Препорака за велосипед

Член од
18 септември 2014
Мислења
828
Поени од реакции
747
Здраво што мислите за велосипедов дали вреди за парите
Не вреди ! Турнеј е најниската класа на опрема што постои. Освен кинеските но-нејм делови.
Имат пишано Шимано Турни 8 брзини БРЗ
Брз е битно, затоа е 30 000. Не му крши филм :D
Брз нема што. Овие Скот живеат во облаци со цениве. Нешо како Lenovo на славата на IBM. На велосипедов, само рамката е Скот. Другово е ѓубре собрано од контејнер во Кина. :D
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.008
Поени од реакции
5.876
Не вреди ! Турнеј е најниската класа на опрема што постои. Освен кинеските но-нејм делови.

Брз нема што. Овие Скот живеат во облаци со цениве. Нешо како Lenovo на славата на IBM. На велосипедов, само рамката е Скот. Другово е ѓубре собрано од контејнер во Кина. :D
Реално со таква опрема ќе земам Trinx и ќе го платам упола цена него Scott.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Здраво што мислите за велосипедов дали вреди за парите
Pitch Sport 27.5'' (Пич Спорт 2020 на Спешалајз), пред нешто можда од месец дена го видов во Про Спорт, не ме држи за цена мислам дек беше 30-32 (иљдарки).
Имаше и жолт. pich27.jpg
Геометрија на рамот каде каде подобра него ли оваја на Скот, тркала и главини одлични (исто далеку подобри него ли Скот), гуми Граунд Контрол 2.3 инчи супер, виљушка подобра (да не се мамиме ХЦТ не е кизнајт каква, но во овај случај со РХ Тјун од спешалајз подобра него ли ХЦЕ28), Шимано хидраучика сосема задоволително, Алтус/Ацера комбинација (постара верзија пак класа над Турнеј)... За 34 имаше Рокхопер, ама не ни заприметив шо спецификации имаше. Во секој случај Скотот не.
Ако возиш само асфалт, тогаш барај хибрид за тие пари се најдвит.
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
828
Поени од реакции
747
Реално со таква опрема ќе земам Trinx и ќе го платам упола цена него Scott.
Согласен. 70% од велосипедот го прават компонентите, а 30% рамката. trinxx има одличен баланс за компоненти и цена. За рамката не коментирам!
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.008
Поени од реакции
5.876
Согласен. 70% од велосипедот го прават компонентите, а 30% рамката. trinxx има одличен баланс за компоненти и цена. За рамката не коментирам!
Најголемиот марифет е во варењето за на крај да биде рамката геометриски како што треба.Повеќето рамки што сум ги гледал во нискава класа на велосипеди не се заварени баш прецизно а тоа се гледа по тркалата кои наместо да бидат точно едно позади друго предното е избегано или лево или десно во однос на задното. Најизненаден бев кога видов нов Cube 29 со ниска средна класа каде предното тркало беше избегано лево за некои 2цм од местото каде што треба да биде.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.008
Поени од реакции
5.876
И јас и Гард го имаме истиот само со 29ка гуми. Тој има бајги рути направено со него, презадоволен е. Јас 10 дена го имам и само 3-4 пати го возев, ама ептен сум задоволен од возењата.
Единствена измена на овој модел би направил кога треба да се смени касета и наместо 7ца би ставил 8ца до 34 запци за да можат полесно да се искачуваат угорници до 20%.Не треба да се менуваат шифтерите бидејки би почнувало менувањето од втор запчаник по големина до последен а најмалиот не би имал потреба да го користам.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.074
Поени од реакции
7.161

Ќе има туркање за над 20%, во случај горнината да е со поголемо растојание. За пократки горнини (до 100-300 метра), се преживува напорот :D
Општо поголемото растојание од возење горнини над 15% е многу заморно. И со многу повеќе запци претставува проблем. Главниот фактор би рекол дека е возачот дали ќе издржи до крај.
 
Грешка си.Што повеќе запци има најголемиот запчаник на касетата толку помал е отпорот на педалите и полесно се движиш нагоре но со помала брзина.Инаку над 15% поголемо растојание има према Седларево и кога се искачува Старо село накај Љуботен.Точно е дека возачот е главниот фактор но е многу битен фактор таа фамозна касета доколку турата ти е над 200км,елевацијата над 3000 и носиш терет.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.680
Грешка си.Што повеќе запци има најголемиот запчаник на касетата толку помал е отпорот на педалите и полесно се движиш нагоре но со помала брзина.Инаку над 15% поголемо растојание има према Седларево и кога се искачува Старо село накај Љуботен.Точно е дека возачот е главниот фактор но е многу битен фактор таа фамозна касета доколку турата ти е над 200км,елевацијата над 3000 и носиш терет.
Свака част на тие што ги качуваат Седларево и Љуботен.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.008
Поени од реакции
5.876
Свака част на тие што ги качуваат Седларево и Љуботен.
Друже 2018 месец септември со МТБ 29 со 10кг терет за нешто испод 21 саат со вклучени паузи заедно со уште двајца бајкери ги поминавме 4 врва - Попова Шапка,Седларево,Скопска Црна Гора до таблата кај Рамно и Крстот Водно,вкупно 230км и 4700 метри искачување мерено од центар.Пред нас само двајца познати роудаши што учествувале на трки ја поминале оваа тура но за да се испофалат пред останатите за времето што ја поминале постојано форсирале па потоа правеле подолги паузи а стравата ја исклучувале па на крај го прикажувало само времето на ефективното возење но не и вклучените паузи.После нив многу роудаши наседнале на таа финта и за да ги стигнат уште на почеток запнувале но кај Попова шапка како втор дел од качувањето се откажувале па неколку години никој не се осудувал да ја вози.Ние направивме вкупно само 3 саати пауза за цело возење бидејки не форсиравме во ниеден момент и турата успешно се заврши.После нас мислам дека една девојка со истиов начин ја помина целата тура па после уште тројца други роудаши.
 
Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.524
Поени од реакции
5.516
Свака част на тие што ги качуваат Седларево и Љуботен.
Гургурница преку Стенче мислим дека е врвот! Каде каде потешко од Седларево и Љуботен.

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
244
Поени од реакции
347
Друже 2018 месец септември со МТБ 29 со 10кг терет за нешто испод 21 саат со вклучени паузи заедно со уште двајца бајкери ги поминавме 4 врва - Попова Шапка,Седларево,Скопска Црна Гора до таблата кај Рамно и Крстот Водно,вкупно 230км и 4700 метри искачување мерено од центар.Пред нас само двајца познати роудаши што учествувале на трки ја поминале оваа тура но за да се испофалат пред останатите за времето што ја поминале постојано форсирале па потоа правеле подолги паузи а стравата ја исклучувале па на крај го прикажувало само времето на ефективното возење но не и вклучените паузи.После нив многу роудаши наседнале на таа финта и за да ги стигнат уште на почеток запнувале но кај Попова шапка како втор дел од качувањето се откажувале па неколку години никој не се осудувал да ја вози.Ние направивме вкупно само 3 саати пауза за цело возење бидејки не форсиравме во ниеден момент и турата успешно се заврши.После нас мислам дека една девојка со истиов начин ја помина целата тура па после уште тројца други роудаши.
Можеш да пуштиш линк од вожњата на страва, твојата или на роудашите?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom