Ова ме интересираше баш, дали може путери да се прават од него. По нетов обично викаат се прави само потешко малце зашто намената не му е за тоа. Како ти иде тебе правењето путер, дали го оптеретува многу Нутрибулетот или внимателно со доста паузи го правиш путерот, пушти некој совет да видиме. И путер од бадеми имам желба да правам.
Е сега се мислам помеѓу Нутрибулет и еден блендер од Горење што е во исти фазон ко булетот. Нутрибулетот од 600w моќност е 5000 денари, оној од 900w е 6000 денари, а овој од Горење блендерот е 4600 денари со 1000w моќност. Делува доста исплатлив ако некој го има користено да пише искуства. Инаку од Горење блендерот има две години гаранција, а Нутрибулетот не знам колку даваат гаранција.
Линк за блендерот од Горење