Го земав Нутрибулетот сосема за истата работа, мелење на семенки: лешници, бадеми, ореви, сончоглед итн. По подолго читање и проверка на цена - перформанси (како да купувам дел за ПЦ
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
) се одлучив за него и не згрешив. Меле одлично и тврди лешници како и се друго што пробав.
Мана му е што има допир со пластика (преферирам стакло) но за брзо мелење и не врели течности нема проблем.
Во суштина замисли мотор на Ферари во школка на Дакиа, добро може не баш Ферари ама моторот е стварно топ и не загрева со обично користење.
При купување ќе имаш опција за мала доплата 600 ден да купиш додатна сецкалка за мелење семки. Јас не ја купив и мелам се со основната и топ е. Веројатно подобро е да се има и таа другата па ако ја земеш пиши впечатоци.
Има и некои други финеси што се учат при секојдневно користење ама за тоа потоа.
Во секој случај една од мои најдобри купувања, се испадна како што очекував
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.