Препораки за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки дајте некоја игра со авта(ко НФС) али сакам да има реално возење, и некои броусер стратегии кај си градиш гратче.
Intel Dual Core 2.5 Ghz
2 GB Ram
GeForce 9500 GT 512 MB
Windows 7 Home Premium
Исто и за мене,за иста конфигурација,само ЏиФорсот 1 Гб.
 
Мислиш дека F1 '10,Dirt2/3 ќе се играат?
Се играат и со многу послаби конфигурации.Јас имам слична конфигурација (малце послаб процесор 2.2 и 9600 GT) и DIRT 3 ја играм на најјаки сетинзи на 1024х768 со просечен фрејм рејт одприлика 35-40.
 
Јас си мислев за Дрт,треба да имаш звер пц,според тоа што го видов на Јутјуб
 
Опасна е Dirt 3 ...моментално ја плешам онлине пошо само шо земав ATI картица и ја даваат оргиналот бесплатно :cool:
 
Лимбо не е некоја скапа игра (10 евра), а понатаму на некој попуст ќе биде уште поефтина.
Играта е 2D во црно-бела варијанта и чини 10 евра.
Half-Life 2 е 3D во боја и е најдобрата игра на сите времиња и чини 7 евра.

Не викам дека не е добра играта, од видеата што ги гледав ми изгледа на интересна. Ама па од друга страна чини 10 евра, а за наши стандарди тоа е премногу. Да беше до кај 5 евра макс, ај да размислиш... Ама 10 евра не би дал за неа.

Значи, ќе чекаме попуст. (т.е. некои ќе чекаат. повеќето ќе си ја симнат од торент)
 
umad

Инаку види Халф Лајф 2 на датумот на излегување чинење 50 евра. Ако добро се сеќавам ја имаше на retail во 3 варијанти, нешто како златна, сребрена, бронзена (со небитни додатоци како постери, саундтрак, маичка и сл) кои беа и поскапи. :P

Не викам дека не е добра играта, од видеата што ги гледав ми изгледа на интересна. Ама па од друга страна чини 10 евра, а за наши стандарди тоа е премногу. Да беше до кај 5 евра макс, ај да размислиш... Ама 10 евра не би дал за неа.

Значи, ќе чекаме попуст. (т.е. некои ќе чекаат. повеќето ќе си ја симнат од торент)
Еве 10 евра се скапи за нашиот стандард, и јас истото го велам. Ама пак со не баш долго чекање од некој месеци ќе ја начекаме на попуст сигурно, а во меѓувреме има илијадници други игри. Па дури и да ја најдам пиратска нема да се фалам по форуми еј ја симнав од торент ниту да прашувам дали воопшто ја има. Не дека е тешко да се провери дали ја има, потребни е притискање на 6 копчиња.
--- надополнето: Aug 5, 2011 5:29 AM ---
А вака коментар за Лимбо на неиграно.
Веројатно 102,3% линеарно и класично puzzle-платформерче не ни треба.
И веројатно без некоја си поента оти преку такво класично платформерче нема многу простор за тоа.
 
Некој да ми каже некоја игра долга онака 3рд персон ко Аssassins Creed 2..

и некоја понова РПГ игра :)
 
Еве 10 евра се скапи за нашиот стандард, и јас истото го велам. Ама пак со не баш долго чекање од некој месеци ќе ја начекаме на попуст сигурно, а во меѓувреме има илијадници други игри. Па дури и да ја најдам пиратска нема да се фалам по форуми еј ја симнав од торент ниту да прашувам дали воопшто ја има. Не дека е тешко да се провери дали ја има, потребни е притискање на 6 копчиња.

Пaк почињаш, ама со пират на кого му сметаат пирати, нема зашто да се расправам.

А вака коментар за Лимбо на неиграно.
Веројатно 102,3% линеарно и класично puzzle-платформерче не ни треба.
И веројатно без некоја си поента оти преку такво класично платформерче нема многу простор за тоа.

На неиграно виде дека нема поента. Браво. И какви игри ни требаат ако вакви со интересен концепт, атмосфера, не? Генерички ФПС ?, нешто што си го прошол 100 пати. (ех, кога ќе се појави пак некој ХЛ 2 / Бајошок 1...)
 
и некоја понова РПГ игра :)

Пробај ја Fable III, неодамна излезе за ПЦ, одлична игра со феноменална атмосфера и одличен саркастичен хумор.
 
Некој да ми каже некоја игра долга онака 3рд персон ко Аssassins Creed 2..

и некоја понова РПГ игра :)

The Witcher 2 (и првиот дел, ако го немаш играно до сега). Исто и Mass Effect 1 и 2.
Пробај ја Fable III, неодамна излезе за ПЦ, одлична игра со феноменална атмосфера и одличен саркастичен хумор.
Ти си можда првиот на кого му се допаднала Fable 3 :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom