украинците како прво воопшто и не се толку пријателски настроени, зошто за време на втора светска војна комплетно етнички ги исчистиле Пољаците од Западна Украина. Ако војнава потрае уште да речеме 2-3 месеци, или Русите решат дека после Житомир ќе војуваат како они што вообичаено војуваат ( артилерија без крај) зошто локалното население и вака и така ги мрзи, има во Полска да им префрлат едно 5-6 милиони избеглици со кои Пољаците нема да имаат никаков начин да се справат и прашање на време е кога ќе почнат огромни проблеми зошто Украинците ќе станат мнозинско население во одредени региони.

Накај ма-јуни сегашниве проблеми ќе изгледаат како шега зошто може да се поклопат повеќе кризи во исто време. Избеглици, немање на струја/бензин и буквално недостаток на храна во цели региони. Ова се повеќе и повеќе изгледа дека сите решиле да одат до крај и сега прашањето станува кој ќе пукне прв.
Никој со украинците во централна Европа не е на добра нога. За апла запад не ни зборам, таму не ни стигнале да отидат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Сликите на уништените Руски авиони и тенкови, како нацистичка пропаганда, секако дека највеќе му штетат на Украинскиот народ. Им се дава лажна надеж дека ќе ја победат оваа војна од една страна, а од друга страна прави револт и поголема решеност на другата страна...

Заедно со Зеленски, западот и апологетите на нацистите, ќе ја имаат оваа безумна подршка на Украинците во патот кон провалијата.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Па и сега масовно гаѓаат стамбени комплекси, населени квартови, болници, дали виде во видеото тој ликот снима со смартфон Т-80 како врти купола и пука директ во станот десно до него, по некоја минута исто се дешава со станот од лева страна, ако имал 9 животи 2 потрошил на снимки од гранатирање чисто цивилни објекти.
Тоа би било нешто како Дрезден, само во 2022 година. Не знам какви ќе бидат реакциите во цел свет ако се случи такво варварство. Украјинците се сепак fad victims, не се тие некакви си Јеменци кои секојдневно ги
уништува Саудискиот инцестуозен клан. Бели се, плави, делуваат ептен европски...
Ќе видиме.
Се надевам дека Кијев нема да е новиот Вуковар или Сарајево.
Дај бе веќе преку курот ги пишуваш УкраЈинците..
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.499
Никој точно не знае да каже каков е планот на Путин, што е неговиот end game. Слушав неколку воени експерти, и тие не се сигурни како ова би завршило. Најверојатна опција е припојување на Крим кон Русија (односно признавање како Руска територија), припојување или во најдобар случај за Украинците автономија за Донбас, тотално разоружување на Украина до ниво војската да им ја остават со пиштоли и паповки, и гаранции во уставот на Украина дека засекогаш ќе остане неутрална.

Ова е подобрата варијанта за Украина, полошата е Русите да ја скршат Украина на две, на источен и западен дел, да го припојат источниот кон Русија, а западниот дел да го држат на нишан и под закана дека не смее да влезе во НАТО.

Како и да се свртиш, политиката на Украина во последната деценија ќе испадне погубна по нив.
Волкава криза и војна за такви мизерни добивки нема шанси.

Одеса, Николаев, Керсон, Запорожје, Донбас и Харкив се веќе комплетно изгубени, прашање е дали и Дњепро-Петровск ќе го бараат или се позади Дњепар ( Полтава, итн ,,, ) ќе бараат.

Тоа што ќе остане од Украина најверојатно ќе биде со контролирана влада и бар 1-2 автономни области на запад за Унгарците, Словците, Рутенијците и Романците чисто за уште толку да ги ослабне. Секако и таквата намалена Украина ќе мора да се приклучи на Сојузната Држава заедно со Русија и Белорусија.

Донбас и некакви гаранции може да беа доволно пред да почне војната, сега ако таков договор потпише Путин откако ситуацијата е ескалирана до оваа мера најверојатно ќе има немири по Русија ако не е и пад на власта.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Волкава криза и војна за такви мизерни добивки нема шанси.

Одеса, Николаев, Керсон, Запорожје, Донбас и Харкив се веќе комплетно изгубени, прашање е дали и Дњепро-Петровск ќе го бараат или се позади Дњерпар ( Полтава, итн ,,, ) ќе бараат.

Тоа што ќе остане од Украина најверојатно ќе биде со контролирана влада и бар 1-2 автономни области на запад за Унгарците, Словците, Рутенијците и Романците чисто за уште толку да ги ослабне. Секако и таквата намалена Украина ќе мора да се приклучи на Сојузната Држава заедно со Русија и Белорусија.

Донбас и некакви гаранции може да беа доволно пред да почне војната, сега ако таков договор потпише Путин откако ситуацијата е ескалирана до оваа мера најверојатно ќе има немири по Русија ако не е и пад на власта.
Не верувам во ова, затоа што е тоа огромна територија која де факто треба да ја држиш под окупација. Тоа е непродуктивно и многу скапо. За вакво нешто треба да ја исчистиш Украина од Украинците, и да населиш Руси таму, што нема да се случи.
Автоматски споено мислење:

Сликите на уништените Руски авиони и тенкови, како нацистичка пропаганда, секако дека највеќе му штетат на Украинскиот народ. Им се дава лажна надеж дека ќе ја победат оваа војна од една страна, а од друга страна прави револт и поголема решеност на другата страна...

Заедно со Зеленски, западот и апологетите на нацистите, ќе ја имаат оваа безумна подршка на Украинците во патот кон провалијата.
Зеленски е најголмата пречка за прекинување на војната моментално. Не знам дали е delusional или му се ветени милијарди, но дефинитвно ја води Украина кон страшен крај.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Дај бе веќе преку курот ги пишуваш УкраЈинците..
1.Оди на Гугл транслејт
2.Напиши на прво поле Инглиш Ukraine
3.Одбери украјински во второ поле ќе добиеш ова :
Україна
Ukrayina
4.стисни звучничето долу кај изговорот на УкраЈински.
5.Извини се (ова не мора али ај) :angel:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom