Поентата ми е не треба да се пљука по вакви 2д платформи поедноставни а интересни и добро направени игри (Лимбо ја оценија 9/10), пошто не се доволно застапени денеска. Лимбо, Лост Ин Шадоу, Донки Конг Каунтри последнава...најновиве Рејмен и Кирби изгледат интересно...
2д платформери има еден куп. Имало многу, па едно време немало, па со пробивањето на флеш и инди сцената пак се накотија ко зајаци... или ко глувци. Тоа е затоа што од техничка старана не се тешки за изработка. Ама самиот концепт не е многу отворен, нема многу место за поента преку гејмплеј, па почнаа да играат на карта варијација во (споредна) содржина (слика, звук, скриптирана приказна, непријатели) и... има мал хаос на сцената со 2д платформери, скоро колку што има меѓу пукачките игри.
И во Лимбо никако не гледам што ја дели од останатите, од класичен платформинг. Има неколку, еве Braid што имаат манипулација со времето и тоа како да додава екстра димензија а со тоа и повеќе слобода. Или еве VVVVVV има менување на гравитација - сличен ефект.
Лимбо... само одиш надесно. Без да знаеш ни зошто одиш натаму.
...а тоа е? VR?
Ни треба разновиден/поголем избор. Квалитетни/уникатни игри од различни жанрови.
Ни требаат нови жанрови. Ни треба игри со просторно-игриви метафори, со интерактивно раскажување (целосно нескриптирано дејствие) и за еден и за повеќе играчи, друштверни игри кои вистински се дружтвени и кои имаат нарација со смила во која секој играч подеднакво може да учествува, игри кои екплоатираат гео-позиционирање итн.